Охрид

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од lovely91, 2 јуни 2011.

  1. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.354
    Допаѓања:
    10.735
    Пол:
    Машки
    Дали Охрид има јавен градски превоз?
    Ме интересира дали има некаков превоз од
    Св. Стефан/Лагадин/Трпејца до Центарот на Охрид и назад во приквечерни часови за да не се пали автомобил и да се бара паркинг со оглед дека е гужва со туристи.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    2.334
    Допаѓања:
    9.525
    Пол:
    Женски
    Ние секоја година одиме во Трпејца и до сега немам видено некој автобус да вози во приквечерните часови, кога сме оделе накај центарот, сѐ е со коли. Јас мислам дека до Трпејца не ни доаѓаат воопшто.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.354
    Допаѓања:
    10.735
    Пол:
    Машки
    Поконкретно ми е за Св. Стефан, зошто реално навечер е тешко со кола да одиш до центар.. Ако може некој од Охрид конкретно да каже дали има некој превоз дали бус/чамец.
     
  4. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    9.266
    Пол:
    Женски
    Ние лани бевме во Пештани, имаше комбиња постојано, ама дали и вечерта не знам. Денски сигурно.
    Навечер за паркинг кога сме биле без детето, се паркираме позади зградите, долж кејот, по 40 денари од саат.
    Ептен во центар кај спомениците е и по 100 денари.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.964
    Допаѓања:
    7.202
    Пол:
    Женски
    Има превоз со комбе/автобус редовна линија до Пештани така да тука успат е и Св.Стефан,сега во сезона сигурно последниот од Охрид за натака е 22:30
     
    На Alex.T, BI-44 и quattro им се допаѓа ова.
  6. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    709
    Треба да има „градски“ авотбус што вози по патот накај плажите. Мислам дека дури и до Градиште вози, ама ете онлајн ништо не можам да најдам. Ах леле колку ми фалат комбињата што возеа - права ствар беа за накај плажа.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.354
    Допаѓања:
    10.735
    Пол:
    Машки
    Кој се тие автобуси/комбиња дали знаеш како се викаат превозниците или имаш некаков линк од веб страна/сајт со информации?

    Исто и јас не можам да најдам. Ако има некој некаков линк или тел. број од превозници нека пише. А дали може да се добија инфо и од автобуската во Охрид тие да знаат поточно дали има, кои се и како возат?
     
  8. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.964
    Допаѓања:
    7.202
    Пол:
    Женски
    Галеб и Класик компани ја возат таа релација,можеш онлајн да провериш возен ред,обично е на секој пола саат
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    19.132
    Пол:
    Женски
    Сега е 50 денари/час
     
    На Aschenputtel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. nadelinka

    nadelinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    709
    Само ова го најдов - ако се снајдеш сподели :)
     

    Прикачени фајлови:

    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  11. L.i.n.a.a

    L.i.n.a.a Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    3.736
    Пол:
    Женски
    Има, до св. Наум одат.
    Мислам дека последното комбе за св.Наум беше во 18:30 од Охрид, а до Трпејца во 20:30 од Охрид. ( Во 20:30 не знам дали го има во викенди).
    До св.Стефан и Лагадин има повеќе што возат
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    1.907
    Пол:
    Женски
    Дали има некое место покрај езеро да можиш да си седниш како за пикник, интимно, да нема 100 луѓе како на плажа?
     
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    19.132
    Пол:
    Женски
    За викенд тешко. Во тек на работна недела - да. Седнуваш во кола и бараш, нема гаранција каде ке наидеш на такво местенце.