Спојлер ако ви е глупа темава и не поттикнува дискусија слободно можи клуч или в канта барав ваква тема но не најдов Па феминки во оваа тема можете да постирате слики од вашите ранци за во школо,какви ранци ви се допаѓаат,какви ранци не ви се допаќаат,ранци за во средно,основно и така ајде да видиме колку ќе се развие дискусија на темава
РАНЕЦ ЗА ВО ШКОЛО во план сум да си купам некој ваков ранец за во школо но незнам дали се носи сеуште да не изгледа старомодно да не ми се смеат (зашто во средно ќе одам )па.....
РАНЕЦ ЗА ВО ШКОЛО Овие горе мене некако не ми се за на училиште , поготово не средно , овој цветниот најдоле може ами тие како вреќуфви што се некако ми се чудни Инаку јас за мене си купив од Охрид од лининк ефтино го начекав за 800 денари намален од 1900 . Иаку мојот е црвен со бели точки
РАНЕЦ ЗА ВО ШКОЛО Јас носам ваков ранец за војнички и средно сум и сите ми го сакаат, ама време ми е за нов. Така да воопшто нека не ти е гајле каков ранец носиш, затоа што некои мои соученички дури детски ранци носат
Хм.. јас сакм мали ранци со по еден-два патента и да се во светли бои. Не ми се допаѓаат оние што се носат на рамо, мислам дека не се удобни поради тежината од книгите.
Имам ваков ама помал е Си го обожавам практичен е и не е многу голем.Поклон од мојот покоен дедо кој не би го сменила за било каков модерен ранец.Ќе го износам уште некоја година
Јас имам скроз ист ваков и многу сум задоволна еве го носам скоро цела година и гајле нема го земав во октомври бидејќи ми се скина другиот и го фатив на попуст - 1500 денари а и супер е на изглед
Јас имам ваков од 5то одделение го носам имам уште еден ист ваков ама не е црн туку портокалов е,незнам со кој памет го купив портокалов
Ве молам дајте некој предлог за ранец за средно..Од 2 септември сум прва година и врска немам што да купам..
имам ваков само бојата е различна,мојот е нешто како боја на црвено вино и да никогаш не сум имала ранец со барбка сум имала со коњи,со коцки,еднобојни,шарени,ама барби не
Како прво честитки и со лесно прва година,биди си опуштена не се срами првиот ден(нормално е ако имаш мала доза на нервоза ) Еве нешто предлози од мене: Спојлер Поздрав
Ти благодарам за честитките, а што се однесува на предлогот и јас сакам нешто во стил првите два модели па веројатно тоа ке да е
и јас сум од септември 1 година така да и јас сум преокупирана со тоа еве и мои предлози а можи и нешто вакво (јас ако најдам секако ќе си купам) Инаку каде можам да најдам ваков ранец? бтв Нека ни е со среќа на сите што одиме 1 година средно од септември
Воопшто не ви требаат големи ранци.. И нема врска какви се важно да бидат практични, а може и обична чанта за излегување кај мене во школо такви носат повеќето..
И јас од септември сум прва година, па планирам да си купам ранец ама не од оние за на едно рамо, и сакам да биде од лукас или орка, ќе видам каде има подобри