Да, тоа е ок, така и правам, но на пилатес инструкторот не му е задачата само да покажува вежби, треба правилно да те постави, стречинг, техника на изведување на вежбите и сл да се правилно изведувани, бидејќи во спротивно, се случуваат разни повреди. Во Германија, многу се водеше сметка за истото, кај нас, на вежбач ќе му се слоши и на инструкторот одговорот е, ништо напиј се вода. Во Германија, задача на иснтрукторот е и да го следи телото на вежбачот до каде му се границите: еластичност, кондиција, јачина и сл.
Искуства со powerhouse pilates во К. Вода и http://fitlife.com.mk/fitlife-fitness-studio-1-kisela-voda/ Фитлајф кај рампа? Незнам каде да одам.
Ми треба совет. Вчера почнав со пилатес за прв пат меѓутоа неможев некои вежби да ги направам многу ми беа напорни и тешки. Почетник сум. Незнам дали да продолжам бидејќи ми беше многу тешко. Сакам да ми кажете дали само на почеток е вака и после се навикнуваш или е до мене?
Јас кога вежбав ми беше претешко. Пола од вежбите не можев да ги правам, но со тек на време се навикнав. Не се форсирај премногу. Најдобро обиди се да ги правиш сите вежби, но не цела серија. После месец дена ќе се привикнеш и ќе биде се подобро. Само не се откажувај и нека не ти биде незгодно од другите, бидејќи некои од нив вежбаат со месеци, па и години.
Пилатесот е систем на вежби, кој е прилагоден на индивидуалните можности (кондиција, еластичност, издржливост) и токму затоа е совршен. Не смее да ги надминува границите на телото, воспаленија, замор и слично не е дозволено. Јас, на пример, го пратам секој вежбач како диши, дали се вцрвенува, дали ги грчи мускулите и сл, исто така водам во тетратка евиденција, кој до кој степен стигнал, кои му се предности и кои слабости и никогаш немало нус појави од вежбањето.
Здраво женски, сакав да ве прашам дали некој оди на пилатес во Тринити (Trinity), дали сте задоволни, колку трае еден час, и дали е соодветно и за почетници. ❤❤
Дали некој оди во фитнес станица кај олимписки? Ме интересира за пилатес-микс часовите.. Во истиот влез за олимписки базен е?
Дали имате искуство со некоја андроид апликација или специфичен канал за пилатес на јутуб? Разгледав и има мал милион видеа ама бидејќи сум почетник би сакала да почнам правилно. Секое искуство е добредојдено! Фала!
Сакам да одам на пилатес, или аеробик. Првична цел ми е да ослабам околу 7 кг. Со што сте имале подобар ефект за слабеење? Пилатес или аеробик?
Повеќе резултати има од аеробик, бидејќи повеќе се потиш, додека пилатесот е повеќе за оформување и зацвснување.
Јас вежбам во фитнес станица скоро 3 месеци, Идам на часови кај Рената пилатес, Фитнес центарот е од десната страна на олимписки има знак , ќе се снајдеш пред тоа имам вежбано Аеробик ама на друго место, ослабев со аеробикот да ама сега сакам да се затегнам и почнав да идам кај Рената, Немам лош збор за неа премногу е фина, добра , ги прави интересни часовите и вежбите,(не вежбам прв пат и знам како треба да тече еден добро осмислен час) стварно се осеќа разлика на телото , секако вежбањето треба да го комбинираш со здрава исхрана. ако не се храниш здраво џабе е вежбањето
Има уште 2 инструкторки таму Јана и Ангела, јас ќе продолжам зависи кај која термините ми одговараат повеќе
Арја, не е чист пилатес, ама можеш да го разгледаш каналот blogilates. Има и веб страна каде што, ако се регистрираш (бесплатно), секој месец ќе имаш пристап до календар, каде секој ден ти е напишано кои видеа да ги правиш. Се надевам ќе ти се допадне .