Посни јадења без масло

Дискусија во 'Рецепти' започната од butterfly992, 9 март 2011.

  1. butterfly992

    butterfly992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    22
    Ајде девојки споделувајте рецепти за нас, кои што постиме без масло :) Доколку темава е дупла слободно нека оди во канта!
     
  2. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.822
    Ќофтиња од леќа
    леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите)
    средината од 2-3 парчиња стар леб
    по желба праз/кромид/лук/магдонос сол, бибер, кари, вегета

    Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.
    __________________________________________________________________________________________

    ПАШТЕТА ОД ОРЕВИ

    4-5 компири
    250 гр. мелени ореви
    1-2 лажици доматно пире
    1-2 лажици сенф
    Сок од ½ лимон
    Сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус

    Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините.
    __________________________________________________________________________________________

    ХУМУС
    200-250 гр. печена лебле*ија се меле во мелница за кафе. Се додава сенф, сол, сок од ½ лимон, млака вода колку да се добие густина на паштета. На крајот се додава толчено лукче по вкус

    ___________________________________________________________________________________________

    КРЕМ-СУПА
    основа за крем-супа:
    4-5 компири
    2 лажици таан
    Сок од ½ лимон
    Сол, бибер, копар/магдонос

    Излупените компири се варат во толку вода колку да се покријат компирите. Кога ќе се сварат се вадат од водата и се ладат. Изладени се ставаат во блендер со 1 чаша ладна вода, таан и лимон. Се блендира и се истура во водата во која бил варен компирот. Се додава толку вода колку да се добие густина на крем-супа. Се остава да зоврие и се зачинува со сол, бибер и копар или магдонос.

    Ова е основен рецепт за крем-супи на вода. Може да се употребуваат многу комбинации: компир + морков, компир + печурки, компир + грашок, компир + спанаќ, компир + праз, компир + брокула
    ____________________________________________________________________________________________

    БИСТРА СУПА ОД ЗЕЛЕНЧУК

    1-2 моркови
    ½ кг. спанаќ
    1/3 пашканат
    1/3 корен од целер
    1 шака овесни снегулки или пченични никулци ..Сол, бибер, вегета
    Морковот, пашканатот и целерот се сечкаат на коцки и се варат во малку вода. При крајот од варењето се додава вода по потреба (литар и пол до два), се остава да зоврие, се додава крупно исечен спанаќ и овесните снегулки или никулците и сето тоа се вари 5-6 минути. Вкусот се дотерува со сол, бибер, вегета.Овој рецепт може да се користи за други комбинации: брокула, компир, карфиол, блитва и сл. Наместо овесни снегулки или никулци може да се употреби фиде без јајца, други посни тестенини или ориз.
    ____________________________________________________________________________________________

    САЛАТА ОД ЦВЕКЛО
    3-4 варени или печени корени цвекло
    1-2 живи моркови
    Прелив:
    2 лажици таан
    1 лажица сенф
    Млака превриена вода
    Малку сок од лимон
    Сол по вкус
    -Излупените цвекло и морков се рендаат на крупно. Состојките за преливот убаво се мешаат да се добие изедначена маса, се посолува по вкус. Може да се додаде ситно сечкано младо или старо лукче и/или кромитче. Се прелива салатата.
    Овој прелив се употребува и за други салати. Во преливот може да се додаде оцет место сок од лимон. За салати со компир може наместо лимон и лажица од доматно пире.
    ___________________________________________________________________________________________
    САЛАТА ОД БОРАНИЈА
    200-300 гр. варена боранија или брокула
    1-2 варени моркови
    Плус варен зеленчук по желба:
    Грашок од конзерва или варен
    Пченка од конзерва или варена
    Варено папудо или сл.
    -Боранијата (брокула) се сечкаат на крупно, се додаваат морковите исечени на коцки или стапчиња + грашок/пченка или папудо околу 100гр. Се зачинува со горе напишаниот прелив.
    ___________________________________________________________________________________________
    САЛАТА ОД МАРУЛА СО КОМПИР
    4-5 компира
    1 средно голема марула
    -Компирите се варат во лушпа, изладени се лупат и се сечат на тенки тркалца. Марулата убаво се суши во крпа, се сече на ситно, се меша со компирот и се зачинува со преливот.
    __________________________________________________________________________________________
    МАРИНИРАНА БРОКУЛА
    1 кг. брокула
    5 л. вода + 50 гр. сол + 3 гр. лимонтус
    Состојки за маринада:
    1 ½ чаша оцет, 2 ½ чаши вода, ½ лажица шеќер, 20 зрнца бибер, 1 ловоров лист и 1 лажица сол.
    -Брокулата се вари во водата со додатоци (малку, 6-7 мин., затоа што омекнува во маринадата), се цеди, се става во стаклен сад. Состојките за маринада се ставаат во тенџере и се оставаат да зовријат. Додека е уште жешко се прелива преку варената брокула и се остава да се лади без капак. Изладено, може да се стави во фрижидер. Се служи како гарнир со риба, ќофтиња и сл.
    На таков начин може да се приготват тиквички, свежа зелка, карфиол и сл.

    ____________________________________________________________________________________________
    БЛАГИ МАКАРОНИ
    250-300 гр. макарони
    2-3 лажици сечкани ореви
    4-5 лажици шеќер
    1-2 лажици мед
    3-4 лажици кокос
    1/2 посно чоколадо за готвење
    -Макароните се варат на вообичаен начин во вода со малку сол. Веднаш по цедењето се додава мед за да не се залепат и се промешува. Потоа се додава шеќер, ореви (сечкани или мелени) и кокос. Сето тоа лесно се меша и врз тоа се става чоколадото стопено со малку вода.
    ___________________________________________________________________________________________
    СВЕТОГОРСКИ КОЛАЧ
    6 супени лажици џем
    10 супени лажици шеќер
    1 кесичка цимет
    кора од 1 лимон и 1 портокал + сок од 1 портокал
    1 супена лажица сода бикарбона + малку прашок за пециво
    500 гр. брашно
    ¼ л. млака вода
    1 рака сецкани ореви (може да се додаде суво грозје, урми)
    мармалад од кајсија
    150 гр. посно чоколадо за готвење
    -Џемот и шеќерот се матат со миксер за да се добие уедначена маса, се разредува со вода, се додава цимет, рендана кора од лимон и портокал, сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, се додава брашното помешано со сода бокарбона и со прашок за пециво. Смесата добро се изедначува со мешање и се става во тефлонска тава. Сместа не смее да биде премногу тврда (треба лесно, со мокра рака да се изедначи површината да биде мазна). Се става во умерено загреана рерна. Се пече околу 25-30 минути. Се проверува дали е печено со чачкалица. Откако рерната ќе се исклучи, колачот се остава внатре уште неколку минути. Уште топол, колачот се премачкува со 3 супени лажици отопен мармалад од кајсија, а врз него се става чоколадна глазура.
    ____________________________________________________________________________________________
    ТОРТА СО МЕД
    100 гр. шеќер + 1 чаша вода
    1 лажица сода бикарбона
    2 лажици мед
    250 гр. шеќер
    500 гр. брашно (300 гр. брашно + 100 гр. кокос + 100 гр. гриз)
    -Од шеќерот и водата се вари шербет, се додава сода бикарбона, мед, шеќер и брашно. Сето ова добро се меша, се сипува во подмачкан плех или плех посипан со брашно и се пече. Изладената торта се премачкува со глазура од шеќер, карамел или какао прелив.
    Пред печењето, во тестото може да се стават смокви, урми, суво грозје, суви сливи.
    ____________________________________________________________________________________________
     
    На aklincarova, Victorya и butterfly992 им се допаѓа ова.
  3. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    252
    од посни јадења без масло знам само едно да направам а това је бело гравче со суви пиперки
    Ако некој не знае како се прави еве вака : графчето го ставаш да се свари одкако ке се свари графчето му додаваш две суви пиперки, и сол колку си ставаш.
    ете толку од мојот рецепт за јадење без масло
    на здравје графче посно :D
     
    На butterfly992 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.866
    Јас пак знам соја да си сварам, топчиња или шницли во вода со зачини, супа со фиде, вода и зачини, тестенини варени во вода со сол, исцедени па прелиени со кечап, мешан зеленчук варен во вода, а кога ептен ме мрзи да готвам, јадам леб со таан алва или со маслинки од вода, а не ретко и леб и сол. :lol:

    Да сум дома постојано, мајка ми се-нешто ке измисли да ми зготви, креативна си е жената. Последно ми направи благ ориз (сутлијаш) со мармалад од шипки. Кај и текна... прекрасно беше... :lol:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.561
    Пол:
    Женски
    Јас кога постам без масло најчесто овие јадења си ги приготвувам:
    Варени тестенини (макарони, шпагети) ги јадам со кечап, оригано.
    Варам посно гравче го зачинувам со вегета, сол, кромид.
    Мармалада (од сливи мн ја сакам )и леб.
    Некои чорби си правам на свој начин, ставам се што имам при рака :lol: : ситно исечкан компир, моркови грашок идр. Салата обавезно, марула, млад кромид, зелка...
    И се разбира овошјето е неизбежно :)
     
    На SexyTeenGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. infinity

    infinity Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2011
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    29
    здраво. моЖи ја згресив темата ако е така слободно преместете ја, праШанјето ми беШе дали се слабее во текот на 6 неделниот пост (со масло )и ако е така како да се спреЧи фала однапред
     
  7. howdoyoudo

    howdoyoudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    9
    постењето со масло не мора да значи ослабнување ако се храниш здраво ќе видиш дека има голема веројатност за замена на сите продукти, иако ти си една од ретките кои не сакаат да ослабат :lol: , со конзумирање на 100г кикиритки внесуваш околу 550 калории колку еден доручек, алвата е истотака калорична, смоките, соино млеко во прав итн итн
     
  8. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.211
    Посни панцероти без масло

    Потребно: 1кг. брашно, 1 коцка свеж квасец, 3 лаж. сол, 2 лаж. шеќер, 1 лаж. панко, околу 500мл вода во зависност од брашното.
    За фил: ситно сецкани маслинки, ситно сецкани маринирани шампињони, кечап, оригано, сусам, соја трошки (претходно попарена и цедена), сол.
    Количината зависи од вкус, помалку или повеќе полнети.
    Се меси тестото и се остава да стаса. Потоа се сучи кора со дебелина од 0,5 цм и се вадат парчиња со алат или со чаша. На парчето се става кечап и оригано и една лажичка од филот. Се затвора и краевите се притискаат со вилушка. Со четче се премачкуваат со вода во која има ставено малку сол и се става сусам, па се печат.

    Сликче:
     

    Прикачени фајлови:

    На vinozito1, hermosa, karenin и 12 други им се допаѓа ова.
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.750
    Бомбици од смокви:

    500гр. суви смокви се мијат и се мелат во машина за месо па се додаваат 150гр. мелени ореви и 150гр. сечкани ореви.
    Со влажни раце се прават топчиња кои се балаат во шекер во прав и во крупно мелени ореви.

    [​IMG]

    Бомбици од моркови:


    Се прави шербет со 500гр. шекер, па внатре се додава 1кг. рендани моркови кои се оставаат да се сварат. На крај се додава сок од 2 лимона. Откако ќе излади смесата се прават топчиња кои се балаат во кристал шеќер и се ставаат во хартиени кошнички.
     
    На душленце и Mrs.Lara им се допаѓа ова.
  10. Shoe-Gal

    Shoe-Gal Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    175
    вчера јадев печени компири на огин со патлиџан и зачин од кари .. оф леле послатко немало :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.048
    Посна торта без масло.
    15 лажици шеќер
    15 лажици вода
    100 грама гриз
    100 грама суво грозје
    3-4 јаболка рендани
    15 лажици брашно
    1 лажиче сода бикарбона
    1 пециво
    и ореви по желба или пак кокос.
    Откога ова ќе се испечи се попарува со шербрт.
    Шербет - пола литар вода и 250 грама шеќер.
    Тепсија 30ка.
     
    На antoboj му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    За време на пост и јас јадам најчесто тестенини, печени , варени кромпири, правам и помфрит ама печен. Исечканите компири ги ставам во најлонска кеса за печење и после некое време се готови за јадење. Може внатре да си ставите и некое морковче (така е многу вкусно. Еве и рецепт од една посна торта:
    Медено срце
    300гр. шеќер
    300гр. кисела вода
    3 лажици мармалад
    1 лажиче сода бикарбона
    1 пакетче цимет
    2 чаши брашно
    Се е меша заедно и се пече во тепсија број 40
     
  13. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.484
    Макарони со ореви

    Макароните сварете си ги нормално како и секогаш. Јас правам колку само за мене - чинија и пол.

    Во тава (подлабока ако може) ставете мелени ореви (колку цела рака). Значи само мелени ореви и ништо друго. Мешајте околу 2 минути, колку да се затопли оревот, НО внимавајте да не го изгорите (не смее да потемне). Во тавата додадете ги макароните и мешајте.
    Самите ореви имаат природно масло во нив па така испушта прекрасна арома. Мешајте колку да се потпржат макароните. Додадете зачин (вегета или сол) и наздравје. ;)
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    678
    гледам дека повеќето овде напишале дека за време на пост конзумираат макарони и шпагети,но нели во нивниот состав има млеко и јајца во прав?или употребувате посни макарони и шпагети?може да ми ја кажете марката на тие производи за да можам да ги побарам во поголемите маркети,зошто забележувам нема посни макарони и шпагети низ проданициве.
     
    На EminemsGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.211
    Посна торта без масло

    Потребно: 200 гр. брашно, 100 гр. шеќер, 200 гр. гриз, 200 мл. млака вода, 1 пак. (40гр.) пудинг од чоколадо, 2 пак. ванила шеќер, 1 пак. прашок за пециво, 1 лажичка сода бикарбона, 8 рендани јаболка, 100 гр. сецкани смокви, 100 гр. сецкани урми, 100 гр. суво грозје, 100 гр. сецкани ореви, рендана кора од лимон или портокал, компот од вишни по вкус (ако сакате).

    Се убаво се размешува со лажица и се остава да стои 1 час. Потоа се става во калап бр. 28 или 30 и се пече 1 час на 150-170 степени.
    Откако се испече се прелева со шербет. И шербетот и тортата треба да бидат малку топли кога се прелева. По еден час тортата може да се сече.
    Шербет: 150 мл. вода, 200 гр шеќер и 2 пак. ванила шеќер.

    Сликче :) :
     

    Прикачени фајлови:

  16. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Во Веро пишува под макароните посно.А и јас прочитав на амабалажата дека ги прават само од брашно и вода
     
    На tace73 и stilas7 им се допаѓа ова.
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.211
    Мила овие ги има во Кам маркетите и се доста убави, а се посни. Во составот им пишува само дурум брашно и вода.

    [​IMG]
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. goluba

    goluba Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    Макароните од PANONA се посни ги има секаде и поевтини се од др макарони. Исто има и шпагети од ПАНОНА
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.064
    Eве и од мене нешто убаво и посмо без зејтин.....Компир со суви пиперки
    Подготовка:
    Компирот се вари заедно со 7-8 црвени суви пиперки,откако ке се сварат се пасираат заедно во голем сад се става малку лукче или праз,се зачинува со вегета и се јаде топло....ммммм
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  20. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    159
    Да ве прашам,сега последната недела од велигден сакам да постам,оној строг пост без масло.Сакав да прашам во јадењата што ќе ги јадам да нема ни трошка масло? :o Или само несмее пржени работи?