Почна новата сезона. И тоа со бум. Спојлер Лелееее старецон гаден значи, одвратен, сирот Чарлс како дозна. Се надевам никогаш веќе ниту една книга нема да издаде и името ќе му биде асоцирано со тоа каков манијак е грозен, а не со тоа што го напишал.
Добро почна сезонава, жустро. Спојлер Не очекував дека вака ќе и ја откријат тајната на Лајза. Редно беше, ама не на ваков начин, барем јас мислев дека сама ќе му признае на Чарлс. Овој Moore ми е ептен гаден и налудничав. Моментот на состанокот и вц-то...Се снајде, експресно.
Луѓе, гледавте? Мене многу ми оди на нерви Pauline, многу ми е флегма. Спојлер Ја спушти малку Чарлс, ќе биде интересната. Многу ми е криво за Чарлс инаку, ептен се издава дека има нешто што го мачи и многу ме интересира дали Лајза ќе открие дека тој веќе знае за нејзината лага. Не беше лоша епизодава воопшто.
Fun fact, знаете дека книгата навистина е издадена и може да се прочита? https://www.goodreads.com/book/show/39291127-marriage-vacation
@Mishela, доколку ја гледаш серијава онлајн може да споделиш линк од петтава сезона? Никако не можам да се сетам на страната на која што ја гледав а со нетрпение ги чекав новиве епизоди.
Ја симнувам од Замунда, таму веднаш ги ставаат новите епизоди. А онлајн не гледам баш, ама можеш да ja следиш овде на овој сајт. https://dwatchseries.to/serie/younger Иначе јас баш би сакала да ја видам книгава преточена во филм, со Рис Витерспун во главна улога. Би било штосно.
Спојлер Лелеее Паулинче ги дозна двајцаваааа Да видиме сеа шо ќе биде. Млитава ми е сезонава засега, ми фали присуството на Дајана, закон жена. Зејн ми е тотално непотребен лик, како е да е ставен само за да потполнува место.
Спојлер Мислам дека изгубија некако моментум со дознавањето на Чарлс. Беше некако ептен антиклимаксно. И сега? Ќе се борат некое време додека да разбере он, нема да и збори, па она малку по малку ќе се упикува додека Чарлс не ја сфати зашто го направила тоа, во меѓувреме пак со Џош ќе се занимава, па Чарлс ќе си рече кога Џош разбрал можам и јас и така ќе се смират и крааај.
Спојлер Не ја можам Паулин со млитавата фаца, леле колку антипатичен лик. Искрено, мило ми е што Чарлс така и опна ладен туш, ама ту мач драма ми се со Лајза. За Џош инаку очекувано беше дека ќе раскине со онаа плавата (тоа пред две епизоди спомнаа, јас ич не памтам имиња на ликови), па мислам дека пак ќе имаат некоја афера со Лајза. Ама ептен ме нервираат вакви топло-ладно ситуации, посебно пак кога се работи за љубовни триаголници. Или многуаголници. Јас сум тим Чарлс инаку, ич не ми е Лајза за некое дете како Џош.
Спојлер Јас пак не ја можам Паулин со патетичното гласче. А ништо лошо нема направено, ама ете, ни мене не ми е омилена. Инаку целата сезона засега пребавно ми се движи. Иако се случија неколку важни настани (се врати Џош, Чарлс дозна за тајната на Лајза, Чарлс прекина со Паулин), сѐ е некако млако и невозбудливо. Хајлајт ми се Дајана и Лорен, особено во минатата епизода кога се сретнаа на забавата Не знам кој тим сум, ама ако се завлечкаат пак Лајза и Џош ...не можам, што веројатно ме прави тим Чарлс. Ама како што рече @RainBow, некако е предвидливо - ќе ѝ се лути некое време, па ќе разбере дека морала да се жртвува за ќерка ѝ и на крај ќе се смират. Ќе видиме, се надевам ќе има некое изненадување.
Се убив од смеење од оваа Дајен. Спојлер Пак си го подбра водоводџијата. Убав пар се, се надевам ќе има интересни случки со нив, оти повеќе потенцијал имаат од Лајза и Чарлс и од пролазните афери на Џош со случајни минувачи. Чарлс ми е малку иритантен со тоа детинасто однесување - не ти давам отказ, ама затоа ќе ти се мешам во штипки. Многу зрело. Добра корпа и' удри на Лајза, дури и мене ми стана криво. Ама ќе се смират. Може Лајза ќе има нешто со овој новиов тип, па Џош нели со новата девојка ќе „настапи“ и Лајза ќе стане љубоморна, па пак ќе ги сплеткаат дури не и' се смири Чарлс. Мислам дека така некако ќе течат настаните, па да видиме. Ама ова со Дајен беше мало размрдување неделава.
Спојлер ИИИИ Чарлс конечно испадна муж а не пичка. Епа ептен ми е мерак. Баш сакам да видам што ќе се деси понатака.
Ја гледате уште серијава? Спојлер Мене нешто скроз ми спласна и текот на настани и сè по ред. Ту мач драма беше последнава епизода и пачењето на Келси кога Лајза и рече дека ќе ја прифати новата понуда за работа. Па тоа плачење, чиниш и рекоа дека е смртно болна. Што се однесува до Чарлс, знаев дека ќе се кријат и ќе се шуњаат како улави тинејџери и затоа ми се малку патетични. Па и Џош со неговата реакција кога му соопшти дека се гледа со Чарлс...како мало недораснато дете. Уште ја нема преболено Лајза. Дајен останува да биде мој омилен лик и светла точка во целава серија. Многу се израдував што им тргна во врската со Ензо, па заслужи женава да ќари згоден тип. А толку мислев дека ќе го шутне откако откри дека се бавел со порн видс, ама ме изненади. И баш убаво му рече, нешто во стилот дека сите си носиме багаж од минатото. Многу ме интересира како она ќе изреагира на одлуката на Лајза и мислам редно е да дознае за лагата на Лајза, уште она остана непросветлена.
Серијава за загледав на Фокс Лајф. Ама како да не ја даваат веќе. Интересна серија. Чарлс ми е баш симпатичен. Се гледа дека ја сака Лајза. Си одговараат како пар. А и Џош не е за фрлање.
Финалево како? Спојлер: финале Откако се дозна за лагата на Лајза како серијава да ми изгуби нешто. Јас ја започнав пред месец негде и набрзина ги изгледав претходните сезони. Супер серија за опуштање, интересни женски ликови со успешни кариери и добри пријателства. Но, откако го фатив редот ми изгуби нешто. Келси со детското однесување, Лајза која продолжува со лагите, жената на Чарлс која ми беше крајно антипатична со зборувањето и однесувањето. Но, најмногу ми пречеше што некако ми ја однема хемијата меѓу Лајза и Чарлс. Колку и да ми беа слатки со Џош, заљубени (и колку и Џош да е згоден), сепак јас ја сакав Лајза со Чарлс. Како флертуваа, како се однесуваа меѓу себе, колку беа со слични интереси и искуства - морав да навивам за нив. Чарлс ми беше презгоден, прав џентлмен. Но откако дозна за тајната...бап се смени. Колку брзо се откажа од кариерата. Сфаќам да ја спаси компанијата на татко му, но колку жртвува за љубовта ( која баш и не е стабилна ако гледаме по исплашените погледи на Лајза и Чарлс кога одеа фатени за рака на крајот). Се сложувам за Дајана. Најдобар лик дефинитивно. Најсмешна беше уште од почетокот, и колку и да сака да се покаже дека е ладна, сепак има нежна душа и заслужува среќа и љубов со Ензо. Има најава за нова сезона?
Обновена е за 6та сезона. Спојлер Само не знам на кај ќе тераат. Се согласувам дека спласна некако, а ептен беше забавна. Чарлс според крајниот изглед не беше баш толку среќен со одлуката. Не знам дали себе или Лајза ја убедуваше. Ќе видиме како ќе биде, јас секако ќе ја гледам, треба ептен да отупе некоја серија за да ја откажам. А оваа не е уште до толку.