Се надевам дека не сум единствена со овој проблем , од бричењето (изгледа од тоа е ) многу ми е потемнета кожата на пазувите , скоро црна и после средување изгледа како ич да не сум се средила има чаре за ова ?
Имав читано дека пред да се избричиш, треба убаво со луфа да се истриеш, за да испаднат мртвите клетки. И така редовно на секое бричење, ама не знам колку помага
~ Ако користиш дезадоранси како антиперспиранти најверојатно си направила депигментација на кожата, значи не ти е од бричење. Обично се јавува кај оние кои имаат многу сува кожа или од употреба на дезадоранси, ролони и сл. за под пазуви. Не секое тело/кожа исто реагира после долга употреба. За да дојдеш во нормала ќе ти треба многу време и нерви со употреба на најразлични креми ако сакаш да ја исчистиш флеката.
Ова нема врска со бричењето, туку повеќе со густината на влакната и затоа се познава црно иако влакната се отстранети а изгледа како да си подникната. Истиов „проблем" го има и мајками но не го сваќа како проблем тукувели дека тоа на некој начин е и посекси отколку да е кожата бела исто као и на било кој дел од телото. Тие особи што имаат потемна боја на кожа под пазувите исто им се случува и доле и по отстанувањето на влакната им се оцртува местото каде што биле па така иако тазе депилирана можеш да ја видиш формата на влакна во интимната зона. Затоа немој да се искомплексираш од овој проблем туку уживај и слободно носи си маички на прерамки и кревај ги рацете без никаков срам, бедејќи тоа не е нешто од што треба да се срамиш.
и јас го имам истиот проблем бев на кожно и докторката ми рече нема за што да се грижам кај некои девојки тоа и било нормално ама дека неможело со ништо да се отстрани...и од тогаш немам ни препрашано некој ни ништо а и не се замарам мн мн...
И јас го имам тој проблем. Гледав на јутуб некои видеа и една девојка кажа дека требало да се прави пилинг и да се мачкаат пазувите со лимон или сок од краставица кој ќе го држиш 10 минути па да се исплакне тоа со вода и демек така ќе се осветлат. Епа сеа ќе го пробам ова , па ќе видиме какви ќе бидат резултатите.
и на мене пред некое време ми се појави овој проблем но само на едната пазува има потемна боја претпоставувам дека е од стик но се плашам да не е нешто серизно...