Појди на разговор, ама никогаш не ја зимај изјавата на детето сто посто точно така, едно детенце ја направи мајка му така мајмун пред учителката. Детево кажало дома дека не му даваат него да работи задачи, дека не го прашуваат ништо, а реалноста била дека детето не прифаќало ништо, ниту зимало наставни ливчиња ниту сакало да одговара, и тоа потврдиле и дечињата бидејќи и мајкава курназ пред децата прашала и ги прашала и децата, убедена дека детево не ја лаже. Јас на дете не верувам сто посто, не му покажувам туку едноставно проверувам прво, секогаш прашувам што довело до таа ситуација и да ми објасни како било.
Што им спремате на дечињата во школо за јадење? Снемав идеи веќе, најчесто носи палачинка, тортиља со пилешко и кашкавал, домашни кифли со поховано пилешко, вафла, пица му правам,крофни со чоколадно млеко, пица лиснато, тост. Среќа не е целодневна не знам што идеи би имала за цел ден. На почеток убаво си носеше лазања, макарони со сос, ама сега се срами дека дечињата повеќе се со сендвичи што купуваат а тој не сака купечко фала богу па за неколку часа некако смислувам по нешто.
@anggell @JoyJoy оваа ситуација е втор пат.Прв пат му се развика во прво полугодие.И отодов..Да не го тупам со детали,многу лош впечаток и мислење имам за неа.Сака да е строга ама преку првење уплав на децва со дерење.Никакви педагошки мерки.Многу жално,многу жално. И не е само моево дете исплашено,неколку се.Има и едно дњвојче секое утро плаче коа ќе го остават.Њдноставно,не се замара да ги внесе во образовниот процес децава.Као мора школо и тоа е тоа.Ништо забавно.Многу сум разочарана
Тогаш оди пак, ситуацијата не е за занемарување. Јас да сум би отишла. И нашата е строга. Ама има си свои начини и никогаш преку викање не ги заплашува. Сега нормално мора и да ги скара, ама тоа во граници на нормала. Штом дечињата плачат имат веќе развиено страв од неа Строгост не значи некој страв да добива, тоа требало барем таа да го знае, работи со деца.
Моето е целодневна ама се храни од дома зошто храната ни е ужас. За појадок праќам житарки со млеко или со јогурт, зависи што ќе јаде, кришки намачкани со Аргета Џуниор, кремче, кремсир, нешто такво, кифлички некои со нешто или празни па плус кашкавалче саламче, некое пециво или палачинки ако имам од претходниот ден направени. За ручек праќам претежно тортиља со сувомеснато или пак пржам еден омлет и пред да го превртам ја ставам тортиљата и сосе тортиља го превртувам, па внатре сиренце, сувомеснато, зеленчук или ништо само кечап у средина, како сака така, варени макарони со сиренце и кечап, било какви тестенини де, некогаш пита ако имам дома некоја праќам тоа, потпечени макарони или било каков печен ручек ако имам, сув, му праќам, ориз ли, мусака ли, компири ли со мевце... Ужинки нејќе да јаде, праќав овошје ама ми го враќаше гмечено гмечено ко за џем. И обавезно вода. Ако е така размисли да го префрлиш во друг клас или пак организирајте се цело одделение да ја сменат. Штом се повторува ситуација дефинитивно нит дете лаже нит па е единствено.
Првачиња од Скопје, дали беа или ќе одат на екскурзија и каде(најчесто е Сарај знам). Ве замолувам да ми кажете цена на превозот, сакам да направам споредба. Воедно, кај нас највероватно истата нема да се реализира, сите родители се бунат за цената, па така цели одделенија веќе имаат решено дека нема да одат. Кај нас се поделени мислењата. Иначе оваа екскурзија е за од 1одд до 3 одд.
Ќе одат следна недела во Сарај. 230 денари. Во прво полугодие беа Хиподром не памтам точно ама околу 190 денари беше. Која цена е кај вас?
Здраво. Конкретно за првачињата од Ѓорче знам дека ќе одат во Кучково на екскурзија и истата чини 280 ден.Искрено и јас мислам дека е малце поскапо само за превоз, сметајќи дека воопшто не е далеку, ама до сега не се побуниле родителиве.
За ова треба да реагираат родителите преку совет на родители. Кај нас од оваа година од совет на родители решија дека превоз за во Скопје не може да биде поскап од 150/тина денари отприлика беше, оти лани ептен имаа различни цени на секоја посета. Што да кажам? Си прават бизниси од децата.
Јас лани не ги пуштив децата. Каква екскурзија. За до Волково не давам 250 денари. Па со автобус е 50 денари. Прават бизниси. Така им одговара на директорите.
Родителиве сите се откажаа, но има и такви што не им пречи. Демек многу е, ама сакаат да се реализира.
Абе шо да кажам, маж ми и пресметка им напраи... Ахахаха Вика трошок им е 50 ден по дете, еве и 150 да земат, пак ќе се у ќар. За 18 км(во двата правци се работи).
Скроз забегале со цениве и тоа за еден час, час и пол максимум толку трае кај нас во пп екскурзијата. Најдобро би било да се организирате, ако има родител слободен да ги однеси тој. Лани кај нас мислам беше 70 денари превоз еднаш ги носеа на Могила околу 4км во двата правци и во Селце 10тина км. Вчера дете ми кажа ќе оделе наредниот четврток, но немаат објавено уште каде и по колку за превоз
Значи колку се напнав. Бевме на тестирање дете се си кажа убаво сите прашања убаво одговорени. На тоа најмногу се плашев затоа што дома тресе зелени. Но не вратија Август на тестирање затоа што дете било темпераментни хиперактивно и немала авторитет( во моменти кога ја прашуваа таа си докажуваше плус работи) и кога заврши праша дали може да си оди... Во стилот дека готово завршив ајде ... Немаме добиено л и р во изговор. Се надевам дека август ќе поминеме т.е. дека ќе средиме се што треба веќе август ќе има полни 6