Освен ако не бараш брендирани очила, еве ти предлог за твојот буџет, можеш да си одбереш поевтини рамки од било каде и после да ги однесеш во некоја од продавниците за оптика (Геталдус, Диоптра...), таму ќе ти наместат квалитетни стакла со УВ заштита, а можеш да си одбереш и нијанса или градиент на стакло.
Запрепастен сум дека, цената на некои брендови на очила, за сонце и диоптриски, во ЕУ е дупло пониска од онаа кај нас.
Ray ban и за сонце и диоптриски со цени по 13-14.000 кај нас, во Романија по 6500 денари на регуларна цена.
https://maxoptika.mk/mk/product/SD23282-celine-cl40235u-30n-54 само цената нешто ме буни, странава на која ги гледаш се 96,000 ден
Ray Ban купив пред скоро 6 години, ги имав нарачано од asos, кога уште беа разумни со достава. Искрено, ми се покажаа многу добри уште се во солидна состојба. Е сега имам приметено дека овде во некои оптики се многу полесни кога ги држам во рака за разлика од тие што јас ги имам, можеби и до моделот е. Во секој случај нема да згрешиш, дури и јас се размислувам да земам уште едни.