Јас ги обожавам, посебно маринираните шампињони од Бонум мислам дека цела тегла можам да изедам Инаку, темава ја отворив со надеж да си споделуваме рецепти со печурки, како и на кој начин може да се приготвуваат. Јас ги јадам во пица, омлет, француска салата и селско месо. Идеи за сосови, полнети печурки...?
Телешка салата со шапињони Потребни сосотојки: 1 кг. варено телешко месо 1 тегла сецкани шампињони 1 тегла мајонез 1 поголема главица кромид 1 тегла кисели краставички 6 варени јајца малку сол и мелен црн бибер Телешкото месо, кромидот, краставичките и јајцата се сецкаат на ситни парчиња. Потоа се додаваат шампињоните и мајонезот. Се убаво се меша и на крај се додава малку сол и мелен црн бибер по вкус.
Премногу сакам печурки, да можи на се и на се ќе ставам. Не ми смета дали се маринирани или сурови битно да ги има... Скоро сите мој омилени јадења се со печурки...
Дефинитивно не сакам печурки. Отсекогаш ми биле грозни. Само еднаш пробав во еден ресторан, печурки со киселина и лук, не знам како беа приготвени, ама беа превкусни.
Бљааак ..мрзам печурки , ми се гади од самата помисла на нив..... До пред некое време ги јадев па прекинав да ги јадам и по 9 месеци(може и од тоа) немаше нешо диетално дома а беше касно ги најдов си ги направив со кромид и сонгоглед и ги изедов и вечерта и сабајлето имав гадење и дијареа.. МИ СЕ ГАДИ КОА ЌЕ ПОMИСЛАМ НА НИВ
Не знаете што е убаво. Печурки да не сакаш?? Хмм ... па како ви оди пицата без нив, или некоја тава која без нив губи од вкус ?? Не можам да сфатам. Обожавам! Ги сакам во пица, со тестенини, сосови .... салати, тави итн. И едно уште поважно се здрави. Па следно ќе споделам рецепт.
обожавам печурки ммм, па уште пржени со маргарин мх мх прсти да излижеш. Исто така практикувам да ги ставам и во јадењата. Омилено ми е сарма од печурки ( место месо ставам печурки).
Јас порано не јадев печурки. Не сакав да ги смислам. Од самата помисла ми доаѓаше нагон за повраќање. Ама се тоа се смени една убава летна вечер , во Гиго кога бев на пица. Тогаш дури ги пројадов. Гледам сите јадат и викам ај и јас да пробам. И за чудо ми се допаднаа. Ги јадам само на пица. А кога ќе купам затворена пица ги вадам. Чудна работа. Инаку ако знаете некој рецепт за печени печурки, како се прават, слободно споделете го .
печурки обозавам...премногу ги сакам... е за подготовка знам за во пица инаце еднаш една другарка ми кажа дека ги пржела со грашок нешто така
Обожавам печурки, неможам да замислам пица без печурки. Највише сакам свежи шампињони, па дај споделете некој рецепт.
Една од храните која можеш да ја комбинираш со повеќе видови храна. Печурките се едни од моите омилени јадења. Ги сакам и во пица и во манџи и во сосови и пржени така и од тегла, ма секакви ги сакам.