Форумџика на годината

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    579
    Допаѓања:
    1.774
    Пол:
    Женски
    Програмава за првачиња ваљда е секаде иста. Добро, не ви изгледа премногу го за 6годишно дете? По 2-3 страни за пишување димашна по 1 предмет. Моево почна да се жали дека тоа е многу за него. А и реално на 6.години умот им е да дојдат дома да се одморат и да се изнаиграат. Како тоа да се работи на ракописот а децава пола азбука само ја знаат и едвај сврзуваат реченица.
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    14.465
    Пол:
    Женски
    Факт е дека е многу глупава програмава (учеа за оски на симетрија пред било што друго), ама не сметам дека многу им се домашните. Кај моево се 4 паралелки првачиња. Наставничкава нејзина секој ден им дава домашна, додека таа во другото одделение скоро никогаш, со изговор мали се. Погоди кои деца веќе стекнаа навики за учење и подобро го совладуваат материјалот. Вчера на пример имаше да напише 10 реченици со изучените букви, природни нешто да исече и залепи и да повтори математика за десетки и единици. Околу 45мин и одзема се, што сметам дека стварно не е многу.
    А за вежбање ракопис секако дека може и на пола изучени букви. Треба и тие неколку изучени да се извежбаат правилно да се пишуваат.
     
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.310
    Допаѓања:
    8.378
    Пол:
    Женски
    Домашно немаме премногу, ама на таа возраст и треба да имаат за да повторат дома, зошто лесно им испарува. Настрана што програмава е премногу за деца 6 години, еве мојов само што направи 6, сега треба да учи да чита. И тоа за 3 месеци да научи до јуни. Од второ одделение продолжувале одма со ракописни букви, значи нема толеранција за незнаење, и прво одделение на овие деца не се разликува многу од нашето прво, а помали се за цела година..