Pride month заврши, ама 20gayteen се уште трае. Сакав само да кажам на сите ЛГБТ луѓе да се горди на тоа што се секој ден, секој месец и секоја година. Never stop fighting.
Нов член тука Долго време се мислев дали да направам профил бидејќи сум голем "overthinker", но си реков ќе ми биде предизвик да го сменам тоа и ќе пробувам да пишувам што ми лежи на душа без премногу размислување. Иначе ветувам не сум чудак што седам и пишувам во ова време, само студентка што има за учење и одолговлекува. Ајде се гледа крајот на факултетов, уште 2 предмета, ќе се издржи.
Зашто мислам дека ако ја избричам косата ќе се чувствувам посреќна? Зашто вакви екстреми мора да ми се мотаат во глава? Многу би сакала сите да ја сакаат државава и да работат на неа да биде убава, здрава, пријатна за живеење. Ова сакање сега ми е еквивалент на какање. Се мислам да прифатам една работа што ќе бара од тоа да го преиспитувам живеењето овде и тоа нема да биде здраво за мене. Не донесувајте заклучоци за себе. Премногу се субјективни Ниту сте најфини, најдобри, невини, искрени, сакани ако така си мислите за себе. Треба многу луѓе да го мислат тоа за вас за да биде вистина. Или една од вистините, толку многу ги има. Колку луѓе, толку вистини. I want to break free from this life, from this job, from this suffocating place. I don't need youuu, oh how i want to be free. Како да ми фали метла да си одлетам низ прозоров. Метлите не се магични, ниту јас не сум магична.
Преку к*р ми е од девојкиве што се у фазон wanna be блогерка. Па триста пози, па као случајно е сликната, па гледа на страна... И од кога машкиве дуваат оние балони за роденден со бројчиња кои ги означуваат нивните години?
Откога им текнало дека сакаат, аман, и тоа ли не чини сега. Остајте ги луѓето да прават што сакаат. Или не, тоа не е праф муж. А смеат ли мачовците да дуваат свеќи или и тоа е педерска работа?
Само Берово транс има директен автобус за Берово, што влегува во Штип Не знаат што е директен изгледа.. Ебати државата и измислените правила на локални фирмички
Конкретно за тие со балоните, ама важи за сè друго. Нормално дека не дуваш свеќи, кај се видело машко свеќи да дува, срам на векот.
Си го сакам оти не можам да престанам да го гледам. Кога се смее. Кога е замислен. Кога гејма или додека гледа фудбал или формула. Можам да го набљудувам со саати. Кога го нема во близина, очиве ми го бараат. Би го препознала и без да го видам. Само преку мирисот на неговата кожа или само преку допирот што ми ја смирува душата. Преку начинот на кој диши. Преку енергијата што ја шири. Преку душата цела една вселена...
Пред некое време бев дома кај блиски роднини. Си седевме со девојчето во соба, си зборуваме, а баш тогаш доаѓаше и татко ѝ од некаде. Нè поздрави и ѝ рече на ќерка му да му ставела да јаде. Таа се направи како да не го слуша, а тој замина да се пресоблекува. Се врати и гледа дека не му е ставено да јаде, па со благ тон ѝ се обраќа: - Зошто не е ставено? Не ме слушна? Ќерка му му врати дека има гости и не е слугинка ни робинка, а тој има раце за сам да си земе или да го викне братот да му помогне зошто беше поблиску, на што доби одговор дека на женско се викало да постави маса, а не на братот хаха. Не да се осетив глупо лично јас, туку ај...Не мислеше лошо човекот само така е воспитан од минатото, а не е во тек со времето очигледно. Не знам машки колку ја читаат темава, пошто претежно во категорија секс дремат, ама ако читате и ако имате таков родител на кој му ги слушате советите сте се заебале за во иднина. Здрави и прави со сила сакати се прават, како да не можат сами еден леб да постават на маса. Додека бил дете го служела мама, после женичката домаќинка, а сега ќерка му. Среќа тој ко маж се родил, инаку не знам како ќе издржел толкав притисок да биде домаќинка Се надевам дека повеќето млади без разлика на пол свесни се дека треба подеднакво да учествуваат во домашните обврски, зошто навистина е грев да имате такви погрешни размислувања и сѐ да паѓа на грб на женското само затоа што е женско.
Па да не преувеличувам,ама 9 години ми нема напраено некој за јадење, па така да од навика мислам дека и на таа шо ке ми биде жена у иднина ке и се карам ако ми кува
„Зашто на добрите луѓе им се случуваат лоши работи?“ е реченица напишана милиони пати, од милиони различни луѓе - и барем илјада пати прочитана од моја страна. Ако оваа фраза е ваша мантра, можеби треба да размислите за една (или неколку) од следниве работи: Можеби и не сте толку добри колку што си замислувате дека сте; Можеби направените добрини не се правопропорционални со добрините кои ќе ви се случат во животот; Можеби не постои универзална правдина, космичка карма и вселенско „мило за драго“; Можеби треба да бидете добри без, по автоматизам, да очекувате нешто за возврат. На светов се случуваат и добри и лоши работи секојдневно, во секоја минута, во секој момент. Но многу мал од овие работи навистина зависат од вас, вашите одлуки и вашите постапки. Па затоа, ако веќе сте добра личност како што велите дека сте, потрудете се барем тие работи, во најголем дел, да бидат добри и нека тоа, само по себе, ви биде доволна награда.
Во една книга ја сретнав следната реченица:Денот на неговата одмазда се наближува. Овде се мисли на одмаздата на Бог кон неверниците. Зошто Бог да им се одмаздува на неверниците? Повеќе има логика да беше напишано дека ќе ја спроведе правдината.
@Bender Rodriguez И јас неодамна размислував за овој концепт кој се чини дека е мошне популарен меѓу луѓето. Од религиозните лица, најчесто ја слушам изреката: "Бог сигурно ме искушува" кога и да им се случи нешто лошо на овие самопрогласени добри луѓе. Ама според мое мислење, она што останатите го толкуваат како "искушенија" не се ништо друго освен статистичката неверојатност на некој настан кој, независно дали е предизвикан или не е предизвикан од наши дејствија и постапки, се однесува на начин кој не оди во согласност со нашите стремежи... Луѓето на оваа планета треба да разберат дека не е возможно самиот тек на животот да се состои само од добри или само од лоши дејствувања врз нивното целокупно постоење, бидејќи универзумот едноставно не функционира на тој начин. Никој не бара да биде роден и да живее, бидејќи тоа сепак не зависи од наша одлука. Меѓутоа самото страдање кое доаѓа со тој живот е неминовен, и од нас зависи дали во тоа страдање ќе пронајдеме некакво значење или не. Вистината е дека треба да се има рационален принцип на реалност, а тоа значи да се разбере дека ние луѓето не сме лабораторски глувци, па да бидеме тестирани како од страна на некој научник. Значењето на човековиот живот (кој инаку има краток рок) и сите елементи од кои тој се состои, понекогаш е погрешно сфаќан. Бидејќи сите мислат дека нивното постоење зависи и се сведува на нивната реакција кон, инаку природниот тек на животот, не успеваат да видат друга перспектива - Перспективата каде значењето на нивниот живот го опфаќа само фактот дека си жив, макар и тоа да е на ограничено време.
Ama tebe brat poslednava nedela se ti e preku k.r Daj malku razveseli se Sto ti stana vaka sto aren si beshe Dane si alergichen na komarci ?