Па едното автоматски го повлекува другото Верувај, сите тие мислат дека човекот не стапнал во вселената.
Не можам да сватам како некои личности се тотално неодговорни. Имам еден пријател на кого му позајмив пари 100 е. Поминаа 6 месеци, а ми ги нема ни спомнато(освен у една прилика), а камоли вратено. Мене не ми е до тие пари, моментално не ми требаат, но ме живцира неговата неодговорност. Пред една недела го гледам објавува слики на пивофест, секој викенд е на базен или на ручек у кафана. После работа обавезно на кафе или на пиво. Оди дома да јаде па вечерта повторно пие во локалното бифе. Е сега пред неколку недели го допира полиција во пијана состојба и без појас и нормално си заработува казна. Жив се јаде пред мене како да ја плати, а ми вика дека нема лице да побара од мене пошто веќе ми е должен. И му текнува да побара аванс од газдата на работа. И ете ти го вчера летаат слики на стори во некои кафани, дискотеки, со пиво у рака и на крај една слика покрај кола во рани зори. Па добро де мајке му стара дали јас сум забеган и ненормален и не го уживам животот или тој, навистина не знам. Па јас додека не тргнам на страна најмалку 200е за црни дани, ако треба само леб и сол јадам. Стварно не знам...
Доколку во животот ти се случува тежок период и кога тогаш помислуваш дека повеќе за тебе нема надеж и кога мислиш дека сите бродови потонале и повеќе нема што да правиш во животот. Тоа е вистина да, но тогаш многу е важно да имаш подршка од најблиските но доколку мислиш е дека тие неможат да ти помогнат тоа не е точно.Но само едно знам-никој во животот нема да ти помогне колку ти самиот. Самиот ти ќе се кренеш на нозе и ќе си кажеш дека животот е премногу краток да мислиш негативно. Па дури и најмалата светлина да ја гледаш низ тунелот секогаш постои надеж за подобро утре.
Колку е тажно да те заборават. Да се гледате само за празници,свадби,крштевки,имендени. Дури и родендените повеќе не се честитват.Се заборава кој кога е роден. Си бевме најдобро другари,си бевме друштво секој божји ден си излегвавме,се дружевме. Гледам. Сега сите мажени,женети сте.А еднаш месечно да се гледате луксуз да не е случајно? Дома да седиш да се чувствуваш осамен како пусто гојдо на столчето на балконот? Никој не ти се ни јавува освен ако е нешто хитно или како шо погоре споменав за некакви прилики. Освен ако им одиш на работа да ги ѕирниш дали дишат,тогаш се гледаат. Жалосно е да си сам меѓу толку луѓе. Јаки другари морам да признаам. Сите се менуваат кога се во брак.Другарите како да не постоеле-тие се реткост,ретко се гледаат де. Работа,обврски,друг круг пријателства и не знам кои уште не причини.То разделва а? Е многу убо. Да седиш дома да гледаш ТВ,да ојш на балкон,да ојш сам да шеташ и пак да се вратиш за саат време,до пазар,до продавница,тоа ли е тоа? Жими долната овца,многу убо се живеј така.Да да,препорачувам. И како нема да се чувствуваш разочаран кога ќе застаниш да размислиш со кого да излезиш и ќе видиш сите се зафатени,м? Точако пајажина фате,фудбалската топка ќе се напрај тениско топче од стоење во визба,да не зборам за кошаркарската. Треба ова да се промени.Гледање само за специјални прилики,не е тоа тоа,другарче. Застанете малку и размислете. Ако знаете како да размислите.Правилно да размислете. Животот е еден,среќа и љубов само тоа ни е потребно,ајде насмевни се и се' ќе е совршено.
Сакам еден ден да поминеме кога бевме ние пред многу години, кога бевме млади и жедни за љубов.. за авантури и адреналин Кога секојдневно се боревме за нашата љубов и покрај се Кога уживавме еден до друг Кога правевме глупости и уживавме во животот Без стеги без проблеми без граници Е тоа ми фали Еден ден од нас пред 10 години кога ми купуваше бурек секоја вечер у 11, кога секојдневно ме чекаше крај базентот Кога ме гушкаше и пазеше безрезервно Се секавам на денот пред толку години кога бев разочарана а ти ми рече дека да би бил со мене ќе си ме чувал како украс.. капка вода Се исполни!! Животот ми го исполни и разубави А поготово нашето дете Но ми фалат деновите Деновите кога безрезервно и без гранично живеевме во полна пареа!
Тапа периодов. Не се сеќавам кога последен пат сум се разбудила онака насмеана и расположена за денот што претстои. Незнам навистина што се случува со мене, ама не е на арно Заглавена на работа која што ми штети и физички и психички. Кога пробувам да разговарам со моите да барам нешто друго, наидувам на карање со образложение како јас сум разгалена и многу сакам. Дека нема да најдам друга работа, дека парите се добри (океј и за таа работа што ја имам се океј, но не ги согледуваат условите и притисокот под кој сум секој ден) Ми се закануваат дека ако оставам работа они нема да ме издржуваат зашто си ги имам годините (тоа е друга тема btw) и дека треба да барам некој да се мажам зашто нели, ВРЕМЕ МИ Е ВИШЕ Посакувам да ја имам таа храброст да си го земам пасошот и да си отидам за конечно да живеам јас како што сакам. Нема да е лесно верувам, ама веќе не можам да издржам Страв ми е дека ќе направам некоја глупост ако ситуацијава продолжи вака Извинете за негативниот пост, ама морав
Денеска со мајка ми и роднините од Австралија бевме во еден живописен крај,во посета на други роднини.Мојата малечка братучетка,е опседната со еднорози.Има богата фантазија.Едноставно не можеш да и кажеш дека не постојат,ќе и се скрши сонот и срцето И така,и кажав дека во планините има еднорози и дека кога ќе си одиме со возот ќе гледаме низ прозорец за да не видиме некој По воз,стана од седиштето и цел пат стоеше до мене,гледаше... И кога почна да губи нaдеж,и реков дека видов еден Абе таа среќа не можете да ја замислите.Танцуваше од среќа... А и дека е така буцкасто,само за
Честитајте ми! Мојот прв бан на форумот... добив на само една (по се' изгледа?) тема. Си го заслужив банот и тоа како. А 'предизвикот' ми беше @carangigia , која исто така си заслужи банче, ама не знам дали го доби. Поздрав до сите и благодарам за поддршката и критиката и се'!! Да живее Македонија!! Се осеќам ко политичар на бина, за време на кампања
Kako sto kaza @kala21 taka podaleku,predlagam Avstralija i onaka imam zelba od mala tamu da si ziveam
На оваа.... https://forum.femina.mk/threads/Актуелни-политички-настани.2673/page-1188 Ама не оставиле ништо од моите 'сочни' изливи на емоции.... И со право