Ви пиша @Bitter-Sweet, ќе Ви повторам и јас. Да ги пиете, штом имате потреба. Лековите се секогаш посни. Тие што ве убедуваат да не земате лекарства под изговор, дека се мрсни, штом се поболат најчесто со шпринт трчаат до аптека. Барем во постов, молете се редовно и потрудете се да прочитате барем една божовна книга, тоа сепак е побитно од конзумирањето на рибино масло.
Тримир, значи три дена, односно се денови во кои не се јаде и не пие ништо. Всушност станува збор за Чисти Понеделник, Чисти Вторник и Чисти Четврток. Се јаде без масло на Чиста Среда и Чисти Петок по литургијата. Тие што во понеделникот и вторникот не јадат и не пијат на Чиста Среда се "причестуваат" со агијазма - богојавленска вода и се причестуваат со Телото и Крвта Христови на Тодорова Сабота. Нормално го продолжуваат постот.
За благословот за пост еве што пишува свештено лице од Прилеп. https://www.facebook.com/share/1HK9qUDpEL/
Се надевам прашањево може да го поставам во темава, ако има некоја друга соодветна, преместете.. Ако имате предлози за појадок, пишете ми идеи...