Читам пред малце најнов бисер изваден од некоја од женскиве домаќински групи: „Мамички, би ви сметало ли ако наставничката на детето во основно има минималистичка тетоважа?“ Значи стварно повеќето од луѓето што активно прашуваат во ваквите групи, се пример во што не смее никогаш една млада, цивилизирана девојка од 21 век да си дозволи да еволуира! Дали се работи за прашања од тип на тотална неинформираност, бесмислени прашања и уште поглупави па и бизарно примитивни совети, или пак вакви примитивни ставови – секако е трагично и срамно. И не, не е ни злоба ни некакво исмејување истакнувањето и фрапирањето од вакви глупости. Здрави, прави личности со нормална интелигенција и психа и со пристап на интернет – ваш избор е колку ќе се информирате и на кое ниво ќе останете, па и јавно да се брукате. Џизс...
Мене не ми е јасно едно. Како проценила дека наставничката има минималистичка тетоважа? Цело тело ли и го прегледала?Може има уште кои не се за пред очи на вакви скенер родители.
Ако ја немаш пуштено Деспасито дома, ако во комшии ја нема некој рокнато, ако не помине кола со на најгласно Деспасито, тогаш очекувај во маало да има забава од јавен карактер кадешто ќе иде 4 пати по ред истата. Фалааа.
Вчера нешто ме потсети да пишам денес нешто повеќе околу зборот „извини“. За жал имам приметено дека сè повеќе и повеќе има од тие луѓе кои не знаат да се извинат, дури и кога ќе згрешат за нешто, ќе гризат ако треба кабли и ќе влечат со сајли планини, ама нема да се извинат, зошто гордоста не им дозволува и нормално, мислат дека со тоа ќе се понижат пред некого. Епа драги мои да ви кажам дека ако се извините на некого кога не сте во право за некоја работа тоа не значи дека сте слабаци и дека сте се понижиле пред некого туку значи дека сте созреана личност, приземјена, и личност која има храброст да признае грешки и личност која укажува индиректно дека ќе превземе сè што е во нејзина моќ за да се поправи а тоа го прават само храбри луѓе. Не си храбар човек ако во ситуации во кои не си во право не знаеш да се извиниш.
Новите фонтани за пиење вода низ Скопје се многу непрактични, мора да се наведнуваме премногу (кај постари луѓе не е добро поради притисок) и да ја завртуваме главата. Старите беа подобри. Ако е поради штедењето вода, па и на старите можело да се стави завртка.
Пред неколку години ми беше тешко да се збогувам со ,,токсичните'' (не)луѓе околу мене. Ми беше страв дека нема да најдам подобро друштво, бидејќи ми беше страв дека ќе останам сама. Мака ми беше кога немаше да бидам повикана на некој собир, па како резултат на тоа се притискав во себе па молкум ги преиспитував сопствените постапки. Понекогаш дури ѝ се карав, обвинував... Пред неколку години ми беше страв дека мајка ми ќе ги потроши парите од фондот за црни денови и дека во нашиот дом уште подебело ќе заора сиромаштијата. Пред неколку години се плашев дека ќе се разболам. Две ипол години подоцна се случи токму она од што најмногу стравував... Списокот на ,,пријатели" драстично се промени и намали, дури едно кулминираше и со смрт. Настапи сиромаштијата. Се разболев. Искрено? Не жалам за ништо од ова! Не сум среќна, но не ги сфаќам сите овие работи толку трагично и ништожно како порано. Не пристапувам со толку бурни емоции и чувства. Понесена од искуствата научив да се контролирам. Па, дури и по цена тоа ,,контролирање'' да прерасне во кршење на некој предмет дома. Зошто се е подобро од поттиснување. Научив да изнаоѓам алтернативни решенија за санирање на раните, и да бидам рамнодушна кога сите ,,припаѓаат'' пред орканската стихија на траги - комичното сивило наречено живот. И така магично почнаа да се менуваат работите. Настапи благиот финансиски напредок, почнав постепено да работам на она што го сакам, и да се лечам од болеста здобиена како резултат на сите проблеми кои ме притискаа во молекуларниот ѕид на минатото. Единствено нешто за кое малку сѝ замерувам е што дозволив да не бидам јас ,,јас''. Да можам да се вратам ќе си кажам - Одор океј е! Океј е да се замараш со Трајка. Океј е да плачеш кога ти се плаче. Океј е да бидеш агресивна кога ќе се почувствуваш нападнато, океј е да се плашиш ако ти е страв. Океј е да потрошиш повеќе од дозволеното, океј е да се напиеш и утредента да не станеш со утринскиот аларм. Океј е да задоцниш некаде, и океј е некому да речеш не! Посакувам да бев екстровертна директна и поостра во минатото. Посакувам да бев посилна како што сум денес... Како што ќе бидам утре, задутре и прекутре. Ама изгледа дека некои лекции намерно доцнат во животот, и тоа е океј!
Непишано правило е дека во животот кога ќе почне се да се средува се да оди во нагорна линија за еден момент ќе паднеш толку ниско ќе го видиш дното и повторно ке се издигнеш и пак ќе итааш кон врвот. Цел живот борба, се за подобро утре.
Ај, таа со тетоважата до некаде можам да ја разберам, иако во споредба со начинот на облекување на одредени професорки тетоважата е најмало зло.. Арно ама, никако не можам да ги сфатам тие ,,мајки" што покренале петиција против дете со аутизам, кое било во ист клас со нивните деца... До кога ваквите ,,болести" ќе се предмет на дискриминација и омаловажување? Со што тоа дете, или било кое друго со некаква попреченост е помалку вредно од нивните ,,најпаметни" и ,,најсовршени" деца? Следам на инста една жена од ЦГ која има близначки со Даунов Синдром...Девојчињата на само 9 години, се поспособни од многу поголеми деца што ги познавам СДК за попреченоста ќе се најде некој да им помогне, ама за глупавоста што ќе правиме?
Гледајки во иднината на успеав да ја видам сегашноста,тоа е животот тече немилосрдно не чекај ки не нас да се подготвиме за следните предизвици......
Тешко е кога сама се справуваш со сите предизвици и искушенија што ги приредува животот. Тешко е кога до себе немаш цврста и силна рака да се потпреш во најтешките моменти. Тешко е кога сфаќаш дека всушност никој не ти мисли добро и дека денес не останал никој човечен и добронамерен пријател. Тешко е кога нема кому да си ги искажеш маките и болките. Тешко е... Тешко е....... Уште сто вакви..... Нема ништо лесно но животот е тоа.кога лесно кога тешко кога убаво кога лошо . Најважно е срцето да чука за најмилите....
Го сакам сонцето. Се сеќавам, уште кога бев прво одделение, седев прва клупа во редот покрај прозорците. Кога сонцето силно ќе светнеше, ќе ги распостелеше своите зраци по клупите и тетратките на моите соученици, сите некако се криеја од таа светлина, велеа дека им пречи кога сонцето им свети во тетратките додека пишуваат. Јас бев таа единствената која со задоволство редеше букви во тетратката осветлена од сонцето и не си правев сенка. Подоцна, видов дека сите сакаат да спуштат ролетни и завеси кога легнуваат, за наутро да не ги пробуди сончевата светлина. Јас не. Јас уживам кога ме будат зраците на сонцето. А она што ми е особено убаво е кога времето станува поладно, па топлината на сончевите зраци врз нас е топлина и на душата.
Две работи ме мачат во почетокот на викендов (воедно и крај на летниов одмор) 1. Дали некад ќе се наспијам ко што треба 2. Пеликовацот беше дижестив или аперитив. Јер после испиениве 2-3 чашки ужасно ме фати желба за Зденка-маслинка од Делишес
Како можи за 2 часа да се средат 29 фактури од 30. И правевме трка со времето. Се убив од трчање, и сега отепан сум за вода и за сок.
Сдк... И се мислев дали да пишам.... Работам во фирма, семеен бизнис, две сестри, омажени со деца... Едната е построга и баш мене ми е шефица, зборувам отворено, сите сме вработени преку познати, учите првите неколку денови почна да ни се обраќа со строг глас, како таа сака се да биде под конец наредено, како нема седење, само редење на робата и послужување на муштерии, нема чепкање по телефон, нема пушење цигари и сл. Врвот и беше кога ни рече да не помислуваме на попуштање бидеќи сме вработени преку познати... Кој бе алоо ушите прв ден, јас сум најмала, а другартс колешка може да и биде мајка. Ни кажува дека многу и е битен овој чекор и и зависи фамилијата од бизнисот, а демек мене не ми е битно? Сите идиме за пари, нели? Од што живееме? Мажот и на газдадицава е со нас, додека таа беше тука ме гледаше настрана, ко а зборував со него, ме гледаше небаре ќе и го земам која глупост бе? И стално ко ќе се запраев муабет, ми најдуваше работа. Тој - добар, се тежи на него, ја мрзи скалата да ја земи и ги тера него, тој премногу обврски... Го гледам,мака му е 12 саати на работа, нешто тргна наопаку, гризи нокти, ми се жали не сум спијан, дај шо треба да направиме да најдиме решение..Му сварив кафе, го прашав дали јадел, ми се жали секој ден дека не е јаден. Таа му ѕвони, на фб, тој се нервира, и вика на ќеркичката има, 2 годинки , тато работи, гледај ме морам да го оставам телефонот, таа срцка мала, и нз дали нарочно ме праша со отворен телефон шо музика сакам... А имаме камери и не следат и жена му и останатите газди. Секако не предупреди за ова таа. Не сакам да има некоја глупост.