1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Присилни мисли

Дискусија во 'Психологија' започната од doctorgreyxo, 19 март 2017.

  1. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Здраво.Видов дека нема ваква тема па отворив нова.
    Ако случајно не сам видела в канта.
    Самиот наслов кажува се.Опседната сум со сопствените мисли... лоши ама.Самокритична сум и лоша спрема себе.Гледам само како некој ми прави добро, а јас сум била неправедна.За некои работи што сум згрешила а не биле толку за паника и да размислувам толку многу и да ги сфатам трагично јас се опседнав.Се изгубив и неможам да се пронајдам.Се обидов самата да си помогнам и добро беше 2 недели и сега пак почнаа тие мисли.Да бев неправедна од х причини не сакам да признаам ама многу се доведов до тешка ситуација.
    Булимија .. следи полошо.
    Слаба сум ептен.
    Мислам дека ќе полудам.Секоја секунда помислувам колку сум лажга, неправедна... сама се критикувам.. да до негде сум неправедна ама не до толку за да се опседнам со тоа и да бидам сигурна дека мене не ми направил тој некој нешто зад грб, дека е искрен, дека не ме лаже... а јас дека сум се спротивно.
    Премногу идеализирам некој друг.. а тоа е тогаш кога тој се однесува предобро со мене, ме третира како нешто свето.. ме почитува итн.
    Лек? Совет? Не се издржува ова.Вака ми е 7 месеци можеби и повеќе.Прво не бев до толку ама сега и ми делува на расположението.Наеднаш исклучувам и мислам само на тоа и не сум тука во реалноста... одлутувам со мислите и не ни слушам што ми зборуваат.
    Се надевам ќе ми помогните.Не знам кај да се обратам.
     
  2. Ledena1234

    Ledena1234 Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2017
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    30
    Здраво,
    Не си единстврна. И јас го имам тој проблем. Премногу имам такви мисли и многу е тешко тоа чувство. Дали се чувствуваш стално така или е на периоди?
    Тие мисли не тераат да мислиме негативно и затоа е такво и нашето расположение.
    Ако сакаш можеш да ми пишеш па да споделиме искуство.
     
  3. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Таков е животот бо денешно време. На сите им е најлесно да те обвинат дека си ти за нешто виновна и ако ти како личност си сугестибилна, тоа го прифаќаш. Од тука следи висока самокритичност. Но, треба да знаеш дека неможеш на сите да им погодиш. Едноставно, се што си направила си направила со причина. Дали е добро или лошо, најпрво мораш да мислиш на себе. Ако ти било тебе убаво и во ред и поради тоа си направила нешто, што и да е, не вреди да се критикуваш. Живеј си за тебе, а не за другите. Ако приметуваш дека одредена личност ти префрла за речиси секоја твоја постапка, голема е веројатноста дека таа е причина за твоите чувства. Разговарај, ако не помогне избегнувај ја таа личност. Во денешно време секој мисли само за себе, и не е ппгрешно ако понекогаш си малку себична. Во ред е некои работи да ги правиш сама за себе, да си посветиш еден час во денот, и да не си им достапна на сите во секое време.
     
  4. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Многу си земаш при срце за се и сешто. На доброто возвраќај со добро и немој многу да се замараш со тоа кој што мисли и што би кажал. И најдобра да си некој тоа нема да го цени па затоа поработи на личната среќа и задоволство без постојано некој друг да ти е во мислите. Не знам од каде ти произлегуваат мислите дека си лоша и неправедна. Навистина ли така постапуваш? Размисли и кажи дали имаш на ум барем три примери каде некој направил нешто добро за тебе а ти си му вратила со лошо.
     
  5. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Навистина проблемот лежи во тебе и само ти можеш да се излечиш од тоа. Тешко е многу и јас сум врвела низ тоа но мораш да се обидеш секоја лоша мисла даја претвориш во позитивна..Пример мислиш дека си лажга, па да речеме можеби навистина си, зошто не пробаш да бидеш искрена со луѓето околу тебе и да се обидеш да размислуваш дека ќе бидеш малку повеќе искрена? Мораш по свесно да размислуваш. Бидејќи ако ти се критикуваш себеси и другите ќе почнат да те критикуваат. И не треба многу да размислуваш како се одесуваат другите, тоа тебе да не те интересира гледај си пред себе и потруди се да бидеш што подобра со своите мисли. Смири се..
     
  6. Change.

    Change. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2015
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    426
    Пол:
    Женски
    Работи на себе, на самодовербата, на љубовта спрема себе, кога доволно ќе се сакаш и почитуваш себеси нема да им придаваш толкаво значење на другите луѓе, нема да им се замараш толку.
    Симни некои такви книги(Лујза Хеј прво на неа ми текна, има и многу други) некои видеа на јутуб...
     
  7. N0NamE

    N0NamE Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Машки
    И јас си ја имам истава мака премногу лоши и негативни мислења имам за самиот себе сопствените мисли ме тераат да размислувам погрешно и негативно да гледам на работите немам никаква самодоверба ништо не ми оди од рака премногу празно се чуствувам од внатре све си мислам дека го дишам воздухов за џабе како да сум и товар на планетава.(facepalm)
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се засакаш себеси, чуда се случуваат. :) Знам по себе. Треба да почнеш прво да мислиш на убавите, позитивните нешта кај себе. Потоа, да почнеш да го менуваш она што не ти се допаѓа. Ако мислиш дека си лажга и неправедна (како што напиша) тогаш промени го тоа. Ти треба само цврста волја и ќе успееш. :)
     
  9. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Го променив тоа.. не е сега така.Не дека некогаш лажев за тешки работи туку едноставно ќе ја скријав некоја работа што не сакам да се знае затоа.. а не дека било толку лошо.
    Ама сега заради тоа и некои проблеми што ми се натрупаа.. станав опседната и неможам да мислам позитивно.
     
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.777
    Пол:
    Женски
    Прочитајте ја книгата Моќта на потсвеста од Џозеф Марфи.
    Таа е број 1 книга за самопомош.
     
    На Ketchup и doctorgreyxo им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Ако се сака се' се може, само цврста волја и упорност треба. Секако дека можеш. Опседнатоста со тоа скрши ја така што ќе почнеш да се занимаваш со други работи, да размислуваш за други работи. Ако им се отвори врата на таквите мисли и ако завладеат со нас (што е твојот случај баш таков) тогаш човекот се соочува со тешки психички состојби... запрашај се ЗОШТО си дозволила таквите мисли да те надвладеат. Мислата мора да се контролира затоа што какви ни се мислите таков ни е и животот. Погледни поубаво, има толку позитивни нешта на кои можеш да се насочиш. :) А проблеми имаме сите. :)
     
  12. doctorgreyxo

    doctorgreyxo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2017
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Пробувам па ќе видиме.
    Факултетот ми е сега битен иако и тој ми ствара нервози еден милион.Шта чеш.
    Инаку пијам едни апчиња stress се викаат ми помагаат и бедоксин.
    Пробувам да си ги средам мислите.