СДК... Збогувањата дефинирани како разделба не значат оставање на една личност. Слободата на избор е во насока дека секој може без секого, како што секој не може со секого. Одвикнувањето oд некого е болно, тешко, трае можеби и подолго, но кога ќе осамне денот без страв од непознатото ќе знаеме дека тоа што некогаш било закана да не скрши сега му пркоси на времето. Чекорам по патот кога болката почнува да ме скокотка, но се уште не го гледам денот за да ми биде смешна во иднина.
Понекогаш е стварно добро да си сам со себе, неопходно. Понекогаш е толку... тешко, непријатно, неподносливо... Сте приметиле, кога се гледате себеси во огледало подолго време, ликот станува поинаков на вид, некако чуден, се менува, како да е сосема друга особа. Така и со мислите. Имам 10 табови отворено со три различни филмови, две различни типови на музика, твитер, амазон, книги на попусти, текстови за пишување, онлајн шопинг на долен веш... и мислата дали во ова сосема навидум фантастично расположение, да излезам да се глупирам... и да пијам. Хах. Како и да ја вртам работата, од која страна и да гледам, стварно сум сјебана. Толку сме сите пренатрупани со проблеми, зборуваме за се друго, освен за тоа. Имам толку многу работи што треба да ги направам, а недоволно време. Под итно треба да се организирам, и со мисли, и со емоции. Веројатно побрзо треба да го затворам фемина табов. Мислам дека ќе чистам. Сам со себе, ако не во себе, барем околу мене. Да, добра одлука. Онака..итс бин а лонг тајм...
На феминките со кои се знаеме од пред многу години - здраво пак. На оние кои во меѓувреме станале членови на форумот - здраво. После долго време и неуспешни обиди да си го вратам оригиналниот профил кој го изгубив заради проблеми со мејл/пасворд (Фемина бе, милион пати ви пратив порака, зошто ниту еднаш не одговорите, членка сум од 2011, не сте фер.. ), морав да се регистрирам уште еднаш.. Во меѓувреме секој ден ве читав и ептен криво ми беше што не можев да се вклучам во дискусиите. Ми фалевте ептен. Како и да е, ајде, за нови почетоци.
Кога некој секојдевно ти повторува како грешиш, како си безвредна, како си напорна, како живееш изолирана од реалноста, како не знаеш како е животот, како премногу сонуваш, и кога згора на се кога ннекој базирано на овие тврдења ти испорачпува телесно одтурнување, ментално класифицирање и редење со секакви епитети од типот на „лабилна“, жално е што на крајот на денот, месецот, годината започнуваш да му веруваш... Жално е што на крајот започуваш да веруваш дека си бевзреден и така продолжуваш... Нека си трепка и ова тука, како поддршка на жртвите на емоционалното насилство, кои се занемарени во денешните кампањи, зошто скршениот мозок не се става во гипс и не зараснува за 40 денови, нити избледнува како модринка... Support girls!
Во вистинско соулмејт друштво никогаш не ти се случува да имаш потреба да појасниш и нагласиш дека се шегуваш.
Кога сум јас во кујна секогаш е хаос невиден,секогаш кога готвам,односно пржам месо или јајца,едноставно ги препржувам и од дома не ми ги бендисуваат јадењата,биле препржени да не речам изгорени А нај тешкиот дел е миењето,па мислам дека сите тави на мајка ми и ги оштетив,и ги прегорив и нив па одма следуваат дофрлања од типот-Аа вака нема да те трпи свекрвата да и ја демолираш цела кујна и да и готвиш изгорени јадења. А јас враќам,не бери гајле мамо,нема да живеам со свекрва јас
сдк не знам во кој универзум е дозволено во недела во девет да решиш ѕид ама овие кај мене што рушат ќе си го однесат кај и да е
Mirot i spokojot vo dusickava ne e slucajna dobivka... Znam deka dadov se od sebe... Vreme e da se posvetime na nas i za nas...
Некогаш се прашувам дали Македонија е Швајцарија со цениве.. денес гледам дочек на нова година во аурора од 269 до 434 евра по лице за 3 или 4 ноќи.. Абе ситница, што се за нас 180 евра од вечер за една соба од 30м2..
СДК. Скршена сум. На милиони парчиња скршена сум. Зошто толку неправди, зошто суров свет? Секоја чест на вам храбрите. Вие што можете да се носите со болката и тежината која неправедно ви е причинета. Јас можам да гледам од далеку и да ви се восхитувам. Да имав барем дел од таа моќ. Ќе можев повеќе да помагам.
Се сеќавам убаво на денот кога се породив со мојата прва ќерка. Ме стоплија веднаш нејзините очи, a плачот, ја избриша болката што ја чувствував. Кога заминав дома од болница, отворив фб. Сакав да ја споделам среќата со сите. Тогаш, на почетна се појави линк, како гром од ведро небо и ме стави во постпородилна депресија. Не сум храбра, напротив. Само така делувам, зашто се обидувам да бидам. Детето беше болно и се собираа финансики средства за истото. Бебе. Беше бебе. Не знам што се случи со него, но се надевам дека му се случува животот што беше пред него, животот што го заслужува. Ден денес кога ќе се сетам на тоа, плачам. Кога почина татко ми, имав анемија. Чекавме со мајка ми во болничкиот ходник, за да ми земат крв. Дојдоа родители со мало детенце. Имаше 3 години. Безгрижно трчаше низ ходникот, се смееше, татко му го креваше во висина, а неговото гласно смеење ги исполнуваше мрачните ходници. Детето не знаеше дека е болно, дека има леукемија. Детето не знаеше. Ама знаев јас. И сеуште знам. Толку добро и јасно го гледам неговиот лик пред моите очи, неговата насмевка, ден, денес. Се чувствувам лошо. Влегов во тема која секогаш ја избегнувам. Затоа што сум себична. Затоа што не сакам да плачам и да тагувам, не сакам да ме боли, а потоа да пренесам на моите деца. Ете, затоа сум себична. Никогаш не сум успеела да организирам ниту една хуманитарна акција, без да паднам во психа, и да се осќеам лошо со денови, со недели, па дури и со месеци. Во последно, почнав да правам се преку сестра ми. За да се заштитам себе си, за да ги заштитам моите деца. А тоа ме боли. Ме боли подеднакво како кога и самата учевствувам во делото. Ја мразам мојата емотивност. Мразам што сум себична и што не знам да се носам со проклетството наречено болка. И самата поминував низ проблем со моето дете. Не сакам, ниту можам да ја замислам болката што една мајка ја чувствува за своето чедо. Ниту сакам некој да ја почувствува. Само посакувам, искрено посакувам, да нема ниту едно болно дете на овој свет. Секое дете заслужува живот. Простете. Ова можеби не е за овде, не знам. префрлето го всушност каде сакате. Сеедно ми е. Знам само дека морав да пишувам. Помагајте луѓе. Помагајте, зашто нечиј живот, може токму од нас да зависи. Јас ќе се обидувам и понатаму. Можеби ќе дојде денот кога ќе можам полесно да го носам товарот врз мене.
Затоа што секоја критика ја сфаќате како напад врз вас, а не како добронамерна забелешка, затоа не мрдате од таа бедна точка.
@Lianna Anna ми се наежи кожата, додека читав. Биди силна, не само за тебе, туку и за твоето дете. Само што ќе почнев да мрачам за темата дали не делат родителите, ама мислењето на Лианна Анна ми ги отвори очите, и му благодарам на бог што сум жива и здрава, не е важно дали на сестра ми и дале 200 ден, на мене 100. Таа е со посебни потреби, ама ја секогаш се лутам зошто на неа и обрнуваат повеќе внимание. Нејсе.. реков дека нема да мрачам Имајте убав ден.
Го знаете она чувство на чистота? Така се чувствувам денес чисто. Не сум се почувствувала така доста долго време. Прекрасно е, значи душата ми простила за многу работи, значи си простив себе си.
Се моткам низ дома нешто, ме вика мм: - брзооо дојдиии да видиш, купив камин! Знае да отиде по леб, да купи тостер или по кафе па да купи апаратче за нес, трчам накај дневна среќна за да видам што одлепил пак, оддамна ми труби за ова. Ми пуштил на тв СНИМКА од јутуб -КАМИН ! Уште па ми вика дувни да го распалиш, а малце и кочи. Маживе се значи.... Добро, бар се погодивме и двајцата "утепани романтичари".
Од супермоќи би сакала да можам веднаш да ги заборавам нештата на кои не сакам да се сеќавам. Да заборавам се што ме боли и разочарува за да почнам одново. Ми треба сила за да можам повторно да верувам, да се надевам дека наскоро кога ќе прашаат ,,како си,, ќе одговорам ,,добро сум,, и притоа искрено да го мислам тоа. Заробена во минатото, се губам себеси и гледам како иднината ми се лизга низ раце. Морам да најдам сила и да почнам одново. Не можам и не сакам да мислам дека мојот сон е нереален и дека секој труд е залуден.
Ние сме луѓе - лебарки: Нè зрачат со радиоактивен отпад, нè трујат со сомнителни лекови, пиеме вода со фекалии, јадеме храна од фурни кои горат гуми и пластики, се гушиме во ПМ 10 честички, нè прскаат со алуминиум и пак некако преживуваме