Отворен брак

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 3 август 2018.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.163
    Пол:
    Женски

    Административни, бирократски олеснувања, погоре беше напишано. Затоа брак.

    И не е ова искористување на партнерот, туку добивање привилегии кои би ги немале ако не се венчани. И луѓе кои не се во отворена врска/брак, стапуваат во брак од практични причини иако потписот во матично ништо не им менува.

    И можно е да се сакаат тие двајца иако повремено имаат секс со други. Подобро отворени карти, отколку играње игрици зад грб.
     
    На BlackAndWhiteSwan, boo3 и Acronia им се допаѓа ова.
  2. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    Може да ми појасниш? Дом? Значи пак е за пари, за да си решиш станбено прашање. Сметки?? Не знам кои административни олеснувања ги имаат луѓето во брак во однос на оние кои не се. Може да ми дадеш некој пример?
     
    На Idedemja, elimkd, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Интересно е како во други теми, пропагирате независност, самостојност, а темава друго кажува...
     
    Последна измена: 10 јануари 2022
    На Idedemja, elimkd, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.491
    Пол:
    Женски
    Не пропагирам ништо.
    Мој став е дека бракот е непрактичен, но може да разберам од кои егзистенцијални и правно објективни причини луѓе стапуваат во истиот.
    Јас сум веќе само одржлива и независна, со стан, работа, све, во млади години.
    За другите не знам и не ме интересира.
    Ако можам ќе помогнам, ако не се тргам на страна.
    Едноставно е.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.136
    Пол:
    Женски
    Што сакаш да кажеш? Зашто не ја наоѓам поврзаноста. :?:
    Ако е од корист бракот, двајцата ја имаат.
     
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.420
    Допаѓања:
    22.040
    Пол:
    Машки

    Како на пример Вил Смит и жената му! xD
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.163
    Пол:
    Женски
    Ако твојот soulmate, еве така да кажам, имал десет или повеќе партнерки во потрага по идеалната, пак ли нема да го прифатиш? Се запознаваш со човек со кој од прва "кликнувате", сѐ е супер, од ден на ден сѐ подобро ви е, и ти решаваш да го откачиш или не му даваш шанса воопшто само заради тоа што не ти одговара бројката бивши. Би го направила тоа? Јас не, ич не ме тангира колку ги имал пред мене, оти и јас имам минато. Битно ми е да ми одговара човекот со кој што спијам, а не со колку спиел пред мене. Ако имал десет или повеќе партнерки претходно, тоа не значи дека е емоционално незрел, нестабилен и неспособен за долга врска, едноставно не му се погодиле партнерките и не сакал да остане со било која колку да не е сам.

    Здравствено осигурување преку партнерот, право на меѓусебно наследување, право на остварување на фамилијарна пензија, носење одлуки во име на партнерот ако е потребно...
     
    На Mikha4, Касија и boo3 им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Веќе кажав:

    Брак, за да ја крунисаме нашата љубов.

    Вие зошто сте во брак?
     
    На BlackAndWhiteSwan, Mikha4 и Sucubus им се допаѓа ова.
  9. Sucubus

    Sucubus Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2021
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    За се што набројуваа погоре :wasntme:
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.015
    Најпрво им посакувам редовен и добар секс со тој што го венчале...
    Да се чувствува секси, посакувана и задоволена.
    После, кој како наумил нека тера. Ако со мажот се сексаш еднаш на икс месеци и дремеш на каучот секоја вечер... џабе е и втор и трет.
     
    На Biljarkata, Idedemja, LiliBoz и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Секој кој сака и може да стапи во брак, ќе стапи од нивни лични причини, се прашуваат и се договараат само двете засегнати страни, а не нечија перспектива или туѓа дефиниција за брак. Бракот е заедницата која двајца (во некои држави и повеќе) луѓе ќе си ја изградат по свој вкус, потреба и интерес.

    Интересно е што имате преференци, услови и критериуми за идните партнери, меѓу нив и бројот на минати сексуални партнери. Убаво е да се разговара и да си начисто со сѐ што би ве засегало во некоја наредна идилична врска, НО според мене голема грешка е инсистирање на копање по минатото, дури и под претпоставка дека се би си кажале, дека информациите кои ќе ги добиете би биле точни, што е нешто што никогаш нема да бидете сигурни дали е вистина, и обратно, вашиот партнер никогаш нема да знае дали вие вистински ќе му кажете. Потоа се покренува прашањето, што со тие работи кои ќе ги дознаете? Ќе бидете задоволни со довербата која ви е дадена или ќе ве копка што било, како било и дали би се повторувало во иднина. Ќе се помирите или бројката нема да ви се допадне? Може и на партнерот нема да му се допадне вашата бројка. Отварате пандорина кутија и сами се саботирате. Може врската да има огромен потенцијал, да сте ја пронашле сродната душа, ама штета што во минатото имале повеќе секс отколку што ви се допаѓа.
    Имањето шанси за заразување со половни болести и бактерии се поголеми доколку вашиот партнер имал само една врска/партнерка и не користеле кондоми (нели по дефолт си веруваат), отколку со некој што имал неброени авантури за една ноќ, но истиот е сексуално едуциран, користи задолжително кондоми, оди на редовни прегледи и сл. Исто така, вториот има повеќе шанси да се посвети на партнерката со која ќе биде во брак отколку првиот. Зошто? Затоа што си ги изиграл играчките, да се изразам народно :D
    , емоционално созреал, знае што сака и е спремен да се посвети на една личност и заедничкиот живот во иднина. Првиот покасно созрева, да кажеме, веќе се женил, се остварил во животот, но му фали возбудата која никогаш не ја искусил затоа што немал доволно доверба дури бил помлад за да експериментира на било кое поле.

    Друг збор овде што го сретнав и многу ме изнервира е курва, но овојпат машка. Колку што е одвратно кога е наменето кон женски, исто е одвратно и кога се користи да се омаловажи машко. СДК, дај пораснете, не сте изнад никој затоа што немате самодоверба или имате други фрустрации кои ве спречуваат да уживате со некој без да ги анализирате дали би биле добри домаќини, сопруг или сопруга.

    Заклучок: животот не е црно-бел, бракот е таков каков што ќе си го направиш по твој вкус и можности но во договор со тој кој го делиш.

    Ако го најдеш совршениот денес, не значи дека ќе биде совршен за тебе и по 10, 15 години, може да биде совршен за некоја друга особа :o

    Идеално нема никогаш да биде, и многу е важно да разберете кога ќе стапите во брак, не престанувате да бидете жени и личности со сонови и желби, односно не сте само сопруга и мајка исклучиво. Треба да има издувен вентил погоден и за двајцата во врска /бракот, дали тоа ќе биде отворен брак или нешто трето во сексуалниот живот, спортови или други хобија, за едно семејство да биде функционално и да се одржува здрава околина која ќе овозможува стабилно ментално здравје за сите во него. :*
     
    На Касија, Annath, boo3 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    За корист значи, а не од љубов.
     
    На Idedemja, elimkd, mssuniquee и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    Што подразбираш под крунисување?
     
    На TheDreamGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Круна клавање в црква.
    Многу ми е убава црквената венчавка :inlove:
     
    На boo3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    А го слушаше попот што зборува или во круната гледаше? Се заколна на вечна љубов?
     
    На Idedemja, Shia, elimkd и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Не се :lol:.

    Едвај чекам да бидат, да ги читам после неколку години.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    За тоа што ми одговара го слушам, тоа што не ми одговара не го слушам.

    Ти го слушаше попот, кога вели дека жената треба да му се потчини на мажот?
     
    На staycalm, crimson и Mikha4 им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Ти праша друга членка, ама еве пишав и претходно, дека сум имала дечко кој пред мене имал многу секс партнерки. Тој беше карактерно распаднат. За неколку состаноци „ќе кликнете“ со многу луѓе, ама ако сакаш стабилност, ја нема кај таквите луѓе. Еве го и ден денес се „кликнува“ кај стигне и се на бетер оди. Не 10, може над 50 досега да имал и замисли се бетер и бетер и никако да најде што му одговара. Јас кога почнав да дознавам за неговото минато, и го прашував, тој беше искрен за да не ме лаже, ама па што ми вреди искреност на човек кој и онака е дно. Се згрозував. И тој врти приказни си ја сакал бившата, може и денес истото го зборува, ама тие што ги знаат добро, кажуваат дека тоа било врска од интерес, тој добивал секс, а таа подароци, развезувања, финсиска поддршка. Тоа што за него била „љубов голема“, за другите однос на мутав спонзор и грда спонзоруша. Човек без манири, култура, чест, почит, внимание, нема што мене да ми даде. Кога по неколку години од раскинувањето се распрашав за него, познаничката ми вели „остај го тој, прво си убава за него, си паметна и си добра, а тој што е глупав е едно, а што е грд, плус му е“. Девојчето таква фаца направи што беше очигледно дека и се гади да коментира такви ликови.
     
    На Idedemja, deskarada и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  19. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    Да, исто како тебе.
     
  20. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Ако некој не ми одговара, не ми се погодил, нема ни да спијам со него. Истото би требало да важи и за партнерот што го бирам. Преферирам квалитет, наспроти квантитет.
    Не би знаела како да ти одговорам на прашањето. Не влагам во кревет со некој ако не дознаам се за него. Во зависност од податоците, ќе си направам пресметка дали ми се исплати љубов или не. Јајцето и кокошката ми е прашањето.
    @Angie1432 дали двајцата имаат или едниот има, не знам. Но на темава се говорат причините зошто се стапува во брак. А истовремено во други теми, се пропагира независност на жената, да може сама, се да постигне, без потреба за хартија од брачно значење. Се наметнува прашањето, лаеме по форуми само, или пак, навистина без брак не може да се функционира?!
     
    На Daniela93, Idedemja, Yowannty и 4 други им се допаѓа ова.