1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.908
    Пол:
    Женски
    Програмава за првачиња ваљда е секаде иста. Добро, не ви изгледа премногу го за 6годишно дете? По 2-3 страни за пишување димашна по 1 предмет. Моево почна да се жали дека тоа е многу за него. А и реално на 6.години умот им е да дојдат дома да се одморат и да се изнаиграат. Како тоа да се работи на ракописот а децава пола азбука само ја знаат и едвај сврзуваат реченица.
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    Факт е дека е многу глупава програмава (учеа за оски на симетрија пред било што друго), ама не сметам дека многу им се домашните. Кај моево се 4 паралелки првачиња. Наставничкава нејзина секој ден им дава домашна, додека таа во другото одделение скоро никогаш, со изговор мали се. Погоди кои деца веќе стекнаа навики за учење и подобро го совладуваат материјалот. Вчера на пример имаше да напише 10 реченици со изучените букви, природни нешто да исече и залепи и да повтори математика за десетки и единици. Околу 45мин и одзема се, што сметам дека стварно не е многу.
    А за вежбање ракопис секако дека може и на пола изучени букви. Треба и тие неколку изучени да се извежбаат правилно да се пишуваат.
     
    На Aleks.mar и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  3. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.559
    Пол:
    Женски
    Домашно немаме премногу, ама на таа возраст и треба да имаат за да повторат дома, зошто лесно им испарува. Настрана што програмава е премногу за деца 6 години, еве мојов само што направи 6, сега треба да учи да чита. И тоа за 3 месеци да научи до јуни. Од второ одделение продолжувале одма со ракописни букви, значи нема толеранција за незнаење, и прво одделение на овие деца не се разликува многу од нашето прво, а помали се за цела година..
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.123
    Допаѓања:
    19.055
    Пол:
    Женски
    Секој ден има по 3 страни? По сите предмети?

    Син ми има македонски 1-2 страни, математика 1, природни нешто да исече и избои. Сето ова го завршува за 30 мин, но е многу брз, во просек им треба 1 час.

    Син ми има секој ден домашно од самиот почеток на школската година.
    Прво почнаа со ливчиња, потоа и тетратки почнаа да носат дома.
    Има навика дека обврски за школо мора да се завршат, плус оди на активности (фудбал + шах) и постигнува се.

    Дали е многу? И учителките велат дека е многу напреден материјалот.
    Дали имаме избор? Моментално не. Пограмата е таа, пауза нема, мора да се вежба учи и совлада материјалот.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.123
    Допаѓања:
    19.055
    Пол:
    Женски
    Дете родено во фебруари е?

    Не дава учителката за читање за дома?
     
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.559
    Пол:
    Женски
    Крај на декември е, месец ипол има 6. Дава, вежбаме ама не знае да чита, буква по буква да, ама не спојува. Твоето знае да чита? Не механички зборовите што ги пишуваат, тие повеќе на памет ги учи мислам.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.123
    Допаѓања:
    19.055
    Пол:
    Женски
    Знае, да. Инаку во јули наполни 6.
    Летово ги научи буквите, самоинцијативно и тогаш научи да пишува.

    Откако тргна во школо, почна да учи да чита и сега знае супер.
    Штом изучија 5 букви и почнаа да пишуваат зборови, јас дома почнав да смислувам рандом реченици.
    Сега зборови со 3-5 букви ги чита наеднаш. Подолгите буква по буква и спојува.
    Текстовите од книга ги знае на памет, лесни му се. Дома чита од енциклопедии сликовници итн.

    Правеа и диктат, без грешка. Математика проверка, исто без грешка.

    И учителката кажа дека е напреден, секогаш завршува прв без да погреши, носи боенка за да не зборува додека другите да напишат.

    Не знам како е кај вашите, ама од мајки слушнав дека нивните не носеле домашно дома - воопшто. Ова во други училишта.
    Учеле многу песнички. Кај син ми тоа не е случај, просек е една песничка во две три недели. Па и месечно една можеби.
    Ама затоа читаат секој ден, и пишуваат исто така.
     
    На Aleks.mar, thinkerbell и Cherry333 им се допаѓа ова.
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    8.559
    Пол:
    Женски
    Мојот е целодневна, за викенд само носи домашно, а инаку колку беше незаинтересиран до пред да тргне во школо јас мислев нема да има осет букви да пишува. Ама добар е, ги пишува и препознава сите, ама кога ќе му кажеш прочитај, буква по буква кажува, на крај не може да ги спои. А тие зборови и реченици што ги учат ги чита, ама знам дека само ги памти, математика исто е супер. Сфаќа кои букви се во зборот, ама пример му викам пиши тато пишува тота, буква по буква нема проблем. Не му е кликнато уште, ќе вежбаме, се надевам додека ги научат буквите сите ќе се извежба..
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.123
    Допаѓања:
    19.055
    Пол:
    Женски
    Само вежбање секој ден, половина час е доволно.

    Кај син ми помага тоа што вежба секој ден. Чита барем 15 минути, зависи од тоа колку домашно има, некогаш и 30 мин.
    Плус јас работам од дома и сум посветена додека пишува/ чита. Кога е прва, доаѓа дома, се игра/ одмара и околу 12-13 завршува обврски за училиште. Кога е втора смена, одсабајле кога е наспиен работиме.
    Потоа цел ден е слободен.

    Твоето дете е и уморно од целодневна, и тоа има удел.

    Секако дека ке совлада се. На некои деца им оди потешко, поспори се, но се тоа е ок.
    Ако работите, резултати ке има.
     
    На Aleks.mar и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.725
    Допаѓања:
    39.018
    Пол:
    Женски
    Ако ги „чита“ една по една и сеуште не ги спојува сосема е во ред тоа. Се рачуна за читање во прво одделение. Нас наставничката ни рече до трето одделение ќе се учат да читаат и така и беше. Во второ ќе почнат со ракописни букви ама ќе учат читање постојано до трето. Штом твоето знае да ги прпознава, пишува и почнува да ги спојува ќе му кликне. Ако не во теков на полугодиево за летен распуст ќе му кликне. Само треба вежбање.
     
    На Cherry333 и azelea им се допаѓа ова.
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.295
    Допаѓања:
    15.515
    Пол:
    Женски
    Јас домашно за дома уште не сум видела. Ќерката е во класична настава и дневен престој, и таму се си завршуваат. Освен кога била болна и јас сум ја терала нешто дома да сработи, се што дава наставничката завршуваат таму. И чита и собира/одзема, со ништо не сум видела проблем дека има. Сега скоро почна да чита нешто по дома дека и рекле да се вежба читање секој ден, ама тоа е ако она сама сака.
    Не знам, јас воопшто не го доживев тешко или премногу првово одделение. Ништо повеќе од јас што сум учела. Можеби на овие родени на крај на година им е различно, ама јас тргнав со 6ипол во прво одд, и сега и ќерка ми исто, затоа исто го доживувам.
     
    На Aleks.mar, JoyJoy и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  12. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.908
    Пол:
    Женски
    јас разбирам стекнување навика за домашна ама за жал кај нас кај неколку деца ова веќе ствара осбивност кон учењето. И како може да оставиш на дете да запомни што има денес за домашна кога нему паметот му е (сеуште) во тоа да дојде дома и да се изнаигра.
    јас колку што се сеќавам букви изучував во прво одд во второто полугодие на 7 ипол години. На почеток се полжавчиња бастумчиња цртички. Ајде разбирам пишување букви. Ама читање?? Стварно е многу. Диктат во 1во а тие уште не научиле дека ВЧЕРА се слуша со Ф а се пипува со В. И препрашуваат зошто е тоа така и зошто учителката пишала минус кога тој како што слушнал така напишал.

    па македонски најчесто. Една страна мала буква една страна голема буква и една страна зборчиња кои почнуваат на учената буква.

    Моево конкретно,да го оставиш има табла со креди и цела му е испишана со задачи,сам ги смислува бара да му ги решам и на крај ми ги проверува и демек ми пишувс оцена. Тоа му е дел од игра. Ама домашна ко ќе дојде време да ја пишува често знае да ја одложи. Маледонски ко ќе треба да испише по 3 стани стомак го заболува. А знае да ми напише низ игра некоја реченица и да ми ја покаже. И затоа мислам дека се пооптеретени со домашни. На школо исто малку пишуваат ама памтат и разбираат
     
    На Mother of 2boys и Liza38 им се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.659
    Допаѓања:
    14.705
    Пол:
    Женски
    @Aleks.mar кај мојава многу често имаат диктати, само со изучените букви нормално и не ми е чудно. Најчесто во школо вежбаат нови букви, а дома минимум по 15 реченици пишуваат. Природни, математика, куп тестови имаа до сега.
    Инаку за тоа како да запомни домашна кога паметот му е во игра. Нормално дека нема да престане да игра, деца се, ама мора да му се објасни да внимава на школо. Мојава пример си става ѕвездички на страната што ќе ја каже наставничката за дома. Или на ливче од страна како знае на кратко си пишува да не заборави.
    Остави го неколку пати ќе заборави, па кога ќе го опомене наставничката нема да му е баш најпријатно и следен пат ќе му текне. Деца се да, ама веќе имаат и обврски. Не може цел живот да ги заштитуваме и вадиме затоа што се деца.
     
    На JoyJoy и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.123
    Допаѓања:
    19.055
    Пол:
    Женски
    Тоа навистина е многу. Особено ако имаат и по други предмети.

    Кај син ми домашното е 1-2 страни пишување и текстот 10 пати. Потоа во училиште секое дете чита. Плус математика ливче и некогаш природно науки или опшстество.

    За домашно јас горе-долу знам што ке е - за нови букви имаат буквите, нареден ден текстот го пишуваат дома. Може и да не каже, ама кога го прашувам му текнува што треба. Проверувам папка за математика и тоа е одприлика.
     
    На JoyJoy и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  15. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    5.019
    Зависи дали се класична настава или целодневна. После 8 ипол часа во училиште, уште домашна ни фали. Некогаш за викенд, ама не секој, имаме нешто ситно.
    Си учат таму со 2 наставнички се.
    Во прво ми е најбитно да се описменат колку толку и да се здружат.
     
    На Cherry333, Aleks.mar, Mother of 2boys и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Emelline

    Emelline Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    12
    Мајки, ве молам за ваше искуство со следниве основни училишта: Ј.Коменски, Димо Х.Димов, Петар Поп Арсов, предности и слабости, како сте вие задоволни од настава, кадар и сл....нешто битно што треба да се знае пред упис на прваче?