Дали Охрид има јавен градски превоз? Ме интересира дали има некаков превоз од Св. Стефан/Лагадин/Трпејца до Центарот на Охрид и назад во приквечерни часови за да не се пали автомобил и да се бара паркинг со оглед дека е гужва со туристи.
Ние секоја година одиме во Трпејца и до сега немам видено некој автобус да вози во приквечерните часови, кога сме оделе накај центарот, сѐ е со коли. Јас мислам дека до Трпејца не ни доаѓаат воопшто.
Поконкретно ми е за Св. Стефан, зошто реално навечер е тешко со кола да одиш до центар.. Ако може некој од Охрид конкретно да каже дали има некој превоз дали бус/чамец.
Ние лани бевме во Пештани, имаше комбиња постојано, ама дали и вечерта не знам. Денски сигурно. Навечер за паркинг кога сме биле без детето, се паркираме позади зградите, долж кејот, по 40 денари од саат. Ептен во центар кај спомениците е и по 100 денари.
Има превоз со комбе/автобус редовна линија до Пештани така да тука успат е и Св.Стефан,сега во сезона сигурно последниот од Охрид за натака е 22:30
Треба да има „градски“ авотбус што вози по патот накај плажите. Мислам дека дури и до Градиште вози, ама ете онлајн ништо не можам да најдам. Ах леле колку ми фалат комбињата што возеа - права ствар беа за накај плажа.
Кој се тие автобуси/комбиња дали знаеш како се викаат превозниците или имаш некаков линк од веб страна/сајт со информации? Исто и јас не можам да најдам. Ако има некој некаков линк или тел. број од превозници нека пише. А дали може да се добија инфо и од автобуската во Охрид тие да знаат поточно дали има, кои се и како возат?
Галеб и Класик компани ја возат таа релација,можеш онлајн да провериш возен ред,обично е на секој пола саат
Има, до св. Наум одат. Мислам дека последното комбе за св.Наум беше во 18:30 од Охрид, а до Трпејца во 20:30 од Охрид. ( Во 20:30 не знам дали го има во викенди). До св.Стефан и Лагадин има повеќе што возат
Дали има некое место покрај езеро да можиш да си седниш како за пикник, интимно, да нема 100 луѓе како на плажа?
За викенд тешко. Во тек на работна недела - да. Седнуваш во кола и бараш, нема гаранција каде ке наидеш на такво местенце.
Имало линии, моментално сум таму и возат од Охрид-Пештани и обратно на секој 40 минути од прилика, цената е 50 денари во еден правец. Последните од Охрид за Славија, Св. Стефан, Пештани е 22:10 и 22:30 часот од Вива Фарм аптекара после кружниот кај центарот . Возат Галеб и Димакс Травел. Јас си ја оставив колата во хотел и до центар со овие одам.
Како се цените на плажите за лежалка на пример, која плажа би ја препорачал, Свети Стефан сум слушнала дека е песочна а еве какви се Куба Либре или Немо шознам.. многу одамна сум била и не паметам веќе.. (не возам така да паркинзи не ме интересира). За два дена поаѓаме па чисто информативно, ако не ти е тешко
Св. Стефан е со камчиња плажата, Лагадин исто и Гранит. Останатите не знам точно. Јас бев на Св. Стефан и убава беше плажата, водата беше чиста како солза. Лежалките се движеа 200-250 денари а толку се и на другите плажи сигурно.
Немо не постои одамна. Сега тој дел е без лежалки. Лево (ако гледаш кон езеро) има лежалки и бич бар (не го препорачувам. Св Стефан е песок и камења. Пештани и Лагадин се со камења. Градиште е камења и има најубава вода. Кафе 180 па нагоре. Песок на Св Наум, Воена плажа и Љубаништа. Егоист е исто со лежалки. И во стар град Потпеш исто камења. Лежалки не знам колку се, си носиме наши.
А мислам дека зимно време ја А мислам дека зимно време ја има новогодишната еуфорија и посетеноста во јануарскиот празници. Можеби одмореноста и мирот во рана зима и февруари за оној психички одмор на умот и душата. Ех, " таму по душа кавал да свирам, сонце да зајдвит, ја ...да умирам". Охриде наш
Zdtavo na site. Kaj da gi nosam decata na rucek vo carsija so pristapni ceni i dali mora rezervacija. Picerija ili restorance. Blagodaram