Све ова супер, ама кога дечко ми (тогашен, сега веќе бивш) ми го прати, се мислев што сака да каже - дека сум му убава или му личам на автобус
Меѓу комплиментите поврзани со карактер што највеќе ми ја исполнуваат душата и ме прават да се почувствувам пријатно и самоуверено - ми е моментот кога после убав deep муабет, личност со која прилично неодамна сум се зближила ќе ми рече дека би сакала да сме се познавале од порано...
Имам оставено еден впечаток што многу сакам да го поправам. Ама многу. Многу многу. Не е прв, ама е исто тврдокорен како првиот. Ви се има десено да се избламирате ненормално јако и дури и откако ќе пројде извесно време кога и да ви текне на случката буквално си ја наведнувате главата и си ја закопувате во дланките? Епа ете колку има за поправање . Што е најстрашно не знам ни зашто уопште ми е гајле за впечатокот . А чек... не знам или не сакам да знам? Ај ај , , попаметна сум кога спијам. Ваша М,
Ја видов сликава и си викам блазеси му на девојчето. Ќе има доживотна заштита и поддршка. Ако не може еден од браќата да и помогне, тогаш другиот ќе може. Ако нема едниот да и даде пари, тогаш другиот ќе и даде. Ако не може со третиот да зборне, ќе може со четвртиот. Поддршка, поткрепа, заштита. Никогаш нема да ја остават сама, секогаш ќе има 4ца највери другари, секогаш ќе има на кого да се потпре и секогаш ќе има кој да и даде искрен совет. Тешко на тој дечко што ќе ја повреди Затоа е убаво да се имаат повеќе деца, ама со кои пари ќе се гледаат? Некои па викаат: Не се секирајте вие за пари само раѓајте деца, тие сами ќе си се одгледаат
Колку и да звучи клиширано, понекогаш навистина нема потреба од премногу зборови и објаснувања, кога човек ги пушта во етер малите гестови кои "живот значат". Не чувствувам потреба за комплименти или плишани зборови, сè додека ги гледам вџашените очи вперени во мене, дури ми зборуваш некои блесави муабети на кои се смеам со "кикикики" насмевки - 50% бидејќи навистина ми е смешно и 50% бидејќи приметувам како зениците ти се огромни и си велам: "лелеее, ова веќе е повеќе од допаѓање, да, убава сум му." Нема никаква потреба да ми кажуваш кога треба да престанам со зборување, доволно е само да ми упатиш срамежлив бакнеж на крајот од усните и во истиот момент смешно или не, си го заборавам дури и името, а за фокусот на муабетот...да не правиме ни муабет! Ма мислам дека би можела да седам до тебе по цели денови и да не чувствувам потреба да изустам ниту збор сè додека ти го следам погледот и си толкувам што ми кажуваш; нема(м) никаква потреба постојано да слушам "те сакам", ниту пак ми е воопшто битно дали некогаш на глас ќе ми го кажуваш, додека го гледам тоа во секое твое движење. "Те сакам" е секоја твоја воздишка додека се впиваш до мене, го вдишуваш сиот мој телесен мирис и низ она "Мммммм" додека издишуваш, ми го кажуваш токму она кое веќе и сама сум го сфатила читајќи меѓу редови. Во последно време, многу мразам да зборувам. Доволно е да го погледнеш човека в очи за да разбереш што има да ти каже, а твоите очи не да кажуваат, ами вриштат. И од ден на ден, почнувам да го читам ова "те сакам" со сè поголеми и поголеми букви. Аман, немој да ми викаш толку - разбрав од прва. Е да, на моите очи им снема фонт со соодветна големина за да ти покажат точно колку само те сакаат, ама кога те слушам како се кикотиш додека ме зјапаш во очигледно преширените зеници дури ти трепкам така демек срамежливко, знам дека знаеш. И ако, нека. Сакам да знаеш.
Добро утро радни народе. Вакви ноќи врнежливи ми полнат батерии. Со сите планови кои полека стануваат реалност, one step at a time, а истовремено и нефер борбата со животот си го прават своето. Умор. Секој ден умор. Денес конечно сум наспана. Само уште да не се најде некој да ме изнервира
Маживе некако ко да ги фаќа групен ПМС .... Сите другарки па и јас се жалат од истото однесување од пратнерите ... Што ли сака универзумот да каже ? Аман што ви е , што се врти во таа ваша глава ? Ве сакаме безрезервно ама не претерувајте , и ние си имаме мака жени сме побогу , пробуваме се живо да смениме не иде лесно ....
СДК дека сите случувања на поле политика си ги анализирам од свој аспект, и со низа прочитана стручна литература, крајниот заклучок ми е дека се работи за ПЕРЕЊЕ МОЗОК. Оној кој е подлегнат на перење мозок, со некоја интројекција прифаќа за него страна идеа која му припаѓа на некој друг.На тој начин врз него се прави атак на личноста.Чичноста е затечена и реагира на емотивен начин.Реакцијата е очекувана и е доказ дека некој е индоктриниран и спремен да умре за идеа која никогаш не била дел од него. И после...имало терористи..
Никој не ја сака реалноста. Никој не сака да му биде кажано дека е глупав. Јас најмалку. Тоа сепак не ја менува вистината. Вистината, пак, за која сме убедени дека е безусловна, дека е неменлива и секогаш константна, а само луѓето се обидуваат да ја извртат, исто така е само предмет на моментално спознавање на нештата околу нас. Ниту е константна, ниту е безусловна, само е општоприфатено гледање на работите. Завчера, од сонцето, околу 150 гугутки лежеа мртви по скопските улици. За нив ноќешниот дожд не значеше апсолутно ништо и чистата вистина дека после дождот доаѓа сонце, исто така не вреди ниту трошка. Ги гледаме луѓето, случките, па дури и времето на начин на кој сакаме да ги видиме. Вистината е само изговор за остварување на нашите желби и потреби. Ја користиме во оние моменти кога имаме потреба од поддршка, па токму затоа и не се срамиме да ја претставиме како нешто кое нам ни одговара. Мојата вистина е посилна од твојата. Ако. Притиснете ја својата вистина во блендерот. Извлечете ги нејзините сокови и напијте се од тој нектар, зашто и онака животот доволно нè цеди секојдневно.
Strasni raboti se slucuvaat ! Osmoddelenec siluval drugarka,13 godisen siluval 11 godisen?! Aloooo na tie godini mizevme koga na film dvajca ke se baknea
Се препотив дур собрав храброст на мајка ми да и кажам дека планирам викенд со него. Прв роденден што нема да го поминам дома со моите, иако ќе се вратам доцна традицијата за семеен ручек и собиранка со роднините ќе биде прекината. И еве криво и е, го дигна носот и ми рече - Добро 27 имаш, прави што сакаш.
Не сме на иста бранова должина. Колку и да сакам да биде поинаку не е. Да бевме немаше сабајле јас да барам кај има аптека низ градов за некое апче. И ваква ако е грижата од некој кој те сака, тогаш fuck it, не ми треба.