Јас не ни коментирам пред децата за други луѓе, ниту сум спомнала дека некој што купува скапо е глуп. Ги учам да ги ценат луѓето според тоа што се, а не според тоа што носат и колку имаат, никогаш не коментирам за брендови и дека некој вреди повеќе ако носи скапи алишта. Моите немаат брендирана облека ниту којзнае какви телефони, малиот не ни има телефон на 10 години, ама знаат дека парите се заработуваат со труд и знаат дека не треба беспотребно да фрлаат пари на нешто само затоа што другите имале или требало да се носи тој бренд. Децата ќе пораснат и со и без скапа облека, работата е да ги научиш на вистинските вредности во животот.