Освен ако не бараш брендирани очила, еве ти предлог за твојот буџет, можеш да си одбереш поевтини рамки од било каде и после да ги однесеш во некоја од продавниците за оптика (Геталдус, Диоптра...), таму ќе ти наместат квалитетни стакла со УВ заштита, а можеш да си одбереш и нијанса или градиент на стакло.
Запрепастен сум дека, цената на некои брендови на очила, за сонце и диоптриски, во ЕУ е дупло пониска од онаа кај нас.
Ray ban и за сонце и диоптриски со цени по 13-14.000 кај нас, во Романија по 6500 денари на регуларна цена.
https://maxoptika.mk/mk/product/SD23282-celine-cl40235u-30n-54 само цената нешто ме буни, странава на која ги гледаш се 96,000 ден
Ray Ban купив пред скоро 6 години, ги имав нарачано од asos, кога уште беа разумни со достава. Искрено, ми се покажаа многу добри уште се во солидна состојба. Е сега имам приметено дека овде во некои оптики се многу полесни кога ги држам во рака за разлика од тие што јас ги имам, можеби и до моделот е. Во секој случај нема да згрешиш, дури и јас се размислувам да земам уште едни.
Каде има моментално најголеми попусти н очилa? Баш се изненадив денес колкава разлика , во макс оптика една цена во Прима оптика 2.100 поевтино за скроз ист модел, а имаат попусти и тие и тие ….
Може си купила веќе ама во случај да не си купила моја препорака е оптика ЛМ Струмица, понапред исто имам пишувано за неа. До сега 5 пара наочари имам купено, за мене 3, за мм и за брат ми. Одлични се, презадоволна сум, а цените упола него по скопскиве оптики
И јас од кај нив почнав да земам, од тебе прочитав претходно и навистина со цените се најмногу ок. Често и попусти имаат. Другите некако ептен со цениве занесени.