Првачиња

Дискусија во 'Дете' започната од Snow-Queen, 2 септември 2013.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    110.062
    Пол:
    Женски
    Појди на разговор, ама никогаш не ја зимај изјавата на детето сто посто точно така, едно детенце ја направи мајка му така мајмун пред учителката. Детево кажало дома дека не му даваат него да работи задачи, дека не го прашуваат ништо, а реалноста била дека детето не прифаќало ништо, ниту зимало наставни ливчиња ниту сакало да одговара, и тоа потврдиле и дечињата бидејќи и мајкава курназ пред децата прашала и ги прашала и децата, убедена дека детево не ја лаже. Јас на дете не верувам сто посто, не му покажувам туку едноставно проверувам прво, секогаш прашувам што довело до таа ситуација и да ми објасни како било.
     
    На TarantulaA, JoyJoy и Srcka28 им се допаѓа ова.
  2. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    12.587
    Пол:
    Женски
    Што им спремате на дечињата во школо за јадење?
    Снемав идеи веќе, најчесто носи палачинка, тортиља со пилешко и кашкавал, домашни кифли со поховано пилешко, вафла, пица му правам,крофни со чоколадно млеко, пица лиснато, тост. Среќа не е целодневна не знам што идеи би имала за цел ден. На почеток убаво си носеше лазања, макарони со сос, ама сега се срами дека дечињата повеќе се со сендвичи што купуваат а тој не сака купечко фала богу па за неколку часа некако смислувам по нешто.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    22.701
    Пол:
    Женски
    @anggell @JoyJoy
    оваа ситуација е втор пат.Прв пат му се развика во прво полугодие.И отодов..Да не го тупам со детали,многу лош впечаток и мислење имам за неа.Сака да е строга ама преку првење уплав на децва со дерење.Никакви педагошки мерки.Многу жално,многу жално.
    И не е само моево дете исплашено,неколку се.Има и едно дњвојче секое утро плаче коа ќе го остават.Њдноставно,не се замара да ги внесе во образовниот процес децава.Као мора школо и тоа е тоа.Ништо забавно.Многу сум разочарана
     
  4. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    12.587
    Пол:
    Женски
    Тогаш оди пак, ситуацијата не е за занемарување. Јас да сум би отишла. И нашата е строга. Ама има си свои начини и никогаш преку викање не ги заплашува. Сега нормално мора и да ги скара, ама тоа во граници на нормала.
    Штом дечињата плачат имат веќе развиено страв од неа :(
    Строгост не значи некој страв да добива, тоа требало барем таа да го знае, работи со деца.
     
    На TarantulaA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    110.062
    Пол:
    Женски
    Моето е целодневна ама се храни од дома зошто храната ни е ужас. За појадок праќам житарки со млеко или со јогурт, зависи што ќе јаде, кришки намачкани со Аргета Џуниор, кремче, кремсир, нешто такво, кифлички некои со нешто или празни па плус кашкавалче саламче, некое пециво или палачинки ако имам од претходниот ден направени. За ручек праќам претежно тортиља со сувомеснато или пак пржам еден омлет и пред да го превртам ја ставам тортиљата и сосе тортиља го превртувам, па внатре сиренце, сувомеснато, зеленчук или ништо само кечап у средина, како сака така, варени макарони со сиренце и кечап, било какви тестенини де, некогаш пита ако имам дома некоја праќам тоа, потпечени макарони или било каков печен ручек ако имам, сув, му праќам, ориз ли, мусака ли, компири ли со мевце... Ужинки нејќе да јаде, праќав овошје ама ми го враќаше гмечено гмечено ко за џем. И обавезно вода.
    Ако е така размисли да го префрлиш во друг клас или пак организирајте се цело одделение да ја сменат. Штом се повторува ситуација дефинитивно нит дете лаже нит па е единствено.
     
    На TarantulaA и anggell им се допаѓа ова.
  6. CooperD

    CooperD Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.301
    Пол:
    Женски
    А од кај земате убави цврсти кутии за храна? да се затвараат убаво, без протекување
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    110.062
    Пол:
    Женски
    Досега најубава е последнава од Офис Плус, а и не беше нешто многу скапа.
     
    На CooperD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Првачиња од Скопје, дали беа или ќе одат на екскурзија и каде(најчесто е Сарај знам).
    Ве замолувам да ми кажете цена на превозот, сакам да направам споредба.
    Воедно, кај нас највероватно истата нема да се реализира, сите родители се бунат за цената, па така цели одделенија веќе имаат решено дека нема да одат.
    Кај нас се поделени мислењата.
    Иначе оваа екскурзија е за од 1одд до 3 одд.
     
    На TarantulaA и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. Asher

    Asher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Ќе одат следна недела во Сарај. 230 денари.
    Во прво полугодие беа Хиподром не памтам точно ама околу 190 денари беше.
    Која цена е кај вас?
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Од буњаковец до Сарај 400 ден по дете.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Asher

    Asher Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Женски
    Аууу и на ручек да не ги носат. Срамота.
    Нашава цена е за од Ново лисиче инаку.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zumbulka86

    Zumbulka86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2020
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Здраво. Конкретно за првачињата од Ѓорче знам дека ќе одат во Кучково на екскурзија и истата чини 280 ден.Искрено и јас мислам дека е малце поскапо само за превоз, сметајќи дека воопшто не е далеку, ама до сега не се побуниле родителиве.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Еве не знам искрено што да кажам...
    Шок ме мавна кога видов цената.
    Будали не прават.
     
    На SummerGirl и Asher им се допаѓа ова.
  14. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    За ова треба да реагираат родителите преку совет на родители.
    Кај нас од оваа година од совет на родители решија дека превоз за во Скопје не може да биде поскап од 150/тина денари отприлика беше, оти лани ептен имаа различни цени на секоја посета.
    Што да кажам? Си прават бизниси од децата.
     
    На CooperD, 24.07, JoyJoy и 2 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.741
    Допаѓања:
    38.499
    Пол:
    Женски
    Јас лани не ги пуштив децата. Каква екскурзија. За до Волково не давам 250 денари. Па со автобус е 50 денари. Прават бизниси. Така им одговара на директорите.
     
    На Zumbulka86, 24.07 и Цвет88 им се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Родителиве сите се откажаа, но има и такви што не им пречи.
    Демек многу е, ама сакаат да се реализира.
     
    На An-na и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.888
    Допаѓања:
    110.062
    Пол:
    Женски
    Ту мач! Од Ѓорче до Никита е 315ден кај нас. За до Кучково плаќавме по 210ден.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.477
    Допаѓања:
    22.808
    Пол:
    Женски
    Абе шо да кажам, маж ми и пресметка им напраи... Ахахаха
    Вика трошок им е 50 ден по дете, еве и 150 да земат, пак ќе се у ќар.
    За 18 км(во двата правци се работи).
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    33.256
    Пол:
    Женски
    Скроз забегале со цениве и тоа за еден час, час и пол максимум толку трае кај нас во пп екскурзијата.
    Најдобро би било да се организирате, ако има родител слободен да ги однеси тој.

    Лани кај нас мислам беше 70 денари превоз еднаш ги носеа на Могила околу 4км во двата правци и во Селце 10тина км.

    Вчера дете ми кажа ќе оделе наредниот четврток, но немаат објавено уште каде и по колку за превоз
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    5.415
    Значи колку се напнав. Бевме на тестирање дете се си кажа убаво сите прашања убаво одговорени. На тоа најмногу се плашев затоа што дома тресе зелени. Но не вратија Август на тестирање затоа што дете било темпераментни хиперактивно и немала авторитет( во моменти кога ја прашуваа таа си докажуваше плус работи) и кога заврши праша дали може да си оди... Во стилот дека готово завршив ајде ...
    Немаме добиено л и р во изговор.
    Се надевам дека август ќе поминеме т.е. дека ќе средиме се што треба веќе август ќе има полни 6
     
    На mal.ecka и TarantulaA им се допаѓа ова.