Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.369
    Пол:
    Женски
    Цел живот си добар,секој божји ден..... Никој не приметува, или приметуваат ама знаеш, секако си добар константно и ништо ново.
    Како таков те знаат, им одговара.

    Еден ден во животот не си расположен, само не ти се збори а не дека ги мразиш или се лутиш.
    Тогаш одма коментари фрчат : "Абе женска шо ти вака? ;Нешто ладна, ни Здраво да речеш"

    Како бе приметивте?
     
    На cresa-jagoda, eliesaab, Rama и 35 други им се допаѓа ова.
  2. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Када те неко разочара, појави се неко ко те очара...Ваљда је то та нека равнотежа у свемиру, ко че га знати... :)
     
    На purple..m, crazylady, marama и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    12.160
    Тоа што имам добра душа, не значи дека секој будала може да ја гази. Тоа што многу нешта премолчувам, не значи дека сум глупава. Некои луѓе повеќе не се вредни за моето време, а ни внимание... :)
     
    На cresa-jagoda, Rama, purple..m и 9 други им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.162
    Допаѓања:
    221.826
    Пол:
    Женски
    СДК
    Обожавам да ве читам сите вас кој што несебично куцате зад тестатурите толку прекрасни и умни постови, поштувам и се соживувам со начитани луѓе и квалитетни постови.

    Нешто од работите кој што ми значат во животот е начитаноста и умешноста за добро склопен пост, што свесно или несвесно понекогаш би те натерал да продре длабоко во тебе и секогаш да научиш и прочиташ нешто ново и искрено од душава.

    Со задоволство се смешкам зад тестатурата кога наидувам на толку начитани и образовани луѓе, луѓе кој што несебично ја кажуваат вистината која што се крие зад нашиот свет, тешкиот шамар што некогаш човека си го удира при вакви ситуации.

    Се на се, несвесно влетав во ова катче каде што свесно и одговорно прознавам дека ми е неопходен дел од мојот ден..

    И да, сеуште постои човечноста, начитаноста, дружбата, пријателството, љубовта и вистинските вредности кај луѓе што знаат што сакаат од животот, оформени луѓе со цврст карактер и став, тоа е она кое што јас го преферирам.

    Ќе бегам и бегам подалеку од затуцаноста, тоа не е моја желба за комуникација, ионака сум индиферентна и незаинтересирана за вискиот простотилук кој што ја опкружува земјава.
    Убав збор, умна реченица, начитан и читко склопен пост .. се тоа е мојата идила и патека низ животот, а воедно и однесувањето и сета таа култура во реалноста.
     
    На cresa-jagoda, Rama, bittersweet и 41 други им се допаѓа ова.
  5. promeneta

    promeneta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    12.555
    Пол:
    Женски
    Најбитно во животот е да се најдеш на правото место во правото време !
    Не за џабе рекле:
    Роди ме мајко со к'смет и фрли ме на буниште !!
     
    На cresa-jagoda, mila1111, Jenniffer и 21 други им се допаѓа ова.
  6. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.176
    Сега прочитав дека во 2015 година, Турција од емитување на турските серии заработила 250 милиони долари...или евра беше.
    Сигурно 245 милиони и се од Македонија...:?:
     
    На cresa-jagoda, mila1111, bittersweet и 36 други им се допаѓа ова.
  7. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.946
    Tolku mi e temno vo sobava shto neznam dali mizam ili se pulam :D
     
    На cresa-jagoda, purple..m, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 19 други им се допаѓа ова.
  8. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.409
    Допаѓања:
    77.732
    Пол:
    Женски
    Цело време го гледам часовникот и одбројувам уште колку ми остана за да го видам. Сум била заљубена и друг пат ама овој пат знам дека ова е вистинското. Сакам да се будам покрај него и првото нешто што ќе го видам да биде неговата насмевка.Го сакам неговиот мирис. Ја сакам неговата прегратка затоа што тогаш знам дека сум најсигурна. Ги сакам оние моменти дури и кога траеме, тогаш тишината зборува место нас. Тој ми е најголемата поддршка, мојот најдобар пријател и мојата најголема љубов.
    Сакајте и бидете сакани нема поубаво чувство од тоа. :inlove:
     
    На cresa-jagoda, purple..m, Jenniffer и 24 други им се допаѓа ова.
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.243
    Пол:
    Женски
    Морав да се самоцитирам. Глупава, глупава, глупава. Ти требаше да помине полноќ за да сфатиш каква глупост си напишала? Да.

    Е не може. Не смеам да си дозволам себеси. Во никој случај.
    Мора, мора и мора. Колку и да е тешко, не смеам да дозволам после една солза да кажам "Доста беше". Не. Никогаш не е доста од среќа. Ако некој друг не може да те направи среќна, сама можеш. Не вели не, секако дека можеш.
    Една солза, па што е тоа? Колку солзи само истекле и те убивале. И? Сега си жива. Тоа е важно.
    Не ти ветувам дека секогаш ќе бидеш среќна, затоа што нема. Знаеш дека после секоја насмевка следува и по некоја солза. И? Тоа ли треба да те спречи повторно да се насмееш? Не биди будала. Ќе помине. Нема да траат вечно ниту насмевките, ниту солзите. И најважно е тоа да го знаеш. Да продолжиш да чекориш. Да не застанеш. Да не тргнеш назад. Да не се откажуваш.
     
    На promeneta и deskarada им се допаѓа ова.
  10. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Многу полесно би било за луѓето кога би научиле да разговараат очи во очи. Да прашаат , да се искажат , да споделат. Да не се донесуваат заклучоци врз сопствени анализи, да не се сфаќа се онака како што се сака, туку како што другиот го кажал.
    Се почесто се соочувам со луѓе кои се нетрпеливи , избувливи , арогантни и премногу самобендисани. Луѓе со кои колку и да даваш се од себе за да поразговараш човечки и да им објасниш некои работи, не го прифаќаат тоа и крај. Како тие си зацртале така е и точка. И на глава да стоиш џабе ти е.
     
    На Rama, Captain-Omni, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 16 други им се допаѓа ова.
  11. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @JollyGirl јас совршено добро можам да разберам дека некој може да те привлече и да имаш секс со него, а да не треба 3 дена да се допишуваш со него. Најтипичен пример е запознавање во диско, тој сака секс, ти сакаш секс- уживате. Нели е едноставно?

    Е делот што не го разбирам е задолжителна понатамошна комуникација и потреба од врска со таа личност.


    Секако дека секој има право да го каже мислењето, јас реков нешто сосема поралично- не смееш да осудуваш.
     
    На Captain-Omni, bittersweet, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.084
    Пол:
    Машки
    Секс за една употреба
     
    На cresa-jagoda, natemila, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    2.963
    Пол:
    Машки
    Ќе копирам само дел од прекрасниот пост на фб на извесна Моника.

    David Bowie, два пати ги одбил понудените почесни титули од британската кралица, Елизабета Втора: Витез и Заповедник на Редот!!! Каков грандиозен идентитет, Човек заслужен за сечија почит и восхит!

    Но, и потврда за отсуството на наш идентитет, зашто да не бевме нација полна со полтронство, смеса од подлизурковци, партиски доушници, слабичи, конформисти, стражари на своите ситни лични интереси (едно местенце во една институција и сигурна платичка), ситни души, безлични просечни створчиња кои се прегорди и на едно обично признание, добиено по партиска заслуга, зашто биле верни во кодошењето,а не горди на знаењето
    ...да бевме фокусирани на вистински вредности и да имавме храброст и одлучност,оружје да ни беше не партиската книшка, туку знаењето, мудроста, човечноста...ќе бевме и доблесни граѓани, горди на својата држава и на власта.

    И тука ми текнува на мизерниот ПМФ и мојот ментор за дипломска.
    Ќе го ставам у спојлер муабетов, да не зафаќа многу.
    Имав слушнато различни оговарања за него, али си викам, не сум женско нема да ме замара мене. Од септември пред некоја година му кажав дека сакам да ми биде ментор, до јули наредна година ако е можно да ја сработиме, ако не да барам друг ментор. Леле коа почна да ми ветува, ќе испитуваме арсен у почвата на оваа планина, барем 50 работни дена секако ќе има, си викам супер и прашувам кога ќе почнеме. Ај денес, ај утре, ај после 2 месеци, ми даде еден текст на англиски да го преведувам како вовед и вика на пролет ќе собираме, март месец некаде. Дојде и март. Барем три пати неделно идев на факс, го прашував шо како, дури подналутено ми одговараше, ама вие многу заинтересирани некако.

    Ме прати кај колешката негова, оваа почна да се чуди шо да сме праеле и си го пушти компјутерот ископира дел од докторатот и ми вика оди кај професорот. Си викам супер, ќе имам предвид како работеле, сеа уште да закажеме кога ќе одиме во сливот на реката да собираме. Погодувате, ни ден работа, ниту ми објасни кои се инструментите што ги користеле, дури на текстот стоеше дека сме праеле експеримети во 2007 година.

    И тука настапува на сцена демонстраторката, му се јавува и го прашува дали да сме ја сменеле годината во текстот, пошо во 2007 година сме биле втора средно :D Aииииии срам ме фати, дури и ги менувавме речениците да не изгледало исто, на пример ако реченицата гласеше дека експериметите се извршувале од мај 2007 до јуни 2008, ние пишувавме дека експериментите биле извршувани со месечна динамика, да смениме некој збор за да не изгледало исто.

    И тука следува делот од постот на калиопе погоре, каде зборува за скржавоста на имашливите луѓе. Ме тераше да сме оделе у Охрид на терен, а мојата дипломска за безрбетници у Брегалница. Викам не идам, вика мора да дојдеш. Ај се орасположив си викам, ако не сме работеле у Брегалница, барем ќе видам како ги поставува тие инструментите.
    Не, бе брат кои инструменти, едно шише ракија носеше мало и ништо друго. Одиме по пат и ми се слоши, почнав да му повраќам у кола. Говедото, не да ми помогне, ми вика ех бе колега колку колешки девојчиња сум извозел у колава и ниедна не повратила. Па ме прашуваше за една бруцошка дали имала дечко, па зошто не сум знаел, па нели ми била убава. Ллелелеллелелелеле вриев.

    Седнуваме на Билјанини извори, ја студент, одвај 1000 денари имав у мене се чудев како ќе го поминам викендот. И ме прашува шо ќе јадеш, викам ништо сеа повраќав пред малку не ми е до јадење. Ме части една вода хахаххахаххахахха и ми вика ај ти ќе частиш за дипломска.

    Се сместивме у хотел, сабајле ме буди, ајде одиме на терен, ме остаи на брег со шишето ракија и ми вика собирај материјал. Викам шо да собирам, онака незаинтересирано ми вика шо ќе најдеш. Лелеле вриев. Се враќа после 3 саати, ја малце се орасположив имаше едни дедовци од Холандија, погледнуваа на кај мене и нешто изговараа scientist хахахаха кој црн scientist си викам, арно шо не пробав од таа ракијата од мака.

    Се качуваме у кола за назад и му викам колку ќе треба за гориво ќе ви дадам у Скопје. Вика 1600 денари. Абе ти будала си, какви 1600 шо не кажа шо автобус ќе дојдев? Ќе ми побараше пари ако бев женско? Моите немаат пари сеа, а и да имаат не ми дадоа да ги трошам на глупости и да спијам по хотели само ради тоа шо тебе така ти текнало.
    Зошто ме викна со тебе, да ја поделиме сметката за гориво? Не ти е срам?
    Не му се веруваше на будалата шо слуша, ајде ми вика ќе ти средам за работа.
    Ништо не сакам од тебе, сам ќе си најдам работа, вози ме дома и не сакам да ми зборуваш по пат.

    Нормално, правда не истерав, пошо божеството е секогаш во право. Надлежните дознале дека татко ми не е позната фаца и муабетот заврши на, колега треба да заборавите на ова, он е искулиран човек, дипломската никој не ви ја бара при вработување.
    Една од професорките ми рече да сум останел на факс да сум учествувал у проекти, викам какви проекти, да ме наместите дека ви ги крадам глувците? Или дека крадам син камен за да се дрогирам?
    Нормално ми пукна филм после...

    Ако пратите некого на расипано место, не смеете да се изненадите ако се врати гнил.
     
    На purple..m, Libera, LittleChili и 19 други им се допаѓа ова.
  14. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Ми фалат едни очи кои со само еден поглед ми го тргаат сивилото и ме огреваат.
    Ми фали една прегратка коja ми го дава мирот коj ми е потребен и ме заштитува од луѓето кои ме повредуваат.
    Ми фали една насмевка, наjубава, наjискрена.
    Ми фалат едни раце кои кога ќе ме гушнат, посакувам светот да застане..
    Ми фали еден човек коj во мене го буди наjубавото, наjдоброто, коj ме прави посебна, коj успева да ме насмее и тогаш кога сите бродови ми тонат, коj ме љуби искрено, нежно, вистински, коj ми пружа огромна подршка, коj ме разбира.
    Ми фали секоj ден, секоja минута, ми фали и тогаш кога не сум свесна за тоа.
    Ми фали се со него, дури и малите кавги.
    Ми фали премногу.
     
    На cresa-jagoda, Rama, bittersweet и 21 други им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Викендов се чувствувам како да живеам во снежна кугла :inlove: Внатре огнот си гори, јас по цел ден правам најразлични топли напивки и повремено редам кора од мандарина врз печката. А надвор снегот не престана да вее... Толку симпатично си паѓа, навидум малку по малку, ама ако останеме овде уште некој ден, не сум сигурна дека ќе можеме да си се вратиме дома :D Снежната покривка прво личеше на чаршаф, па на ќебе, а сега веќе е дебел јорган ^_^ Кога сум кај јорганите, денес сум се стуткала под мојов и не ми се станува... Си лежам и си смислувам хаику песни :$

    Некој со нас си
    игра ко мало дете
    со снежна кугла.
     
    На cresa-jagoda, IronLady, bittersweet и 41 други им се допаѓа ова.
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Како јас да сум го пишувала ова.
    Болат спомените и убавите сеќавања, баш оние најубавите најмногу болат. Но колку е апсурдно што само тие ме одржуваат во живот. Само спомените ја цртаат насмевката на моето лице.
    Треба човек да остане силен, во надеж за подобри денови. Да веруваме дека не е се изгубено. :l::)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, eliesaab, Adi888 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.805
    Пол:
    Женски
    Не ви здосади ли фразата "Доста беше,вртам нова страница"?
    Секој ден е нова страница од нашата книга.
    "Од утре се менувам" не е решение за нашите проблеми.
    За да можеш да се спротивставиш на она што не ти се допаѓа,мораш прво да научиш да се спротивставуваш себе си.
    Не гради го животот во лажни илузии, така ќе бидеш постојано разочаран.

    Така некако оди теоријата,ај сега да видиме праксата.
     
    На cresa-jagoda, IronLady, Rama и 27 други им се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Правдата е можеби бавна, понекогаш и многу бавна, но стасува. Порано или подоцна сите ги стигнува заслуженото и затоа пазете што правите и секогаш бидете добри.
    :d::drunk:
     
    На cresa-jagoda, mila1111, IronLady и 27 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.162
    Допаѓања:
    221.826
    Пол:
    Женски
    СДК
    И пак ќе кажам оној кој што оформено и одговорно стои зад сопствениот лик не чита "семе синапово", не става розеви очила за да светот си го обои според вкусот и замислите, не се надева на некоја екстрмно бомбастична среќа што ќе го смени нивниот живот туку така преку ден додека истиот дреми со 4 во виз пред текевизорот, не верува во "пишани судбини" и не се раководи дека еден ден "господ ќе спадне од небото за да им пише казна на "неверниците" што го повредиле.

    Оформен лик со цврст карактер секогаш знае што сака а што не сака од животот, стои цврсто и одговорно врз сопствените ставови, се бори макотрпно и чекори низ трнливиот пат и признава дека светот е сив, потта од челото задоволително ја брише и силно се бори против животните искушенија и предатори.
    Свесно и одговорно тврди дека животот е курва невидена, судбината сам си ја крои според постапките негови и е доволно свесен дека живее во суров и реален свет, свет во кој што сите за борат за своето и сопственото исполнување.
     
    На eliesaab, IronLady, purple..m и 17 други им се допаѓа ова.
  20. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Денеска малку порано станав и добро е што направив така.
    Во план сум да изгледам два филма денеска :lol:
    Во план сум и да вежбам,тоа сигурно ќе го направам.
    И не излегувам од дома,прекрасно ми е на топло вака и по пижами ол деј.
    Знаете што ми ја грее душава? Кога ќе видам некои од вас како пишуваат дека се заљубени и некои случки убави со саканиот :inlove: Бидете заљубени и наксреќни.Мајка ми од секогаш ми кажува дека љубовта е прекрасна и дека заедно со неа иде и се останато ( среќа и успех )
    :clap:
     
    На cresa-jagoda, YoungandBeautiful, vitamina и 8 други им се допаѓа ова.