СДК 1. Настинав,грлово ненормално ме греби,ааааа и очите ме болат, нерва ме фати 2. Дали кога ти застанува срцето кога ќе видиш некого е љубов? 3. Се прашувам како ли бакнува ТОЈ? 4. МАЖ,прав МАЖ ја води жената напред, т.е. двајцата одат напред,јас бев пример каде што го терав него да работи,па така си добив лекција за наредниот. 5. Ми се журка !!!
Му ја скршиле опашката на металниот бик на скопската улица Македонија во Центар. Не знам под какви околоности тоа се случило и кој го оштетил, но тоа во прв ред кажува нешто за (не)квалитетот на материјалот од кој е изработен, како и од недостиг на повеќејазични предупредувања луѓето да не го јаваат споменикот - освен ако првобитната замисла на атракцијата не била токму тоа.
Ме интересира оние што во соодветна тема се фалат со висината на платата, дали во план имаат да ќарат некоја или сумата ја ставаат, онака, само за да се пофалат? А уште повеќе ме интересира, дали некој сериозно е фасциниран од шест-цифрени суми пишани на јавен форум? #дасевидираскош #прашањакоимемачат Смешно е, мизерно, сељачки. Дали 200 или 2000 јура, вие си ги трошите.
Никогаш како фамилија не сме кителе елка,никогаш во животот не сум имал дома елка,никогаш не сум осетил новогодишна еуфроија дома.Моите родители никогаш не ги интересирало китење по дома за новогодишните празници,никогаш не сум добивал подароци за новогдишните празници од моите родители,никогаш не ме лажеле дека дедо мраз ми оставил подарок за новата година,затоа што за мене дедо мраз никогаш не постоел,за мене елка никогаш не постоела,и за мене никогаш новогодишни подароци не постоеле,али не ЗАТОА ШТО МОИТЕ РОДИТЕЛИ ОВА НЕ САКАЛЕ ДА ГО НАПРАВАТ ЗА НИВНОТО ДЕТЕ,ЗАТОА ШТО МОИТЕ РОДИТЕЛИ БИЛЕ СИРМОШАНИ ЗА КОРКА ЛЕБ.
Мене не ми е јасно кој зима 2-3000 евриќи плата тука и во кој сектор, ама тоа е друга работа. Мојата "сума" беше напишана на ироничен начин.
За тебе знам, затоа и ставив лајк. Не мора да значи дека тука земаат плата, можеби работат во Имачка, можеби на Блискиот Исток, на брод... Кај нас, IT сектор, ама би се обложила дека оние што земаат толку плата нема тоа да го пишат на форум.
Ама што му вреди колку зема плата ако не се пофали а а а а? Тоа му доаѓа исто ко да си имал секс со некој/а а да не се пофалиш,исто ко да не си имал Или си бил некаде а не си се чекнал на фб,џабе си идел ондак
Мудри совети од една батерија Полн си со енергија не троши ја енергијата на неважни работи ти имаш не само плусови, но и минуси ти не си вечен.
Сакам да му кажам на форумов дека присуствувам тука од мојата 12та година и дека изминале 6 години, а и 7та е на прагот. И искрено, никогаш не жалам што речиси целиот мој животен пат сум го поминала дружејќи се и споделувајќи мислења со постари од мене. Можеби тоа е причината за мојата несфатеност или чувството на неприпаѓање поради видно изразениот, чудникав за луѓето, поглед на светот. И нема ништо подобро од потсетување на старите добри времиња. Обавезно, пропратено со скролање на стари мислења и доза гордост колку едно 12годишно девојче било во склоп и подалеку од моментот во кој живеело. И вооопшто не жалам, повторувам. Има луѓе што спамираат, има и незаинтересирани. Но, секако она што сум го подарила на блогов, а се надевам, ќе биде мој вечен спомен. Поради тоа, имало периоди каде што не сум имала допирна точка со ова, како што се сеќавам, го нарекував "розево катче", но тоа не ме спречи денес, после толку години, да отворам чат-пат и да си ѕирнам во "детството" кое не се состоеше само од фемина и пишан збор. И искрено, носталгијата која пропратно ја понесувам со себе од изминативе години ќе биде тука во мојата сензуална душа. И тоа не е моја вина, мојата личност доби налик розево цветче кое го боли сѐ, а го храни надежта и ги пополнува празнините. СДК дека сум благодарна на себеси и нему, а и нему. И тоа девојче не мислеше дека работите ќе се одвиваат вака, и дека она што толку добро ја негува нејзината сентиментална душа - ќе боли. Но, нека боли, пак велам. Живот е, едно доаѓа, друго си оди. И страв и нетрпение, желба за борба и индиферентност. Спремна сум, колку што може да се биде, а тоа секогаш ќе е во границите на минималноста. Но, нека.
Вредат ли парите ако нема кој да ги заработи и да ги потроши/вложи? Вреди ли автомобилот ако нема кој да го произведе, да го купи и потоа да го вози? Вреди ли храната ако нема кој да ја јаде? Вреди ли...? Ништо од ова не вреди, бидејќи да не постои човекот / животот... се е безвредно... Единствена вредност има човечкиот живот. Затоа внимавајте како го живеете, како го користите времето, како се однесувате и какви зборови употребувате. И не ја гледајте вредноста на човекот преку безвредни нешта како што се материјалните добра. Тие се потребни, но немаат никаква длабока вредност. Сакајте се, прегрнувајте се, најдете време за семејство и пријатели, бидете љубезни еден кон друг. За работа и заработка секогаш ќе има време. Одвојте време за љубовта, пријателството, добрината ... тоа е она што не се троши и секогаш останува запаметено.
Трагично е да гледаш како љубов кон материјалното го убива со години градено нематеријалното. И не можеш тука ништо, освен да се свртиш и да си заминеш.
Двајцата сме си фамилија. Знаеш дека немаме многу у штедиме. Зошто да даваш на твоите а тие на сестра ти? Ме повредуваш вака како да постапам? Ах ... проклето.. СДК не е убаво вака што се мешаат стари во се и сешто. Баш затоа и немир се створа..
СДК денес слободен ден, чистење, перење , пеглање, средување по дома уз музиче СДК, треба да седнам да исчитам новости од работа и да испринтам некои поврзани со работата , менаџерскиот тип постојано праќа , еве пример : Во случајов да припазуваме на патниците со турски пасош кои патуваат за Кипар им треба виза ..... Кога сме кај пасошите секакви пасоши ми имаат поминато во раце , ама слабост ми се кандаските пасоши, ви љубоморам на сите што имате канадски пасоши, сакам и јассссссс !!!! Убав ден на сите
Со денови не ми се трга од глава приказната за типот кој умре продупчен од стрели пошто, решил дечкото да им праповеда христијанство на некоe си таму агресивно племе у Индија или каде год. Па, приказни, приказни како е опасно луѓе да одат натака да не им пренесат од нашите болести, па како треба да се остави телото на 'храбриов' пастор ради истото... некад жими се најмило не сум баш убедена дека е 2018 година и тоа дека привршува, мајку и. Освен тоа, се почесто сум на мисла да го облечам костимот на Покахонтас и да го чекам капетан Џек да ме ољуди и охристијани. Гаддем луѓе.
Можеби сум паничар, но отсекогаш ми било језиво кога се возам во кола со некој и тој да си земе да чепка во телефонот. Абе ништо нема побитно од безбедноста, се' друго може да почека. И затоа не можам никако да ги сфатам оние кои се снимаат и ставаат на инста стори каде што возат. Зошто?
Блесаво чувство е кога ќе ти се деси "ахаааа" момент. Освен што ти е срам од сам себе, лут си и бесен, разочаран од сам себе со надеж дека ќе се оправиш. И да не си тиквар ваквите понашања прават да стварно некој помисли да си тиквар. Тиквар дословно. Обично за тиквар се мисли дека е тврдоглав и глуп човек ама у случајов... наивен па можда и глуп. Смачено ми е од секојдневието....