Sdk da ne veruvate koga za nekogo ke vi zborat deka e los covek. Toa sto za edni e loso za drugi e sosema OK. Stapot imal dva kraja.
Ова како официјално се паѓа утре. Баш на 1ви август сум се регистрирала. Ќе организирам коктел ако не.
Она кога сфаќаш дека по повод вчерашниот празник Огнена Марија постира една Марија што најогнено у животот и било кога се изгорела со сутлијаш во седмо одделение на зимски распуст кај баба и. Испив 2 литри мешавина на чај, магданос, црн и некој си дитокс... и еве уште не се осмелувам да тргнам. Многу сум така некад паметничка.
Некои нешта се случуваат но, животот тече понатаму. Некои љубови тешко се оставаат позади но, мора да се живее. Некои започнуваат нови љубовни врски кои кратко траат, други привршуваат долги... Се на се- ништо нарочито. Едни се оставаат, други се земаат, трети ни едното- ни другото. Каква љубов во денешно време? Бог да чува од непросветлени личности, коишто никогаш во животот не почувствувале љубов. И после животот немал смисла... Епа ќе нема....
Преска бев на продавница кога појдов на улицата имаше камион што продаваат лубеници. Имаше една жена и ми вели дадо сакаш ли лубеница јас и реков не. Таа постара од мене а ми вели дадо, али тоа не е битно. Кога се вратив назад пак ме праша истото значи понекогаш се многу напорни и досадни разбирам дека сакаат да спечалат некоја пара, но немора да се толку напорни и секој човек да го прашуваат, кој сака тој ќе праша и ќе си земе.
Многу ми се заарни на одмор и коа ќе ми текне дека за една недела си доаѓам дома ми се плаче. Море, сонце, песок ми се доволни за да бидам среќна. Си упознав и некои на моја возраст, а најдобриот другар од тука со кој за неколку дена многу се здружив си иде денес, но во Скопје се договоривме да се видиме. Поцрнев ептен не знам дали ќе ме познаат коа ќе се вратам. За крај да ве поздравам со едно зајдисонце.
Нема тема на форумов што не ја запустивме. Туку друго наминав да си кажам за се што се случува неделава. Луѓето никогаш нема да ви простат за насмевката на вашето лице и успехот кој сте го постигнале покрај бројните ударци и порази низ кои сте поминале. Не сум нормална стварно! Од сите страни ко Ѓорѓи сардисан сум ама па не се предавам. Знам знам светот не се врти околу мене ама и покрај раскид сијам ко па сите се завртуваат и ме загледуваат, абе да не си најубав, паметен и успешен. Има такви кои ти се восхитуваат и се трудат да ти украдат поглед ама има и такви на кои си им трн во око па лагано како ти поминуваш тие ти вртат со ѕврцките еве вакано тие воопшто не се битни, со нула ги множам. Ко што гледате во елемент сум, нон стоп се смешкам, се зезам, сите ги задевам, им додевам со шеги ко да сум на тешки дроги. Никогаш не сум била добро расположена во време кога не ми е до шала и кога приватниов живот ми е ко нашиов приватен секстор пред да иде во стечај ама сето ова е знак на сила, храброст да се издржи тоа што не може да се промени. Созревам тоа е вистинскиот збор за оваа животна етапа. Се чувствувам како вистински капетан и во време на бура силно и правилно го држам кормилото на бродот и го упатувам во вистинската насока. Некогаш би кукала, би се нервирала а сега сум позитивна, смирена , се трудам рационално да размислувам а потоа така и да постапувам. Секогаш кога ни е тешко треба да запомниме дека животот е еден и вреди да се живее онака како што сме си замислиле, по свои правила на игра и да го правиме тоа што не прави среќни. Не треба да тагуваме по тоа што го немаме или сме го изгубиле туку да се радуваме на ситниците, малите нешта и на тој начин животот и Бог ќе не наградат со уште поубави работи.
За седум дена сте испишале илјада страници и затоа нема да ги читам. A quick update, по овие седум дена сум подобра личност, знам многу повеќе работи и создадов пријателства кои ќе траат вечно. Да ми кажеше некој дека со 10 луѓе ќе се зближам толку за седум дена немаше да верувам. Поминаа само два дена, а веќе ми фалат, сите до една. Само ќе кажам дека овој камп ми беше најдобрата одлука што сум ја направила во животот, ми беше полнење на батериите.
Си прокрастинирам, ич гајле си немам Нови апетити ми се раѓаат, гледам, во нешто замрсено и хаотично јас смисла,логика и хумор барам Па една нова опсесија, ги поврзувам надворешните и внатрешните карактеристики на луѓето кои ме опкружуваат ...со фиктивни ликови Почнав да гледам антиутопијски филмови и листам постапокалиптични книги Леле бе, кај сега бе,не бе Се дур не ме втреси слика на вајбер од мајка ми, тањирче со рибизли и шумски јагоди А им кажуваш, прокрастинирам, помагајте! Ама џабе, зборуваш ама никој не те слуша, не ти одговара. Како разговор со себе, секогаш носи доза лудило. Ова и не е смешно, додуша за плачење е, ама, не сакам тажни смајлиња во моите постови. А дека ми фали една жирафа, естетска ...Да
Денес имавме еден убав ден, слушнав 2 убави работи, милина и на крај .... еј, чудни сме ние жените хахах
Отсекогаш ми се повраќало од луѓе кои се фалат,побогу и пред непознати. Влегува една баба во автобус и почнува рандом муабет со едни непознати баби. Ние имаме ниви, два сина и ќерќа вработени во јаки фирми. Имаме вили и куќи. Сега така се погоди да купиме билет во автобус ќе имаме и електронски билет. Колку што можев да проголтам ќе си затнев уши и вели "ееее топло ми е на сонце, сега дома под клима..." мислам ок доста е, ќе се симнам неможам да те слушам. Не дека нешто од непознат можеш да добиеш само климање со глава друго ништо. Ок добро, јас не климам со глава се симнувам,ти продолжи си до Зелениково каде имаш куќи,вили и станови.
Она кога сакаш да направиш комбинација од старо и модерно име, и на крај добиваш деца со имиња Михаил Ѓоко, Матеј Стојанче и Тадејчо Не, не ги измислив јас сега туку децава постојат и денес имав чест да ги запознам. Три братчиња. Михаил fucking Ѓоко, Матеј fucking Стојанче и Тадејчо. Ајде ова последново пак и пак, можело без тоа ЧО накрај ама ај може да помине...ама овие двајца бе Брат ми се смееш после, му викам доста не е за смеење работава, и тој ми врати: Па јас не им се смејам за физичка маана, на пример не се смејам дека има голем нос, или клемпави уши туку се смејам за име, што сами родителите му го дале и плус може да се смени.... И во право е кога ќе размислам Значи не знам дали да се смејам или да плачам, ама таткото кога ќе се изнервираше со цело име се дереше по нив....Михаил Ѓоко одма ваму,,, еј Тадејчо ако дојдам мајката ќе ти ја расплачам.....Матеј Стојанче играј ко нормално дете инаку дома ќе одиш... Немам коментар. Инаку најдовме покрај река 2 пајчиња тогаш родени, леле колку беа малечки автоматски да се заљубиш во нив...ама пошто имам гледано све и свашта по тв и по нет, ми беше страв да не ми скокне во фаца и да не ме напдне па така други ги чуваа во рака, а јас само ги гледав и ги минував со прстот. Буквално вакви исти беа ко на слика...Пробав да го кренам ама ми преташе со ноџињата и мене толку ми треба за да се исплашам Сфатив дека поубав е светот без да имаш мрежа на тел и нет..... п.с. Потписот на @buba4e89 можам со саати да го гледам...преубаво... Ајде заминав јас со мислите под океан....
Можам да држам часови за фаќање на една категорија на дечко мижеечки. Чудни, саркастични, забрадени, фини, ама безобразни, вечни деца со се безгрижност, бестрашност,но и детски страв, манипулатори со зборови и шармантни осмеси и луѓе со мерак за све. Ама сега ја фатив грешката у чекори зошто имам проблем со свекрви. Им влагам дома со благо, кафе, ситници што ќе ми дојде и...пакетче пиво и шише вино, секако за себе. Извини госпоѓо, имам право на овој природен седатив додека престојувам во вашиот дом. Ама син и не се буни вака кога ќе го разбудам по сред ноќ да здими едно цигарче и да делиме едно пивце. Уствари син и е презадоволен од својот избор. Секад го будам за фини нешта. Уживам во секоја минута заедно, но морам да имам пола саат сама во денот. Некој ќе се навреди, но не е до него, до мене е, гуд олд интроверт соул. Сама со мислите, се во своја фиока, минути љубов за себе, исклучена. Епа заспа у тој пола саат...и жал ми беше жеден да спие..