Некој лица многу во филм влегат. Игледа до вчера забораја кој се и шо се! Госпо на помош да муе ЗАГРЕВ!!!!!!!!
Сакам да кажам дека бедни се луѓето, најчесто мајките и нивните блиски кога ги сликаат децата по болници со уплакани очи и ги објавуваат на ФБ. Додека нив нешто ги мачи тие си прават фотки и дремат на ФБ. Бедни сте!
Некои карактеристики што ги поседувам не ме донеле далеку у животот. Но, горд сум на себе што имам осет и што колку и да е нешто лесно достапно, а јас знам нешто дополнително, знам да се тргнам пошо едноставно е погрешно. И не можам да сфатам како и зошто некој кога би знаел, би ја користел ситуацијата и би манипулирал. Уствари можам, али пребедно ми е дури и да го пишам. Да познавам некој од тие би му плукнал у фаца. Не можам повеќе да се објаснувам, али ќе останам нормален и со осет пошо не можам ни да замислам колку ниско би паднал ако дојде ред со ова да манипулирам.
Некогаш во училиште кога одевме знаевме да ги режеме моливите зашто се скршило „срцето“ на моливот. Со режењето ,моливот повторно пишување но беше се помал и пократок,некогаш и одвај да го држевме во прстите.Ама пишуваше. Скршеното срце го смалува векот на моливот,ако ме разбирате што сакам да кажам.
Од кога не сум била у конфликт со себеси ? Чек да ми текне, од кога имав слободно време?! Ееепа да. Се опуштам ли, готово лаѓите ми отидоа. Под притисок повеќе се реализирам, море, море
http://www.alo.rs/marija-skocila-u-smrt-zbog-ljubavi/43832 Господе божеееее,шо не ќе прочиташ. Ете денешната младина,абе родителите се криви шо на 13 години и даваат толку слобода. Си фатила дечко,тие тоа го знаеле и ја казниле со одземање на телефон на само 2-3 дена омг! СТРАШНО!! Јас на 13 години несмеев без прашање до продавница да одам! Ќе речиш ај 21 век е,ама на 13 години да знаат дека ќерката страда поради љубовни проблеми и тие да ја казнат со одземање телефон. Да да 21 век сме,од 12 години одат по дискотеки до 4-5 сатот лудуваат,пушат,пијат се дрогираат после пропаѓаат,не се децата криви,родителите се! Малце од малце построги да се! СТРАШНО!!
Епа светулче баш заради тоа што сме 21 век треба да дигаме ручна за малдинита зошто еве вака ке слушаме се почесто..технологијата ова го права ..јас сум против технологија...
Бидејќи летово ќе одам во Америка многумина ме прашаа дали планирам да останам или ќе се вратам ? - Мојот одговор е дека изборите на 5-ти Јуни ( ако ги има ) ќе одлучат дали ќе се вратам назад
Најдобро чувство на целиот свет е кога ќе си седнете со љубовта на вашиот живот, поранешен симпатија од средно до момент на прво гледање, на клупа во парк, кога ќе ве прегрне и ќе ви каже некоја тајна за него. Ми верува, а може и ќе ме засака некогаш. Трпение само и се ќе си биде супер. Од Понеделникот ми тргна со шетање, па си викам зошто цела недела да не помине така
Влегуваме заедно со сестра ми во маркетот, а таму, стои долгогодишниот, некогашен дечко на мојата тетка. Сега, застанат со својата сопруга. Влегуваме, а тој ноншалантно не приметува, застанува и се загледува. Сите знаеме во што е работата, личам на неа. Се поздравуваме, а тој не знае што да каже, едно среќен што не гледа, но мене не ме видел од мала. Akward тишина, а на мене уште понеугодно. Сопругата не рече ништо, одби да се поздрави, само ми упати ладен лош поглед, бидејќи и таа сфати колку е 2 и 2, а јас налево круг и си реков I'm out. Ни беше дел од среќното детство, најдобра личност на цел свет. Жал ми е што го повреди, не го заслужуваше и жал ми е што денес го потсетив. I wish I could say I'm sorry. What a day.
Се помалку им се обрнува внимание на животните и има луѓе коишто намерно го прават тоа. Видов вчера едно прегазено маче и цел свет ми се сруши. И не е првпат. И кучиња и мачиња, што ли им имаат направено. Понекогаш ќе подадам по некое залаче, чисто поради гревота и сожалување, оти пак и на мене нема да ми стаса. Што да им направам кога ни самите не знаат да се пазат. Дали е поради само интуицијата што ја имаат, а не и разум како кај луѓето. Не дека и луѓето не се предодредени на вакви казни, но знаат рационално да размислат, што кај животните не е случај. Што им сметало едно кутро животинче , та да го убијат. Зошто човекот е таков злосторник?! Во природата се функционира по еден систем од правила. И тие правила важат во сите области. Предатори и предадени. Доминантни и жртви. Се е борба за опстанок... да се дојде до парче леб. Посилните ги убиваат послабите. Дали животот не поставува пред тест? Тоа за оние што не знаат да се пазат. Да се пазат од посилниот предатор. Од природата. Целиот свет, сето општество се упатува кон една цел, се стреми кон едно нешто. Кон поубав и кон помодерен свет. Ако комунизамот и социјализамот се круна на уредувањето, тоа значи дека сите стремиме кон тоа. Приетно
Абе напишав долг пост и фанав цел го избришав! Она кога сакаш да си се искажеш ама од умора некоја, не ти идат убави зборови. Ај здраво! Како сте? Ја сакам да кажам нешто. Сега пишувам и не бришам! Еве вака Ова ми се вртка во глава Ова Мене мислењето само од ептен најблиските ми значи. И ме допира. И може да ме предомисли. И може да ми помогне. И може да ме направи подобра личност. Затоа што најблиските не ти мислат лошо. Не. Ама кои се најблискиве освен семејството? Еве вака Ниту роднините. Едвај еден двајца освен семејството. Ја да ви кажам. Ако ? @Mr. Right плус ти. Да. Камо да бевме од исти градови па да си се дружевме! Стварно другарче, ептен ми значиш за кратко време! Не знам оти така ама ете така! Плус една едваај две другарки. И толку драги феминки. Камо да беа повеќе ! Камо да беа повеќе вистински другарки ! Ама јок бе! Нема. Океј И толку , убава вечер. Се мислам дали филм да пуштам, ама не ми е ни до тоа некако. И нејкам да сум сама дома, ич не ми е убаво. Ме тера премногу да размислувам. А доволно размислував. Мое е да се трудам , се друго е секако во Божји раце. Верба, Надеж , а Љубов? Каде си љубоввв? Бај бај. мн долг пост ова.
Вака кога ќе се свртиш, сите прават некои искулирани фаци, демек ништо не допира до нив... Како тоа совршено калкулираме со емоциите, со чувствата . Па си ги криеме чувствата еден од друг, демек, можеме да ги контролираме.... ФИЛМСКИ ЛАДНОКРВНИ ШИЗИЦИ. А колку сме поотворени, сме покул, колку повеќе сочувствуваме со другиот сме поголеми шизици... Маестрална заблуда,али оди па објасни му
Треба да ги сакаме луѓето. Сите луѓе. Без разлика. Дур и оние што ни наштетиле треба да ги сакаме. Не за нив, туку за нас. За наш мир.
сдк кога ќе се сетам до пред некогаш сакав да му родам цел фудбалси тим деца ми иде да се звекнам со глава во зидама љубов на долги стази ептен перде прави арно што успечно ми ги изоперираа . Сега гледам све,све ми је транспарентније...и неговата љубов што никад не била кон мене туку кон тоа што јас треба да бидам според него.