Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Е ова, па уште ти го спомнува корисничкото име уз муабет и чека реакција...
    Get a life !
     
    На Markusa2 и sofijanoka им се допаѓа ова.
  2. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Сакам да кажам дека сите премногу се замарате кулирајте малце секој нека си гледа својот живот и кој што сака нека си пишува,оладите малце :D видите што убаво сонце што убав ден за шетање и пиење кафе :)
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    *Виртуелно пријателче*
    Си имала некој што со кој што си имала само past simple, баш така минато просто време? Но, ти и после тоа си го мислела? Е, и се случува двајцата да одите на различни патишта и буквално да ве проголта градот и никогаш повеќе да не се сретнете, иако се наоѓате на исто место.
    Но, оддеднаш некаде некој рандом човек го носи неговиот парфем. Го чувстуваш како вчера да било, ти се враќа тоа старо чувство кога не пеперутки, туку бумбари ти летаат во стомакот.
    Е, за тоа ти кажувам. За моќта на еден парфем кој ти враќа чувство старо 4 години.
    Не ми недостига. Не дека и го сакам. Само ете чувството ми го врати, нешто налик дежа ву.
    Ете така.
    Сега океј е.
     
    На francais му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Утре не сум на школо! :party: :wasntme:
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Сѐ се смени преку ноќ. Супер. |(
     
  6. jagodka.18

    jagodka.18 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    607
    Ме сретна среќата на улица и ми рече тргни се да поминам :nod: :^)
     
  7. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.901
    Допаѓања:
    24.172
    Пол:
    Женски
    Еххх... спомени. Ми текнува на времето ко помала нон-стоп со мајка ми идевме Скопје. Од разно-разни причини. И јас како што си зборувам на висок тон, абе срам ми беше со мајка ми да зборувам на дијалект да не се изнасмее некој. :^) Дете, ко којзнае колку би било страшно. :D

    Ама, денешно време... (извинете струмичанки, вие сте ми на пик) си „цепат луѓе на струмички“ пред професори, онака јавно, ко по дома да си зборат. А, упишале Филолошки. И се надвикуваат, бре. Демек види ме, паметната фраерка јас. :^)

    Ништо лично, имам драги пријателки/роднини од Струмица, ама ВИЕ струмичанки за Филолошки не сте.
    Побијте ме со говор на струмичанка, каде нема од километар да и се примеќа дијалектот на јавен настап. :wasntme:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Не ги сфаќам муабетите од типот „Live fast, die young“.
    Wtf?!
    Кој сака да умри млад? :^)
    Зошто со сила глупости да се зборуваат или таква е модата... :^)
    Искрено се надевам дека сите вие што се користите со фразата „Дај јанг“ дека нема да ви се исполни.

    Божееее..... :fubar:
     
    На unique7, LittlePinky, senza.parole и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Каков ден :mm:

    Не знам колку сте суеверни, но дефинитивно јас сум. И така подолго време си верувам дека комшиката е малер невиден ( нели со факти), денес се испостави дека колку и да се убедувам дека не е така, грешам.
    Абе малер, малер!
    И денот да ти започне со нејзино пресретнување?!
    Подобро остави ги сите обврски недовршени, и враќај се назад.
    И јас одлучив да им пркосам на сите малерозни сили. :D
    Ехх како да се откажев на време. Јбг.

    И по завршените административни обврски, проследени со малерозна (не)среќа, на крајот од денот јас жива и здрава пристигнав дома.

    Туку зборот ми беше, нема нешто поубаво од детската невина насмевка и топла прегратка.
    Штотуку заминаа двете најубави суштества на земјата. Ги обожавам! :inlove:
    Цел ден го поминавме заедно, лакирајќи се и шминкајќи се.
    И на крајот реченицата '*** ние те сакаме', ми ја стопли душата!

    По искрени зборови од детските нема! :)
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Трема пред настап... Брзо биење на срцето, забрзан пулс, лошење. Пробаш да го потиснуваш тоа и да останеш нормален, но при секој обид, сето тоа оди во главата и ти се чини дека во секој момент ќе се онесвестиш. Дланките ти се тресат, си правиш сцени како сето тоа ќе помине и почнуваш да се тресеш, те фаќа и студ во тоа време. Тешко е да останеш приземен.
    А што кога сето ова ти се случува без никаков настап и никаков повод? Љубов ли е? Некаква последица ли е? Страв од неуспех? Или сепак едно НИШТО, големо дело на психата.
     
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Да не беше 10 минутното интервју со Бајрам немаше да се знае неговата "раса" биле ковачи и биле со Александар Македонски и помагале и што знам што.

    Има лимит на тоа колку може човек глупости да изнатреска за неколку минути и очигледно го поминал тој лимт. Да смешно е , и јас се газев од смеење додека го слушав али жално е тоа што е важна фигура во ова општество а се однесува како дете од улица собрано .....
     
    На SparkyAngel, kala21, gingerchild и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Така некако :$ ;)
    [​IMG]
     
    На esperansa777, Dog-lover, Jenniffer и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Неможам да издржам веќе.Лето, срце мое кога ќе дојдеш? Кога повторно ќе бидам надвор по цели денови, а не во соба? Кога повторно ќе одам по топли кифлички од пекара секоја ноќ? Кога повторно ќе си правам нокти секоја недела? Кога повторно ќе се одспијам како што треба? Кога повторно ќе одам на бањање? Кога повторно ќе ми се заморат нозите и ќе спијам како јагненце од одење? Кога повторно ќе дојдеш? Ајде, не е фер, нестрпливо те чекам.. :sun:
     
    На QweenSM му/ѝ се допаѓа ова.
  14. unique7

    unique7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    153
    Ги обожавам ноќите кога сум смирена.
    Кога можам спокојно да спијам без никави грижи,кога знам дека се полека се решава.
    Ги обожавам и позитивните луѓе околу мене,можеби се малку и на прсти се бројат,но сепак ги има и вредни се за чување... барем сега кога знам кои се тие вистинските.
    Понекогаш додека се возам низ градските автобуси ги набљудувам луѓето што стојат на автобуските постојки. Ги гледам како гледаат,како се однесуваат,каков е нивниот став.
    Се прашувам каков живот имаат,како тие ги гледаат останатите луѓе.
    Доаѓа летото,еден од моите омилени периоди. Најверојатно бидејќи имам помалку обврски и помалку грижи,бидејќи сум потполно релаксирана.
    Кога знам дека можам да седам пред компјутерот по цели ноќи со отворен прозор,да не мислам на ништо,да гледам филмчиња и да се смеам. Кога знам дека наредниот ден не ме чека ништо посебно да направам.
    Кога се шетам по цело лето,дали по улиците на градот,по кафулиња и слични места,или на посета кај моите роднини и на село,кога одам на одмор ...
    Колку и да сум имала падови во животот,секогаш се издигнувам нагоре повторно и повторно,не дозволувам ништо да ме сруши,сето тоа што се случува ме прави посилна и посилна ...
    И знам дека ме чекаат многу убави и посебни денови,знам ... знам и сигурна сум дека Господ чува нешто посебно за мене.
     
    На sweet-cherry, Elennaa, Dog-lover и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Учење, пф!
    Што е тоа? Како се прави?
    [​IMG]
     
    На Golden, Elennaa, COollLady и 6 други им се допаѓа ова.
  16. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Колку само може да уништи една несамодоверба....
    :yawn:
     
    На Elennaa, Dog-lover, gothchick и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    :!: „Не ме следи малер“,не ич само малку повеќе од колку што треба! |(
    Убајни ми е,физика државниот в недела,Скопје на ПМФ.А нардениот ден екстерно. Пати цреша на тортата. Нерви,стрес колку ти душа сака.Вртоглавици,главоболки,пак низко притиско.Пак глата над книга акај ја.Абе,Боже се што сакав беше екстерно да неправм в понделник.Поарно би било во вторник.Сега на што да се сконцентрирам,на екстерно,или на натпреварот.На двете Цветанке,НА ДВЕТЕ!Акај ја Цветанке над книга,акај ја само ти.Решавја ги прашањата давај му ги на кој ќе стигниш!Ама ако,за две недели глата на перница мирна ќе ти е.До да ги кажат резултатите ќе се нервираш,после ќе си ужуиваш.На диета ќе си бидиш,ќе слабејш.Нема татко ти да ти вели„Јади,јади ти треба оти учиш,трошиш со учењето“. Абе ќе си спиеш до 3-4,во 1-2 ќе си легнуваш,ќе лудаваш.Учи сега,акај гла!
    Фала,Чао. Ми олесни на душата!
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.356
    А посмешно е кога ти прераскажува твое мислење или нешто кое си си го раскажал од денот и животот и ти го префрла, ама онака суптилно. А ти никогаш ни си зборел за тие теми, ни па си раскажувал за тие работи со таа личност.

    Кога го чув ова... си викам чекај малце, оваа ме чита,никогаш не сум зборувала така отворено со оваа личност за мојот живот,а уште помалку за тоа колку сакам некого или колку се трудам за нешто или не сакам нешто. И и поставив прашање од каде такво сознаение? Се збуни...не,па јас онака... Ти онака а? |(

    Перфидно до немај каде. Ќутенката. Да имаме 15- 16 години, ок, ама вака? Ем нe е пријателски, ем е безобразно. Па подобро прашај ме - еј ти си Лилит на фемина? или кажи ми дека знаеш,баш ми е гајле.
    Сега нема веќе да ти го прават тоа, ама затоа ќе продолжат да те читаат и да се забавуваат...


    Престанав да споделувам толку глупости и на фејсбук, откако на неколку пати ми се деси да ми рече некој - еј абе да ти го сакаш ова или она, ау да ти не беше таму, беше таму...а сигурно не знае,мислам не сме збореле, на фб или ивент или слика имало. И фатив испоизбришав слики и никогаш повеќе не се осудив толку јавно да си споделувам работи.
    Изгледа ќе престанам и тука за се нешто душа да си расфрлам. Дојдов до заклучок дека тука се преиспитувам, истото ќе го правам во ворд документ...што па да не веќе. Не дека толку ми е гајле дали ќе прочитаат, колку што иритира таа тајновитост дека знаат... бре,бре.
     
    На Markusa2, SparkyAngel и Doozy им се допаѓа ова.
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Уште вулкан ли ни фалеше ?
    Што се случува со природата ? Од техоннологија патиме луѓе ејјј од техонологија !
    Некој паметњаковичи си ексипириментирале си правиле вештачка клима , вештачки дождови и сега незнаат да ја вратат во нормала работата :fubar: . Поплави во Србија еве и кај нас и ние не заостанавме , Земјотреси во Грција еве ги и кај нас во Скопје , и сега уште и вулкан во Охрид почннал да се активира ?
    Зимо без снег , лето без сонце |( ништо не е како порано ...Се знаеше зимата каква е со снег 20 см и минус колку тамо степенни а летото со 40 степени топлина но веке не е така. Зимото снег нне видовме , сега сонце не видовме и ете ти ги сите болести. Незнам до што е ова но се почесто слушам дека ова е резултат на тие глупи истражувачи што си поигруваат со природата , они ке правеле вештачки дождови и климми , ај сега напрајте природата да си тече по своето.
    Ме плаши оваа технологија луѓе не џабе старите рекле колку повеке знаеме толку повеке ке патиме и така е да знаете.
     
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски

    Тој вулкан си постоел, само што не бил активен, а уште да се активира фали.Човек можеби може да контролира се, но не и природата, само ја разораа земјава, се некакви експерименти со неа прават, а негативен ефект од тие експерименти, секако ќе избие некаде.Што повеќе да се каже? Ако немаат памет во главата, нека си играат играчки со земјава, сакајки да се чувствуват семоќни, ќе следат последиците од сето тоа.Природни појави , тоа во ред, ама наеднаш да се случат, нешто не штима, не дека немало, но дали човекот претерува со таквиот начин на однесување према природата? Никој не се прашува, особено оние кои вршат секакви експерименти врз истата.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.