Опаа тендерчето за Соте. Кај нас унифромите се само за да се исперат парите. Претпоследна скопска општина со глупостите за униформи беше Центар. Е испадна дека тендерот го доби Маратон. Цената за Герасимовски да остане градоначалник му ја платија сите Центарци. Е сега и Соте на мајка мора на синот на татко да му го потплати местото. Не може да е за џабе градоначалник. Тоа што униформите се ординарна глупост нема врска. Нити влијаат на успех, нити влијаат на поведение, Немаат никаква воспитна и образовна улога. Исто нема врска што двете бесплатни униформи не вршат работа па фирмата што ќе го добие тендерот ќе се позлати со докупувањето униформи. Битно реклама супер.
Ај да прашам, детето во година ќе има 5.8месеци за во прво одделение, искрено ич не сакам да иде бидејќи ќе пуни 6 години на крај на годината и нема смисла сите да имаат 6.5 години а он 5.8 во прво одд. Која потврда најлесно се вади за одложување за една година?
Од приватен или државен психолог дали знаеш? И дали тоа би било доволно да се одложи до следната година?
Бидејќи нема целодневна настава во училиштето каде ќе учи моето дете, знам дека ќе треба да приремам храна од дома. Сакам да прашам дали некој има искуство со шишињата од coolbottles(дали вреди за парите)и каде може да најдам пањчиња до преклоп ама да не е пластика?
Кај симпо некаде се оди ако си од ск, распрашај се. Мада еве ако сакаш искуство од мајка на дете родено крај на декември, ако се е ок со детето вистина, јас не би одложувала. Сепак, твој избор, ама тоа што е мало само по мене не е доволна причина да не почне школо. А ми има кажано мајка на дете од кај син ми од градинка дека била на процена, и рекле ок е детето, ама ако сакаш ќе одложиме. И детето не тргна во училиште.
била на процена кај симпо? ако може јас би го оставила уште годинка да биде дете, цел живот се во школо, немора волку мали да одат
Да, од таму даваат за одложување, некој завод има, не знам точно. Мали се, да, ама сега така е законот направен.
Фала ти, знам каде е ќе се распрашам, Знам дека е така законот и е сосема погрешно, треба д абиде за секое дете со наполнети 6 години до септември а не тие што ЌЕ имаат 6 до крајот на годината. И да седат во клупа толку мали по цел ден исто така е жално, нејсе, ако успеам ќе одложам секако
никоја. Моето на 6ипол почна на школо. Ни потврда ни ништо однесов ниту ми побараа. Одиш и им кажуваш.
Сум слушнала дека се добри,не сме користеле. Моето лани користеше шише од брендот Must го купивме од Офис плус и супер беше и за одржување и не мирисаше на пластика
се обраќаш во службата во училиштето од каде ти е пратена поканата. Можеш сам да си побараш покасно да го запишеш. Некаде може да бараат потврди од лекар ама во 99% случаи не ти треба такво нешто. Се е до политиката на школото
Ние ги имаме, еве скоро цела година. Најдоброто нешто од шише што го имам купено! Резервни делчиња имаш од се, цефки, капаче, се! Тие за чистење на цефките исто се топ, зошто брзо се собираат нечистотии, само што не се перат во машина за садови, за да не се уништат налепниците на самото шише, држат топло 12ч и ладно мислам 5ч. Презадоволна сум, и децава многу ги сакаат, вреди секој денар.
Јас не сум знаела дека не се перат во машина, ги бутам нон стоп ништо ми се нема уништено, кај нас нема налепници, самото шише е принт. Две имаме и од помалите и поголемите. Инаку и јас да ги пофалам ептен се добри и вредат за парите
Здраво мајки, не ми се верува дека моето дете ќе биде прваче. Ве прочитав повеќето и се потсетив како си пишувавме во време на короната. Така убаво ми дојде на душата. Не сум многу активна на форумов, само кога имам некоја мака Дали некоја има список што е потребно од материјали за прваче да купам со време да не трчам во последен момент? Знам за ранец само, ми препорачаа од Gabol просветно дело.
Со овој дел нема да се согласам. Според мене нема подобро од тоа да носат униформа, наместо да се мерат кој поскапо парче носи и да се ствараат комплекси од небитни работи од најмала возраст. Ова нормално ако се почитува и ги носат. Во училиштето кај моево се носат редовно. Он ако му спомнам да облече друго не сака да слушне.
Како една маичка, дуксер или блуза ќе го променат статусот на детето?! Што правиме со обувките, школскиот прибор и другите нешта кои секојдневно ги носат. Униформа да, но само за наставниците и се разбира почитување на кодексот на облекување од страна на учениците.
Плус колата со која го носиш детето во училиште, каде детето оди на одмор и колку често... Да додадеме и ако некое дете има викендица, стан во Охрид, Грција... Униформата нема никакво значење. Факт е дека никогаш, никаде нема да се еднакви. Ниту додека се деца, ни кога ке пораснат.