Па искрен разговор со некој близок но сакам во денот да имам и барем малку време за себе.Ако тоа не е возможно дома одам на мала прошетка да излуфтирам глава..
Масажа од дечко ми! секогаш ме релаксира! Музиката на Здравко Чолиќ и... друштвото на една моја драга личност што сега е далеку од мене
Обожавам се да ми е средено и чисто,да сум сама дома,да има добра музика,топла купка со прекрасен мирис.Исто така обожавам масажа и пиење кафенце или сокче тотално сама или во придружба на дечко ми.
Си се релаксирам со некоја книга, таа ми ги трга мислите од проблемот. Или пак, се бапкам вкревет и отспивам едно два-три саати А понекогаш најубаво се чувствувам откако ќе си се изнаплачам, ама тоа го правам само кога сум сама.
Во последно време ме релаксира многу едно аудио парче за медитација. Легнувам, се опуштам, слушалките на уво и 60 минути ми поминуваат во рок од 3 минути. После тоа сум целосно нова и свежа. Ме релаксираат и убави, романтични филмчиња зачинети со сладолед или чоколадо. Прошетка и кафе со пријатно друштво, пливање. Нормално најмногу сакам кога сум сама дома, тогаш обожувам да си шетам по долен веш или гола , сакам да готвам, да играм на гласна музика, да пеам, а потоа да се тимарам (разубавувам).
Читање добра книга секогаш ме релаксира , коктелче од соковник што јас си го правам ( најлудо нешто микс лубеница диња и банана ) , кога се мачкам со лосион за тело , кога се дрмам со Вибратон од топ шоп , Слушам музика и си играм по дома , кога се шминкам .. незнам зошто но ме релаксира
Се опуштам на разни начини, како што ќе ми дојде во моментот, најчесто сакам да легнам, да се испружам и ништо да не правам и да не мислам на ништо, некогаш сакам да пуштам тивка музика и да лежам, а некогаш пак гласна и да играм колку што можам. Исто многу се опуштам кога возам точак или пак кога цртам
Најмногу се релаксирам кога сум сама дома . Музика + танцување + сам дома = рилекс во последно време се релаксирам пред спиење ги ставам слушалките ,пуштам музика или на радио ако се погодат добри песни и така заспивам. Преку ден ме релаксира и одмарање на кревет или пак додека лежам да читнам нешто(дали книга , дали од списание) Релаксира и еден муабет ама онака длабок
Во последно време си најдов чуден начин за релаксирање Ги перам завесите со некој ептен миризлив омекнувач за лаишта, ги ставам влажни, легнувам надолго и нашироко врз кревет и слушам нелое ептен мирно музиче Ем убаво ќе се изнамирисам ем ќе си лежам и уживам Моиве се чудат што може да се валкани завесите за три-четири дена
Да се релаксирам прво ми треба да сум сама дома или пак сама да шетам. Да сум сама дома и:да слушам музика,да денсам,да правам некои си специјалитети...
Се релаксирам со доолго спиење после некоја успешно извршена обврска. Па туширање со топла вода,па сите ритуали на убавина(т.е шлапање со креми,млека за тело и сл.)Јадење нешто што сама ќе си го спремам, музика и некое интересно филмче. Секако се тоа е најубаво ако сум сама дома.
Најчесто се релаксирам со слушање музика,топла купка со убави етерични масла,чистење по дома со музика,готвење,муабетење со некој близок.
може и полна када со меурчиња(ама да не предизвикам поплава ми е страв) а може и релаксација како јога пилатес или латино-денс аеробик а можеби може и чоколадна масажа во козметички салон или пак само масажа
Обавезно еднаш неделно одам во салон за убавина..масажа, педикир, маникир, третмани за лице...тоа е тоа што ме релаксира...а, да, како се релаксирам кога одам на шопинг мх мх мх Кога сум дома, сама, знам да си ја пуштам мојата омилена песна која исто така многу ме релаксира http://www.youtube.com/watch?v=GhV2ceRw2N4