денес денот ми беше убав и чуден..и си мечтаев за некого кого не смеам ни да помислам ,ај белки е фаза но ќе помине
https://www.crnobelo.com/zabava/int...zivaat-da-gi-krshat-vo-gradskiot-javen-prevoz Поента ставам на 2то за кесите.
Сакам да кажам, без да звучам ептен негативно (и bitchy), дека редно време е малку да се ограничат можностите секој да биде во состојба факултетски да се "образува" во нашава државичка. Причини еден куп. Образованието е важно, да, и сите ние се сеќаваме на реформата со слоган "Знаењето е сила, знаењето е моќ" од претходната ни влада која ги поттикна буквално СИТЕ да се стремат кон остварување на статусот академски граѓанин. Арно ама, дали сите тие гореспоменати личности се соодветни за да ги полнат факултетските клупи? Според мене, не. Од личност која навршила полнолетство и сака да се упише на факултет (без разлика на каков, да не потценувам смерови) се очекува да биде описменета доволно како би продолжила да се образува факултетски. Под "доволно описменета" подразбирам стекнување на основни знаења од областите на предметите кои таа личност БИ ТРЕБАЛО да ги совлада во текот на основното и средното образование. Ова мислење го пишувам поттикната од моето окружување, моите колеги и познаници кои студираат на факултетите низ Македонија. На колегите со кои јас ќе го делам апсолвентското табло, дури на наполнати повеќе од 22 години, им фалат задолжителни познавања од македонската граматика, како и основно B2 ниво за познавање на англискиот јазик (да не пишувам воопшто за математика, географија, физика, историја и другите "посложени науки"). Е сега, бидејќи бројот на ваквите личности надминува 99% на мојот смер - автоматски се оштетува останатиот дел од студентите, така што професорите го добиваат приматот на "најпаметни суштества" кои се дрзнуваат да ни поставуваат дури и прашања од типот: "Дали сте пробале путер некогаш?" или "Како стоите со англискиот?". Никогаш не ми била целта да глумам најпаметна или најписмена, бидејќи сум далеку од тоа. Меѓутоа на вакво деградирање на студентите јас едноставно не можам да останам рамнодушна. Редно е студентите да имаат можност да го покажат својот капацитет на универзитетите и професорите да се спуштат на земја - каде и припаѓаат заедно со сите луѓе на планетава. Редно е да се примаат поквалитетни студенти кои имаат што да понудат и сакаат да направат нешто од себе и од државава. Редно е професорите да работат во корист на студентите, а не да ги омаловажуваат. Редно е да смениме нешто. Сакам да кажам, дека сакам промена. Многу од младите во државава сакаат промена, но свесни се дека никој нема да го слушне нивниот глас. И затоа постојат форуми каде можеме секое наше мислење да го искажеме. Замислете какви реакции ова мислење би поттикнало доколку е објавено на Facebook. Јас замислив: "која си ти да кажуваш кој смее да се запише на факултет, образованието ни е супер, професорите се најквалитетни, руже цветају". Квалитетен кадар би излегол од факултетите само доколку како таков и би влегол во истиот. By the way, од срце се надевам дека само на мојот смер постои ова и дека другите студенти се паметни и писмени. Подобро јас да испаднам глупава отколку на секој факултет да постојат овие огромни недостатоци.
Се доведов до степен да му објаснувам на 25 годишен човек што е почит. Оти почитта ја заборавил во подрум. И знаете што пак не чинам. Ајт.
Никако да разбере што и кажувам. Ах, другарке моја..Маж, те зема за рака и те трга напред да одиш заедно со него. А, не млитавење и детско однесување на 30 години. Па и капак не сака да работи. А, утре жена, деца, фамилија?? Шта чеш , сакам да и помогнам..
Поздрав до сите оние ,,другарки" што се ,,секогаш тука за тебе", а не потрошиле ни 5 мин последниот месец да те побараат да прашаат како си. И, не, немој да кажете побарај ги ти, затоа што желбата и интересот секогаш треба да е двонасочен
Денес не сакам да го поминам тука денот, имам други обврски, а така ми е никаков денот што не можам да ја напуштам фемина, ништо не ми се прави. Сама си останав дома, сите на работа а ја ќе спремам испит. Ич не ми се учи. Ако има некој нека ми помогне и нека ми даде мотивација.
Понекогаш ми излегуваат на социјални мрежи добитни ливчиња од кладилница со некоја добивка.Коментари од типот колку е ,,цар''. Не бе брат,не си ти ,,цар'', цар е тој што ја измислил ВЦ шољата,а ниеден газ нема измерено и на сите им е таман.
Ја имав среќата од многу колеги да бидам избран да одам на предавање за ,,Заштита и безбедност при работа". И нормално лицето кое треба да ги пренесе информациите поврзани со ова си заврши со своето излагање вели слободни сте. Јас изреволтиран од ваквото негово однесување го прашав што прават тие за да ја подобрат безбедноста и да ги заштитат вработените од можни повреди? Дали сметаат дека заштитната опрема е доволна за да се обезбеди и заштити вработениот? Дали имаат намера да ги поправат постројките и машините бидејќи во периодот кој сум дел од оваа организација се повредени 3 вработени од нив? Дали ќе продолжат да се грижат само за забрзување на работниот процес, а не и за безбедноста на вработените? Одговорот беше јас имав задача само да ви го пренесам ова што ми го дадоа од Секторот за безбедност и заштита при работа и не сум запознаен со ова и не можам да ви одговорам на прашањата. Замислете тој е одговорно лице во тој сектор, а не знае и не бил запознаен со овие факти. Ако очекуваме од вакви личности да се грижат за заштитата и безбедноста при работата подобро и да не постои таков сектор во компанијата барем ќе заштедат пари веќе кога не се активни во решавање на проблемите односно изнаоѓање на решенија за дадените проблеми.
Не сум јас да ме пуштиш по продавници. Особено не сега во предпразнична сезона, башка и со 10кг плус! Потрошив пари во Базаро за ситници, од едно до десето, оп 2000 денари за што? За рендиња, кутии, чашки, новогогодишни укравчиња, крпи, чорапи, пенкалца и... сметката кога ми ја даде девојката се фатив за глава. Добро, купив и некои ситни подароци ама не, не сум за да ме пуштиш по продавници. Особено што XL ми е величината, а бев гордо М/L. Сите продавачки дознаа дека имам бебе и ме охрабрија дека ќе се вратам на себе штом малата прооди. Купив една суќња и се гледав во огледало ко Бриџит Џоунс. Скоро скандалозно пред плачење. Сепак е зима и дојам, се тешам. Телото е машина и храм, моево сега продуцира млечни производи и никако да се собере. А за молење да се опраам, тро покасно. Си ветив - 2019та мора да дополагам за возачка и да симнам килажа. Никако да не се претворам во жена - баба! И то. Сега она спие, јас правам рижото. Се смешка. Ваљда знае колку ја сакаме?
СДК апдејт: наеднаш добив енергија, се расположив, си викнав гости што немат што да прават. Шо ќе правам сама иначе... нема смисла и досадно е Имајте си убав ден и вие
Сакам да кажам дека сабајлево во здраствената книшка си најдов outdated документи, па да напрам чистка. Си најдов документче кога сум била на очно и ми пишеше "контрола за 6 месеци". Ова беше 2009. Никогаш не бев. После најдов едно картонче каде што требаше да ми бидат впишани документите за физикална терапија. Ни еден ден не сум била. Ова беше 2010. Реално, испаднав ... Океј. Заклучок: не бидете пациент како мене зошто "океј" е низок критериум, треба да бидите "супер".
СДК Понекогаш доаѓа состојба во која и покрај сите убавини во животот и светот тебе не ти се допаѓа ништо т.е не те исполнува. Не ти се допаѓа животот кој го живееш на оваа земја, бидејќи гледаш се лошо околу тебе, гледаш несреќи,болести,кавги,глад,сиромаштија... Бараш нешто што никако не можеш да го најдеш – не можеш да го најдеш на оваа земја. Една блиска личност ми кажува битна е верата дека можеш да ги промениш работите на подобро. Но, можам ли? Можам секако! Можам да ги променам моите погледи на животот. Можам да почнам да го гледам доброто , убавините, среќата и радоста. Можам да правам добри работи. Да бидам позитивна. Но, најискрено – секогаш ќе мислам дека луѓето се соочуваат со доста тешки проблеми од кој не можат да најдат излез и дека кога тогаш тоа се одразува во нивниот живот, во семејството, на здравјето и сл. Но, да верата и надежта се многу битни. Верувам дека еден ден ќе живеам во совршен свет,свет без болести, без разделби, без тага, солзи, болка, без смрт. Спојлер "И ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина." (Библија)
Слика од скопските 40-катници како последните 2-3 ката се издигнуваат над смогот. Кога би можело на врвот да се инсталираат некои супер вшмукувачки вентилатори и тие чистиот воздух да го исфрлаат низ огромни цевки долу на приземје, можеби и би се намалило загадувањето?
Цвеќето не може да цути кога околностите не се како што треба да бидат. Сакам да кажам, не е секогаш се' до нас. Не треба да се обвинуваме себеси за луѓе кои го вадат најлошото од нас. Понекогаш околината околу нас е токсична, а ние знаеме да заборавиме дека под прави околности можеме да расцутиме во најубавото цвеќе, ако и само ако го направиме првиот чекор. Но исто така, понекогаш, треба да помине одредено време за тој прв чекор да може да се направи...