Помлада (Younger) [2015]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Hipster, 13 јули 2017.

  1. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    2.751
    Пол:
    Женски
  2. kanella

    kanella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.959
    Пол:
    Женски
    Кога почнува следната сезона? :worried:
     
  3. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    10.615
    На 5. јуни! Едвај чекам летенце, ладно кафенце и да си лабавам со серијава :sun:
     
    На RainBow, Victorian, Waka-waka и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    404
    Пол:
    Машки
    Ја има со превод, имам начекано најава на фокс лајф и интересна ми изгледа!
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.647
    Допаѓања:
    43.600
    Почна новата сезона. И тоа со бум.
    Лелееее старецон гаден значи, одвратен, сирот Чарлс како дозна.
    Се надевам никогаш веќе ниту една книга нема да издаде и името ќе му биде асоцирано со тоа каков манијак е грозен, а не со тоа што го напишал.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.143
    Допаѓања:
    73.345
    Пол:
    Женски
    Добро почна сезонава, жустро. :wasntme:
    Не очекував дека вака ќе и ја откријат тајната на Лајза. Редно беше, ама не на ваков начин, барем јас мислев дека сама ќе му признае на Чарлс. Овој Moore ми е ептен гаден и налудничав. :|
    Моментот на состанокот и вц-то...Се снајде, експресно. :lol:
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.143
    Допаѓања:
    73.345
    Пол:
    Женски
    Луѓе, гледавте?
    Мене многу ми оди на нерви Pauline, многу ми е флегма. :yawn:
    Ја спушти малку Чарлс, ќе биде интересната. :D
    Многу ми е криво за Чарлс инаку, ептен се издава дека има нешто што го мачи и многу ме интересира дали Лајза ќе открие дека тој веќе знае за нејзината лага.
    Не беше лоша епизодава воопшто. :)
     
    На Marossa, sweet-cherry, RainBow и 2 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.647
    Допаѓања:
    43.600
    На Marossa и Mishela им се допаѓа ова.
  9. cloud

    cloud Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    1.563
    Пол:
    Женски
    @Mishela, доколку ја гледаш серијава онлајн може да споделиш линк од петтава сезона?:)

    Никако не можам да се сетам на страната на која што ја гледав а со нетрпение ги чекав новиве епизоди.
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.143
    Допаѓања:
    73.345
    Пол:
    Женски
    Ја симнувам од Замунда, таму веднаш ги ставаат новите епизоди.
    А онлајн не гледам баш, ама можеш да ja следиш овде на овој сајт.
    https://dwatchseries.to/serie/younger

    Иначе јас баш би сакала да ја видам книгава преточена во филм, со Рис Витерспун во главна улога. Би било штосно. :D
     
    На cloud му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kanella

    kanella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.959
    Пол:
    Женски
    Лелеее Паулинче ги дозна двајцаваааа :) Да видиме сеа шо ќе биде. Млитава ми е сезонава засега, ми фали присуството на Дајана, закон жена. Зејн ми е тотално непотребен лик, како е да е ставен само за да потполнува место.
     
    На LovelyGirl3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.647
    Допаѓања:
    43.600
    Мислам дека изгубија некако моментум со дознавањето на Чарлс. Беше некако ептен антиклимаксно. И сега? Ќе се борат некое време додека да разбере он, нема да и збори, па она малку по малку ќе се упикува додека Чарлс не ја сфати зашто го направила тоа, во меѓувреме пак со Џош ќе се занимава, па Чарлс ќе си рече кога Џош разбрал можам и јас и така ќе се смират и крааај.
     
    На Oxymoron и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.143
    Допаѓања:
    73.345
    Пол:
    Женски
    Не ја можам Паулин со млитавата фаца, леле колку антипатичен лик. :|
    Искрено, мило ми е што Чарлс така и опна ладен туш, ама ту мач драма ми се со Лајза.

    За Џош инаку очекувано беше дека ќе раскине со онаа плавата (тоа пред две епизоди спомнаа, јас ич не памтам имиња на ликови), па мислам дека пак ќе имаат некоја афера со Лајза.
    Ама ептен ме нервираат вакви топло-ладно ситуации, посебно пак кога се работи за љубовни триаголници. Или многуаголници. :D

    Јас сум тим Чарлс инаку, ич не ми е Лајза за некое дете како Џош. :)
     
    На 1209 и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.
  14. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    10.615
    Јас пак не ја можам Паулин со патетичното гласче. А ништо лошо нема направено, ама ете, ни мене не ми е омилена.

    Инаку целата сезона засега пребавно ми се движи. Иако се случија неколку важни настани (се врати Џош, Чарлс дозна за тајната на Лајза, Чарлс прекина со Паулин), сѐ е некако млако и невозбудливо. Хајлајт ми се Дајана и Лорен, особено во минатата епизода кога се сретнаа на забавата :wasntme:

    Не знам кој тим сум, ама ако се завлечкаат пак Лајза и Џош |( ...не можам, што веројатно ме прави тим Чарлс. Ама како што рече @RainBow, некако е предвидливо - ќе ѝ се лути некое време, па ќе разбере дека морала да се жртвува за ќерка ѝ и на крај ќе се смират. Ќе видиме, се надевам ќе има некое изненадување.
     
    На 1209, Mishela и RainBow им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.143
    Допаѓања:
    73.345
    Пол:
    Женски
    Се убив од смеење од оваа Дајен. :D
    Пак си го подбра водоводџијата. :D Убав пар се, се надевам ќе има интересни случки со нив, оти повеќе потенцијал имаат од Лајза и Чарлс и од пролазните афери на Џош со случајни минувачи. :|

    Чарлс ми е малку иритантен со тоа детинасто однесување - не ти давам отказ, ама затоа ќе ти се мешам во штипки. Многу зрело. :D
    Добра корпа и' удри на Лајза, дури и мене ми стана криво. Ама ќе се смират. Може Лајза ќе има нешто со овој новиов тип, па Џош нели со новата девојка ќе „настапи“ и Лајза ќе стане љубоморна, па пак ќе ги сплеткаат дури не и' се смири Чарлс. :)
    Мислам дека така некако ќе течат настаните, па да видиме.

    Ама ова со Дајен беше мало размрдување неделава. (fingers)
     
    На Hipster, RainBow, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    22.309
    Пол:
    Женски
    ИИИИ Чарлс конечно испадна муж а не пичка. Епа ептен ми е мерак. Баш сакам да видам што ќе се деси понатака.
     
    На 1209 и Oxymoron им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.143
    Допаѓања:
    73.345
    Пол:
    Женски
    Ја гледате уште серијава?
    Мене нешто скроз ми спласна и текот на настани и сè по ред.
    Ту мач драма беше последнава епизода и пачењето на Келси кога Лајза и рече дека ќе ја прифати новата понуда за работа. Па тоа плачење, чиниш и рекоа дека е смртно болна. |(

    Што се однесува до Чарлс, знаев дека ќе се кријат и ќе се шуњаат како улави тинејџери и затоа ми се малку патетични.
    Па и Џош со неговата реакција кога му соопшти дека се гледа со Чарлс...како мало недораснато дете. Уште ја нема преболено Лајза.

    Дајен останува да биде мој омилен лик и светла точка во целава серија. Многу се израдував што им тргна во врската со Ензо, па заслужи женава да ќари згоден тип. :)
    А толку мислев дека ќе го шутне откако откри дека се бавел со порн видс, ама ме изненади. И баш убаво му рече, нешто во стилот дека сите си носиме багаж од минатото.
    Многу ме интересира како она ќе изреагира на одлуката на Лајза и мислам редно е да дознае за лагата на Лајза, уште она остана непросветлена.
     
    На Oxymoron и sweet-cherry им се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    11.047
    Допаѓања:
    16.484
    Пол:
    Женски
    Серијава за загледав на Фокс Лајф. Ама како да не ја даваат веќе. Интересна серија. Чарлс ми е баш симпатичен. Се гледа дека ја сака Лајза. Си одговараат како пар. А и Џош не е за фрлање.
     
  19. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.976
    Пол:
    Женски
    Финалево како?
    Откако се дозна за лагата на Лајза како серијава да ми изгуби нешто.
    Јас ја започнав пред месец негде и набрзина ги изгледав претходните сезони. Супер серија за опуштање, интересни женски ликови со успешни кариери и добри пријателства. Но, откако го фатив редот ми изгуби нешто. Келси со детското однесување, Лајза која продолжува со лагите, жената на Чарлс која ми беше крајно антипатична со зборувањето и однесувањето.
    Но, најмногу ми пречеше што некако ми ја однема хемијата меѓу Лајза и Чарлс. Колку и да ми беа слатки со Џош, заљубени (и колку и Џош да е згоден), сепак јас ја сакав Лајза со Чарлс. Како флертуваа, како се однесуваа меѓу себе, колку беа со слични интереси и искуства - морав да навивам за нив. Чарлс ми беше презгоден, прав џентлмен. Но откако дозна за тајната...бап се смени. Колку брзо се откажа од кариерата. Сфаќам да ја спаси компанијата на татко му, но колку жртвува за љубовта ( која баш и не е стабилна ако гледаме по исплашените погледи на Лајза и Чарлс кога одеа фатени за рака на крајот).

    Се сложувам за Дајана. Најдобар лик дефинитивно. Најсмешна беше уште од почетокот, и колку и да сака да се покаже дека е ладна, сепак има нежна душа и заслужува среќа и љубов со Ензо.
    Има најава за нова сезона?
     
    На littleflower и Oxymoron им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.647
    Допаѓања:
    43.600
    Обновена е за 6та сезона.
    Само не знам на кај ќе тераат. Се согласувам дека спласна некако, а ептен беше забавна.
    Чарлс според крајниот изглед не беше баш толку среќен со одлуката. Не знам дали себе или Лајза ја убедуваше. Ќе видиме како ќе биде, јас секако ќе ја гледам, треба ептен да отупе некоја серија за да ја откажам. А оваа не е уште до толку.
     
    На smooch му/ѝ се допаѓа ова.