Јас не ни коментирам пред децата за други луѓе, ниту сум спомнала дека некој што купува скапо е глуп. Ги учам да ги ценат луѓето според тоа што се, а не според тоа што носат и колку имаат, никогаш не коментирам за брендови и дека некој вреди повеќе ако носи скапи алишта. Моите немаат брендирана облека ниту којзнае какви телефони, малиот не ни има телефон на 10 години, ама знаат дека парите се заработуваат со труд и знаат дека не треба беспотребно да фрлаат пари на нешто само затоа што другите имале или требало да се носи тој бренд. Децата ќе пораснат и со и без скапа облека, работата е да ги научиш на вистинските вредности во животот.
Се согласувам целосно со првиот дел. Со вториот дел не. Но веќе отидовме даалеку со темава. Не е ок да навредуваш некого дека е глуп, ма како и да ја завртиш работата.
Здраво,мајки.Kares ili Cool Bottles искуство ? И прибор за храна од каде сте задоволни ,гледам Офис,Просветно дело ....
А тие што прашувате за кутија за храна, нели имаат во школо храна? Или им ставате нешто плус од дома. Прашувам да знам дали треба од дома нешто да му спремам.
Немам прваче, во градов нема всушност ни целодневна настава. Е сега од децата на колеги и роднини. Децата во училиште добиваат како демек здрав оброк. Еден ден интегрално печиво, следен Витанова житен бар, некогаш банана и јаболко. Во принцип тоа. Најчесто им праќаат од дома плус кроасан, вафла, крофна, некое печиво од пекара, смоки и слично. Малите деца не ги пуштаат и наставниците сами да одат да си купуваат. Нема во склоп на училиштата туку во близина ама пак треба улици да се преминат. Плус шише со вода. Далеку сме од почетокот на училиште и прваче и може и многу работи ќе се сменат до тогаш, во меѓувреме е така. Плус има дневни престои нели кај што остануваат деца пред/после училиште. За таму е опција или да се доплати готвена храна или да си праќаш од дома.
Ужинка праќам, ако седи до 4-5 таму ќе им треба. Тие што не се пријавени за храна, си носат 2 оброка од дома.
И во нашиот град нема целодневен престој и затоа мора да праќаме храна од дома особено кога се прва смена бидејќи учителките не ги праќаат во продавница. Првачињата не се многу долку нашкола ама сепак вода и ужинка мора да пратиме.
@mekotel92 јас во второ после милион други шишиња купив од Kares. Го користеше до второ полугодие од 5 одделение кога му го снема. Шишето остана топ. Пластично со цевка беше и не протекуваше ниту се умирисуваше.
Од шишињата од Карес не сум задоволна. Сите мувла фаќаат во цевката. Два пати во денот ги миев, цевката со тенката четка за цевки што влегува внатре и пак црна излегуваше. Според мене, шишињата за вода треба да се помалку комплицирани за чистење, што помалку непристапни места да имаат. Земав само со широк отвор и класично отворање, за мали деца може да е проблем, ама учат брзо како да не се намократ кога пијат.
Дали ги има некој кутиите за храна од Kids and Co да сподели дали се практични за прваче? Одмна ги меркам, и за на пикник, плажа, и таман и за во школо.
Најобично термос шише од Веро ни се погоди најпрактично, а му беше трето по ред. Им паѓаат цело време, и мислам дека нема дете во одд кое не смени барем 2 шишиња. На темата за облеката. Во прво одделение не знаат каде се наоѓаат, не па да гледаат кое дете какви фармерки носи. А и секако ќе се исфлека или ќе се скине за 1 месец макс, што знае дете каква му е маицата додека игра, трча, седи на земја, паѓа.. Има многу глупости во школо, ама до сега немало прашања за кој какви патики носи. И не треба ни да има. Инаку зависи многу од наставниците, одделението, населбата, родителите... кај нас иако се 'избрани деца' со поголем број родители на функција (проф на факултет, доктори, дипломати, банкари, бизнисмени, инфлуенсери ..) немало коментари за облека, или за други работи што носат во школо. Мада и наставничката е супер, не дозволува поделби. А кај на другарка малата во друга населба, уште од градинка тема е марката на патиките и боици од 10.000 денари. Пола група во одделение не е ни во можност да купи, ама нели како прават сите...
Kakvi sisinja kupivate za prvacinjata? Treba da zemam za podarok no neznam kakvo, dali od tie so cevka ili poinakvo?
Дали периодов септември кога е топло им облекувате за на училиште куси панталончиња на машките? Прашувам бидејќи во секое училиште има кодекс на облекување ама сепак се работи за топло време и училници без клими за да може да се почитува истиот
Баш денес ми стигна од Просветно Дело , му нарачав на син ми , и несесер ист и кутија за храна со ист лик -комплет
Мајка ми била во office plus struga и ми прати само две ранчиња и рекле online нека одбере, онлајн ништо нема.. како поубави за машки да има ај ќе видам просветно online што имаат