Серијата "Пријатели" ги шокирала младите. Била хомофобична, трансфобична, сексистичка и расистичка. "Том и Џери" промовирале насилство. Дизни промовирал пороци кај младите, алкохолизам, пушење, дроги. Не претеруваме малку, другари? Ништо веќе не е политички коректно, сите се навредени од нешто. Светот како премногу чуствителен да стана. Од такви драматизирања за секакви глупости, луѓето не обрнуваат внимание на вистинските проблеми во општеството. Пред некое време читав за една девојка која отишла во полиција и го пријавила за силување дечкото со кој стапила во консензуален однос претходната вечер. Нејзиното објаснување било дека се покајала. Извини, ама буквално: "После е*ење, нема каење". Од вакви драматизирања девојки кои се вистински силувани доаѓаат во ситуација да не им веруваат, да не можат да најдат подршка. Гледањето "Пријатели" не ме направо хомофоб, ниту пак гледањето "Том и Џери" ме направи насилник.
Сакање и почитување на своето и своите, и неподнесување на туѓото и поразличните - овие две чувства некои луѓе за жал многу често ги мешаат... Disclaimer: без никаков shade throwing, и не мислам на политика, патриотизам или било што конкретно актуелно
Машкожите кои викат 'ама си згодна ама ти убаво стоеше ова она ах колку си секси, колку имашмстав та ова та она' НЕКА ми се манат. Зар не разбират дека тоа девојките не сакат да го слушат, како некој им се лигаве и си лечи фрустрации со тоа што и кажуват на нив.
Она кога имаш многу за кажување, но скоро да нема луѓе на кои можеш да им кажиш што ти тежи. Пошто тие што се никогаш не те разбираат. Често и ти ги испревртуваат зборовите, а ти си ко "...ама не мислев така." Дојде време да е подобро да чуваш во себе место да си ја отвораш душата пред луѓето. Барем за мене. А и на крајот на краиштата, сите си гледаат за себе и немаат време за туѓи проблеми.
Чаша силно, благо кафе, омилениот десерт во неделното попладне и сознанието дека утре не сум на работа. Денеска решив да им се радувам на овие, навидум мали нешта. Колку и да звучи наивно, верувам дека секој може да најде барем една светла точка во својот ден.
Понекогаш страдањето е само страдање. Тоа не те прави посилен, тоа не го гради карактерот. Тоа само боли.
Никогаш не сум можела да разберам зошто луѓето ги доживуваат родендените со голема еуфорија и се однесуваат како тоа да е некој релевантен датум вреден за славење? Мислам, што поточно славиш кога си само една година поблиску до смртта? Една познаничка со која не сум блиска ( хаха кого лажам - јас со никого никогаш не сум блиска!) почна да ми префрла зошто не сум и го честитала роденденот ( а токму тогаш и ме потсети дека дотичнава всушност постоела на планетава) Обично во оваа ситуација, како и секогаш, едноставно ќе и ја игнорирам пораката и нема да се замарам со тоа ама тогаш ми текна дека сигурно и после уште едно достигнување на арбитрарната точка во орбитата на Земјата околу сонцето, таа повторно ќе почне да ми кучкосува што не добила подарок за фактот дека станала постара, а навистина нема да трошам време и енергија locating a f*ck to give! Затоа морам со разочарување да кажам дека одвоив дел од моето скапоцено време да и го напишам ова: " Драга ххх, сметајќи го фактот дека веројатно постојат бесконечен број на универзуми и временски линии морам да ти честитам што се погоди баш во мојот универум истовремено да се родиш и да постоиш и притоа сум приморана да ги делам поголемиот дел од молекулите во воздухот со тебе, отколку молекулите кои ги вдушувала некоја античка кралица - рачунај Клеопатра. Но претпоставувам дека ни прославувањето на твоето (легендарно) напуштање на матката на мајка ти за мене не е доволен добар изговор да го јадам твоето бесплатно парче роденденска торта (кое е инаку полно со калории - да, и роденденските калории се сметаат на вагата!) Love, Briar Rose " By the way, сигурна сум дека реакција на дотичнава кога ја прочитала "честиткава" била ваква:
^ Јас не можам да сфатам зошто луѓето излегуваат, мислам која е поентата коа пак ќе се вратиш дома. Зошто одат на одмор, секако се наоѓаат на истата планета која константно се врти. Зошто да славиш било што, кога еден ден ќе умреш, славел или не. Зошто купуваме различна облека, кога само една вреќа за компири може да заврши работа. Зашто запознаваме нови луѓе, и онака сите се исти. Што мора да јадеме различна храна, смисли еден оброк и јади го до крај на живот, поентата е да бидеш најаден. Е така ми звучеше мислењево.
Има мислења во темава што навистина жалам што сум ги прочитала. НЕКОГАШ џабе е да си начитан и да имаш поширок спектар на зборови од другите ако мислењето ти е навистина глупо на крај. Мислам се разбравме.
...дека е болно кога некој сакаш, а тој не. А друг те сака, а ти него не. Лошо е кога среќата ја наоѓаш во несреќа, исто кога некој ја наоѓа среќата во тебе, а ти во него не. Лошо е што трчаме по оној кој ни вирче не би прекокнал за нас, а го одбегнуваме оној што препливува океани. Ама пусто срце, пуста желба дека еден ден ќе биде подобро.
КАЕЊЕТО е губење на време...Секогаш стој за своите одлуки...макар и да се избрзани и погрешни..Со здрав разум се се поправа ама со каење...се рани очајот...
Сакам да кажам дека заборавам што сакам да кажам. Искрено тоа ми се и случува а кога сакам со некој нешто да споделам заборавам и кога одпосле веќе ми текне ама касно. Така денеска, за прв пат во мојот живот да се насмеам од срце, за прв пат да ми дојде некоја убава мисла и сама да се насмеам, и да не сакам душата ме тера, прекрасно чувство од среќа се смеам, а знам и зошто. Она кога од лоши мисли плачеш, а јас од убави мисли, вистински, се смеев.
Ми ја стега раката, ама ми го гали срцево. Ми го бакнува телото, ама ми ја допира душата. Во гради цело небо чува. Се губам и тонам во тие бескрајно мили очи, додека шарени зумбули зазумбулуваат пролет во тивка јануарска ноќ. Гласници ми пеат од рано утро на прозор, наговестувајќи го стартот на новиот цут. Очи како диви костени мамат голицкања како развигор. Само свет може свет да создава, а тој цели универзуми само со насмевка. Наскоро засекогаш, љубов. Го пуштам мозоков да шета низ убави мисли...
"Љубовта те прави подобра личност, затоа треба да љубиш." Мене љубовта ме прави слаба, кога сум заљубена јас ги имам сите карактеристики на кои не смеам да помислам, за јас да повредам, а да не ме повреди тој. Се грижам, сакам компромис, сакам да знам како му поминал денот, сакам да му кажувам што чувствувам за него. Светот на љубовта се претвори во свет на кој кого ќе излаже, ќе изневери и разочара. Млада сум била и животот бил пред мене. Да, но јас не можам веќе да се разочарувам. Затоа сакам да сум лоша, да немам емоции и да не осеќам љубов кон никој. Сега ќе се изолирам, ќе се повлечам на моето место во планината и полека секој ден ќе се качувам повисоко, на наредна карпа, каде ќе нема трева, само снег и мраз. Такво сакам да ми е срцето. Дозволив да ме води срцето, а го игнорирав разумот. Моја грешка. Сакам да сум сама, зошто никој не ја заслужува мојата љубов и моето внимание. Да бидам старата јас, онаа вистинската како пред осум години, таа со сериозниот израз, ладната. Таа и повторно ќе бидам. Заборавив дека не ми треба дечко за да се осеќам среќна. Ми треба самовозвушување, постигнување на нова цел. Јас не сум родена за љубов. Јас сум родена за да научам дека љубовта која толку ја барам не постои за мене.