Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. J@cqueline

    J@cqueline Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    ^Ars longa, vita brevis, слава им:bow:
    Особено Горан,имаше во тоа човече безграничен уметнички гениј.
     
    На Rama, cresa-jagoda и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    Кратка приказна за моето патешествие кога си одам дома од факс.
    Фаќам 50ка кај Континентал, се симнувам кај Рекорд и гледам дека од другата страна е блокирана улицата и не можам да фатам 24 за накај дома. Викам ајде ќе одам кај пазарче. Кај пазарчено, нешто сумливо, 24ки нема, викам да не не проаѓаат од тука, викам ај кај билна ќе фатам од автобусине што одат по Првомајска. Се качувам таму во еден. Гледам блокирано и кај Рампа, па ме однесе автобусов во Аеродром, и сврте од кај Џевахир па се симнав кај Лукоил и за накај дома пешки уште пола саат и повеќе одење. И ова да ме однесе автобусот у три лепе ми се случи два пати.
    А додуша цел месец се шетам од автобуска на автобуска барајќи каде автобус да фатам.
    Денес - Фаќам 16ка кај Континентал, се симнувам кај пазарче и викам еј супер ќе си фатам 24че за накај дома. Додека чекам, ја затвораат таму улицата, а знам дека и Рекорд е затворен. Од страв пак да не ме однесе во Аеродром некој од автобусине по Првомајска што минат, одам накај билна прво, ама викам ај пак ќе м симне кај Лукоил на Првомајска. И така ми дојде преку таквото што го немам и си дојдов пешки од Центар додека дишев скопски вАздух и ми ја ароматизира косава и облекава. Некој ќе помисли - оваа се утепала од пушење (цигари нели):smoke:

    И сериозно, ама сериозно сакам да се жалам некаде поради ова. Ем викаат да не се излегува јер загадено, ем немаш каде факинг автобус да фатиш дома ко чоек да си дојдеш. Или, мораш да даваш по 100 и кусур денари за такси зошто си претепан од работа или факултет и едвај чекаш да дојдеш дома да легнеш.
    Малце нека се свестат луѓено без осет што им прднало дека секој ден тие Центар ќе го блокираат, па за идење негде, снајди се како знаеш и умееш.
    Преку глава ми е:@:@
     
    Последна измена: 7 декември 2018
    На DEJAN.SKROMEN, smooch, christinnn и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.090
    Допаѓања:
    44.403
    Пол:
    Женски
    До кога треба да се чувствуваме виновно ако некој е тажен/разочаран поради тоа што неговата замисла за нашиот живот не се остварила?
    Болни легнуваат постариве, во црнина се виткаат чиниш починала внуката, а таа само да не ти била мажена на 30 години. Ставил/а крај на врска од 5 години- ,,Несреќно е детето, не си створи фамилија навреме, а толку време беа заедно."
    Донесува одлука да не оди на факултет, туку да работи- ,,Леле остана детето без диплома."
    Можеби е среќна што ужива во животот како слободна девојка до 30 години. Замислете, раскинувањето понекогаш е најдоброто нешто што некому може да му се случи и оддалечувањето од токсична личност всушност менува многу.
    И факултетот не е гаранција за ничија среќа. Како да не може човек да им докаже дека не е така како што си мислат.
    Не ги наметнувајте вашите очекувања и планови за нечиј живот, па кога нема да биде така во реалноста, да кукате и да правите некој да се чувствува виновно за вашата тага.
     
    На BayernKa, Lella, Purplelilac и 21 други им се допаѓа ова.
  4. J@cqueline

    J@cqueline Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Мирис на тимијан, мир, надеж, верба.
    Мирис на козињак, на колачиња тазе извадени од фурна.
    Мирис на наивни и детски обравчиња целувани и галени од мама и тато.
    Мирис во мене, внесен и вознесен...
    Каде и да сум тука е.
    Мирисот на детството.
    Мирисот на невисноста на безгрешната верба неизвалкана од ништо, чиста како белината на првиот снег пред праг на домот мој.
     
    На Stories, Chantal, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  5. blueberry23

    blueberry23 Активен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2018
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Многу се разочарав!
    Во јули напуштив работа, поради тоа што повеќе не можев да издржам со таа плата, без слободни денови и многу други неправди и глупости. Од тогаш отидов на 4 разговори за работа, никој ми се нема јавено сеуште. Цело лето ми помина така...вадење документи, замарање, чекање на шалтери, чекајки повик...
    Бев на интервју последен пат на работа каде задолжителен беше англиски јазик и супер поминав. Денес дознав дека се примени други коишто ги познавам и знам дека немаат поим англиски и со средно. Со среќа нека им е, криво ми е што се е со врски само.
    Јас магистер не бев примена на тоа работно место, а толку се надевав.
    Праќам меил постојано сегде, но неуспешно, повеќето не се јавуваат. Работев се и сешто, од келнерка, буквално се од свои 18години. Смачено ми е веќе навистина што толку труд и пари вложив во образование и на крај ништо.
    Малку депресивно звучам, ама стварно ми е преку глава веќе.
     
    На Lella, christinnn, buba4e89 и 17 други им се допаѓа ова.
  6. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    21.039
    Пол:
    Женски
    Кога ќе помислам дека имам лош ден, ми текнува на моментот кога бев премногу тажна поради еден дечко и ја купив Колекционер. Одма ми поминува.
     
    На buba4e89, Bender Rodriguez, GirlLove и 5 други им се допаѓа ова.
  7. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.984
    Пол:
    Машки
    @blueberry23 Тоа што си вложила во образованието не е залудно. Еве и јас работам работа која не ми се допаѓа, иако имам завршено факултет и не можам да најдам во областа за која сум учел низ годините. Работам понекогаш и прекувремено во две смени , некогаш повеќе и од 17 часа за мизерна плата. Ама некогаш е подобро да се трудиш и да работиш отколку да седиш дома и психички да се разболиш. И не се разочарувај ако сметаш дека не можеш да најдеш работа која сакаш да ја работиш со солидни примања односно надоместоци овде во нашата држава , со завршеното образование секогаш имаш опција да најдеш работа во странство.
     
    На Chantal и Rama им се допаѓа ова.
  8. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.605
    Пол:
    Женски
    Ако знаеш јазик, најдобро нешто ќе ти биде е да побараш работа во странство. Можеби ќе ти одземе време додека се стабилизираш но, сигурно ќе успееш. Од нашата држава тешко дека ќе биде нешто. На крај така ќе е како што многумина ми кажуваат: „Сите што се паметни си отидоа во странство.“
     
    На blueberry23, Purplelilac, Chantal и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.783
    Пол:
    Машки
    Колку повеќе се имам мачено да сфатам некои работи и принципи во животот, и да изигравам ‚‚филозоф",толку повеќе се враќам на почетокот.Дека ако си вреден, нема да се врати со награда.Ако си поминал тешко ,нема да дојде лесно.Ако си помогнал, не е пишано правило да ти се помогне,а би требало.Ако си поминал ,,војна" , не мора да значи дека ќе дојде мир.Дека ако некој е добар,не мора да се врати со добро,ако е лош не мора со лошо.Ако даваш, даваш затоа што сакаш, не затоа што очекуваш.Ако си сакал не е обврска да те сакат.Ако е човек во вистинска смисла на зборот, може да не му се врати човечки.Примери има безброј, но најважна е совеста .Каква ќе ни биде чиста или не, од нас зависи, и сфаќам дека правила нема, се е можно.
     
    Последна измена: 7 декември 2018
    На buba4e89, Stories, Natali.3 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.306
    Допаѓања:
    4.386
    Зарем не може на дисплеите од скопското ЈСП кога има промена на режимот на сообраќање да се испише информација дека дотичната станица не е во функција, за патниците да чекаат на претходната/следната?
     
    На christinnn, GirlLove, Tan4ence и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    5.222
    0800 15 115 Jaви им се. И од мене можеш да ги отераш у пм
     
    На GirlLove, Rama, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.616
    Допаѓања:
    180.570
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека денес дур дечко ми играше на лаптоп, јас на плејстејшн си имав пуштено серија, стара епизода. И детето прекинваше со играње за да гледа и да ме праша кое срање сум го гледала зошто се му беше неповрзано и чудно. Да знаев дека можи ќе се заинтересира некоја најдобра епизода ќе ја пуштев. Пример огромен Бибо против временски демон. Ама шо знам јас.
     
    На Purplelilac, Natali.3 и Rama им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Животински принтови и крзно, природно е да се гледаат на животни, а не на луѓе.
    Туку се шлапате со хемикалии да си ви биде мазна кожата, да нема флеки, да нема ова- да нема она..Влакна кубите, депилирате, бричите.. И после, ќе облечите нешто, одоздола ко тигар, одозгора ко мајмун влакнест!

    Ај донт гет ит??
     
    На M&M, Purplelilac, daylight и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.567
    Допаѓања:
    55.493
    Пол:
    Женски
    Барам со закон да се забранат сите оние филери,силикони,чуда и врагови со кои сите се прелепотици,редно е и ние грдите што немаме можност да си платиме за да сме убави,слободно да сме природно убави и да не ценат како такви,без да не лажат дека ни ја ценат внатрешната убавина на душата,а уствари кога ќе те видат имаат поинакви очекувања и се паѓа во вода.
    ФМП :D
     
    На M&M, Dust, buba4e89 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.329
    Рекламата на Анчевски: Поклонете филер/ботокс пи*ке си материне, за вашата кожа да изгледа 'природно' |(

    Кај е 'природно' парализирани мускули на лицето???
     
    На M&M, cresa-jagoda и Rama им се допаѓа ова.
  16. J@cqueline

    J@cqueline Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Поинаквите очекувања се нивни проблем нека си се носат сосе него подалеку од тебе:)
    Јас исто размилсував вака за сите чуда и врагови додека не видов една познајничка како се разубавела физички со интервенции(не изгледа на неа пренападно иако да се приметуваат паткини муциња).
    Аплицирала на струка кај што е битен физикус и постигнала тоа што ретко која може да го постигне на нејзини години.
    А за восхит ми е што не крие како го постигнала изгледот.
    Не крие, не се срами, работи на себе да биде подобра и несебично дели совети и мотивира.
     
    Последна измена: 7 декември 2018
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Ако се паѓа во вода значи не сме природно убави. :)
    А ако некој ја цени внатрешната убавина ја цени без филери и ботокси пошо на истата тоа засега не може да се стави, можда некогаш ќе може.
    А ако некој бара и внатрешна и надворешна убавина, си бара човекот и тоа е.
    Што не значи дека ако ставиме филери и ботокси ќе постогнеме надворешна убавина туку напротив, може да доогрдиме.
    И уште за крај, секој со своите желби, можности и потреби на овој свет. Некој не сака филери, некој сака ама не може да плати, некој сака и може да плати и некој може да плати ама не сака.:)
     
    На WildMk и Feminka192 им се допаѓа ова.
  18. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Се разбудив или ме разбуди забоболка.
    Пред некој ден бев на заболекар, се пожалив за еден заб и дотичнатата ми вели дека не е можно таму да ме боли бидејки ми е здрав.
    Како бе тетке не е можно да ме боли кога знам од каде доаѓа болката? При здрав разум ме направи будала.
    По неколку денови на истото место ме боли многу повеке од претходниот пат а јас немам ништо дома од лекови за да ми помине.
    Ноќва ќе биде долга а јас ќе ве читам се додека не заспијам.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  19. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    973
    Допаѓања:
    3.605
    Пол:
    Женски
    Сто посто ти е расипан(внатрешно). Некогаш кај некои пациенти е скроз расипан забот, а надворешно изгледа здрав. Снимај го однеси и снимка или нека ти го отвори да види дали е расипан. :)
     
    На Rama, cresa-jagoda, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Ќе одам утре повторно, ако ми го каже истото си барам нов матичен заболекар па и ќе го снимам.
    Фала <3
     
    На cresa-jagoda, theowndemon и worrieddd им се допаѓа ова.