Омилени ми се деновите во кои голем дел од денот го поминувам со семејството. Заедничко шетање, ручеци, а и помагањето на сестра ми, околу нејзиното учење, ми е вистинско задоволство. А исто така и поминување време и со поширокото семејство, роднините, а потоа и со искрени и добри пријатели. Среќа е да имаш толку добри и искрени луѓе околу тебе, со кои секој момент ти е посебно драгоцен.
Во реален живот толку не можам да одржам еден разговор без да има awkward моменти,што дури и во сонот што го сонував се испобунив што да кажам додека разговарав со една важна личност.
Еве ми пропаднаа сите планови заради туѓа неорганизираност. Не бидете неодговорни, најлоша особина на свет е.
Најголема желба ми е да се разбудам меѓу двајца мажи,од кои едниот ќе ми каже:"Добро утро љубов моја", а другиот: "Здраво мамо"
Цел живот ме учеа моите да бидам скромна, да не бидам материјалист, сега кога пораснав сфатив дека не сакам да бидам скромна.Не сакам просечна работа, просечна плата, просечен живот.Сакам удобен живот.Сакам да имам пари да шетам каде сакам и кога сакам, сакам да си дозволам скапи парчиња облека и некои ситни луксузи кои ми прават ќеф, сакам да јадам добра храна во добри ресторани, да вкусам и видам се што посакувам, ако ме прави тоа лоша личност, нека.Ќе си го заработам сето тоа со мој труд, ама не, не сакам да бидам скромна. Вчера мајка ми ми вели ајде не се жали некој нема ни за леб, помисли на нив и ѝ реков епа мамо зошто еднаш да не се споредиме со оние што имаат и за млеко.И ја замислив...свесна сум и тешко ми е и за тие што немаат за леб, благодарна сум што имам, ама не сум задоволна само со тоа. Моите се скромни луѓе стварно и добри, ама тетка ми никогаш не била и денес го шета газот до Малдиви трипати годишно, а сепак не ја прави тоа лош човек. Јас денес не си ги тегнам нозете подолго од чергата, ама затоа утре ќе си ја продолжам чергата...
За некој ден ми е роденден, а јас нема кого да викнам за да прославам. Ниедна другарка... Многу тажно и депресивно, не знам до кога вака...
Конечно оздравувам. Ноќва спиев полни 12 саати и денес се разбудив како нов човек. Дома ми е како бомба да паднала,се гледа дека не сум можела ништо да фатам и да средам. Како сум јадела,лупела овошје,се е така останато. Денес видов малку сила и одма планот ми е да направам се тип топ чисто. После да се средам себе и да шетнам некаде на некое кафе. Немам пиено една недела кафе,ми се гадеше од неговиот вкус заради болното грло. Имајте убав ден.
Eдвај Чекам негде да отидам,надвор од Скопјево,во село на пр,да си ги однесам деЧиЊава на воздух,ама се неШтодруго излегува...
Ако даваш торта, ќе се пријават еден куп девојки од овде. Еве јас. Немој да бидеш тажна, ќе се среди се
Ќе научам ли некогаш да им верувам на луѓето ?! Било што и да ми кажат,некаква информација,нешто поврзано за нив,за нивниот живот,работа,љубов,јас сето тоа го земам со резерва.Не можам целосно да им се препуштам и да им верувам.Моите маки,проблеми и тајни на никој ама баш на никој не ги доверувам.Чисто од страв дека ќе ме повредат,дека ќе ме изиграат. Не искажувам ни чувства многу лесно.Си формирам сама околу себе некој штит, во случај некој да проба да ме повреди.Секако дека ги сакам тие што се околу мене и не можам да си го замислам животот без нив и наоѓам милион разни начини индиректно да им покажам дека ги сакам премногу. Но,кога некој вака емоционално ќе те осакати треба долго време да се излечи тоа. Како рекле,ако се изгориш на млекото,ќе дуваш и на јогуртот. Имајте убав ден женчиња
Од шопинг и гардероба никогаш доста.. Жени.. Обожавам кога викендски ќе излезам до околниот трговски и ќе прошетам со корнета сладолед по занимливи бутици. Онака си гледам секакво парче, детал, акцесор.. уживам во моментот и освежувам мисли. Жени.. Новата гардероба или било што задолжително првиот ден ја ставам на мегдан онака да ја гледам, ме облева чуство и една искрена насмевка на секоја глетка! Жени..
Се сеќавам точно на овој датум, пред точно три години. Се сеќавам точно како се чувствував, а и денес... И денес се чувствувам сосема исто. Истите чувства што ми го поматуваат разумот и ме вадат од кожа, истите чувства што секоја ноќ ме држат будна, истите чувства што ме тераат да го проколнувам животов но и да се радувам што сум жива. Истата личност за која сум спремна на се. Колку работи се сменија оттогаш, колку пати се израдував и се насмевнав, колку дена не можев да дојдам на себе од среќа, но и колку дена ги поминав во плачење гушејќи се во солзи. Го направив и тоа што мислев дека е невозможно. И после сите тие настани, чувствата останаа исти. Знам, не е добро што е така. Знам, требаше да избегам, да ме снема од тоа место а не да стојам и да пијам со поглед нешто за кое знаев дека нема да го поседувам. Нешто со кое знаев дека ќе треба да се разделам уште пред да сме се соединиле. Што беше тоа што ме привлече, и јас не можам да си го објаснам, и после толку време. Секој ден се убедувам дека знам, дека можам, дека сум доволно паметна да не одам со глава во ѕид. Но срцето не слуша и си тера по свое. Се претворив во слуга на своето срце, личност неспособна да расудува, личност кој живее во своите соништа.
@MacaLove Јас идам ако треба и без торта Се сетив на другар кој замина Австралија пред неколку години,ми пиша на скајап на Нова Година.....беше многу тажен,немало со кој да слави Нова Година.Останав да пишувам со него се до нивно 1 часот по полноќ па заминав да се спремам за дочекот со друштвото.Сега веќе има сопруга и две дечиња..не ми ни пишува повеќе..Не е битно,битно човекот сега има некој покрај него,не е сам и среќен е. Биди силна душо,Господ ќе ти прати некој да не се чувствуваш веќе вака.