Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.887
    Допаѓања:
    40.071
    Пол:
    Женски
    Опаа тендерчето за Соте.
    Кај нас унифромите се само за да се исперат парите. Претпоследна скопска општина со глупостите за униформи беше Центар. Е испадна дека тендерот го доби Маратон. Цената за Герасимовски да остане градоначалник му ја платија сите Центарци.
    Е сега и Соте на мајка мора на синот на татко да му го потплати местото. Не може да е за џабе градоначалник.

    Тоа што униформите се ординарна глупост нема врска. Нити влијаат на успех, нити влијаат на поведение, Немаат никаква воспитна и образовна улога.
    Исто нема врска што двете бесплатни униформи не вршат работа па фирмата што ќе го добие тендерот ќе се позлати со докупувањето униформи. Битно реклама супер.
     
  2. BettyZ

    BettyZ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ај да прашам, детето во година ќе има 5.8месеци за во прво одделение, искрено ич не сакам да иде бидејќи ќе пуни 6 години на крај на годината и нема смисла сите да имаат 6.5 години а он 5.8 во прво одд. Која потврда најлесно се вади за одложување за една година?
     
  3. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    942
    Допаѓања:
    1.926
    Пол:
    Женски
    Мислам дека бараат потврда од стручно лице-психолог.
     
  4. BettyZ

    BettyZ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Од приватен или државен психолог дали знаеш? И дали тоа би било доволно да се одложи до следната година?
     
  5. ЕvД@

    ЕvД@ Нов член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Бидејќи нема целодневна настава во училиштето каде ќе учи моето дете, знам дека ќе треба да приремам храна од дома.

    Сакам да прашам дали некој има искуство со шишињата од coolbottles(дали вреди за парите)и каде може да најдам пањчиња до преклоп ама да не е пластика?
     
  6. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Кај симпо некаде се оди ако си од ск, распрашај се. Мада еве ако сакаш искуство од мајка на дете родено крај на декември, ако се е ок со детето вистина, јас не би одложувала. Сепак, твој избор, ама тоа што е мало само по мене не е доволна причина да не почне школо. А ми има кажано мајка на дете од кај син ми од градинка дека била на процена, и рекле ок е детето, ама ако сакаш ќе одложиме. И детето не тргна во училиште.
     
    На BettyZ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BettyZ

    BettyZ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    била на процена кај симпо? ако може јас би го оставила уште годинка да биде дете, цел живот се во школо, немора волку мали да одат
     
    На IJAE и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    9.258
    Пол:
    Женски
    Да, од таму даваат за одложување, некој завод има, не знам точно. Мали се, да, ама сега така е законот направен.
     
  9. BettyZ

    BettyZ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Фала ти, знам каде е ќе се распрашам, Знам дека е така законот и е сосема погрешно, треба д абиде за секое дете со наполнети 6 години до септември а не тие што ЌЕ имаат 6 до крајот на годината. И да седат во клупа толку мали по цел ден исто така е жално, нејсе, ако успеам ќе одложам секако
     
    На Mumoftwo30, IJAE и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  10. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    2.354
    Пол:
    Женски
    никоја. Моето на 6ипол почна на школо. Ни потврда ни ништо однесов ниту ми побараа. Одиш и им кажуваш.
     
  11. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.547
    Допаѓања:
    18.953
    Сум слушнала дека се добри,не сме користеле.
    Моето лани користеше шише од брендот Must го купивме од Офис плус и супер беше и за одржување и не мирисаше на пластика
     
  12. BettyZ

    BettyZ Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Извини не разбрав, каде одиш, кај кого, во школото од кај што е пратена поканата или? И што ти рекоа
     
  13. Aleks.mar

    Aleks.mar Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    775
    Допаѓања:
    2.354
    Пол:
    Женски
    се обраќаш во службата во училиштето од каде ти е пратена поканата. Можеш сам да си побараш покасно да го запишеш. Некаде може да бараат потврди од лекар ама во 99% случаи не ти треба такво нешто. Се е до политиката на школото
     
  14. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.549
    Допаѓања:
    19.356
    Пол:
    Женски
    Ние ги имаме, еве скоро цела година. Најдоброто нешто од шише што го имам купено! Резервни делчиња имаш од се, цефки, капаче, се!
    Тие за чистење на цефките исто се топ, зошто брзо се собираат нечистотии, само што не се перат во машина за садови, за да не се уништат налепниците на самото шише, држат топло 12ч и ладно мислам 5ч. Презадоволна сум, и децава многу ги сакаат, вреди секој денар.
     
    На ЕvД@ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Јас не сум знаела дека не се перат во машина, ги бутам нон стоп :D
    ништо ми се нема уништено, кај нас нема налепници, самото шише е принт. Две имаме и од помалите и поголемите.

    Инаку и јас да ги пофалам ептен се добри и вредат за парите
     
    На ЕvД@ и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.549
    Допаѓања:
    19.356
    Пол:
    Женски
    Не се уништија? Тогаш и јас да ги ставам, штом немаат гајле. :rofl:
     
    На ЕvД@ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    848
    Допаѓања:
    1.899
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, не ми се верува дека моето дете ќе биде прваче. Ве прочитав повеќето и се потсетив како си пишувавме во време на короната. Така убаво ми дојде на душата. Не сум многу активна на форумов, само кога имам некоја мака :D Дали некоја има список што е потребно од материјали за прваче да купам со време да не трчам во последен момент? Знам за ранец само, ми препорачаа од Gabol просветно дело.
     
    На azelea и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.237
    Допаѓања:
    40.630
    Пол:
    Женски
    Со овој дел нема да се согласам. Според мене нема подобро од тоа да носат униформа, наместо да се мерат кој поскапо парче носи и да се ствараат комплекси од небитни работи од најмала возраст. Ова нормално ако се почитува и ги носат. Во училиштето кај моево се носат редовно. Он ако му спомнам да облече друго не сака да слушне.
     
    На ohlala, azelea, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. zvecarka

    zvecarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2014
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Како една маичка, дуксер или блуза ќе го променат статусот на детето?! Што правиме со обувките, школскиот прибор и другите нешта кои секојдневно ги носат. Униформа да, но само за наставниците и се разбира почитување на кодексот на облекување од страна на учениците.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    9.184
    Допаѓања:
    19.138
    Пол:
    Женски
    Плус колата со која го носиш детето во училиште, каде детето оди на одмор и колку често...
    Да додадеме и ако некое дете има викендица, стан во Охрид, Грција...

    Униформата нема никакво значење.

    Факт е дека никогаш, никаде нема да се еднакви. Ниту додека се деца, ни кога ке пораснат.