Кратка приказна за моето патешествие кога си одам дома од факс. Фаќам 50ка кај Континентал, се симнувам кај Рекорд и гледам дека од другата страна е блокирана улицата и не можам да фатам 24 за накај дома. Викам ајде ќе одам кај пазарче. Кај пазарчено, нешто сумливо, 24ки нема, викам да не не проаѓаат од тука, викам ај кај билна ќе фатам од автобусине што одат по Првомајска. Се качувам таму во еден. Гледам блокирано и кај Рампа, па ме однесе автобусов во Аеродром, и сврте од кај Џевахир па се симнав кај Лукоил и за накај дома пешки уште пола саат и повеќе одење. И ова да ме однесе автобусот у три лепе ми се случи два пати. А додуша цел месец се шетам од автобуска на автобуска барајќи каде автобус да фатам. Денес - Фаќам 16ка кај Континентал, се симнувам кај пазарче и викам еј супер ќе си фатам 24че за накај дома. Додека чекам, ја затвораат таму улицата, а знам дека и Рекорд е затворен. Од страв пак да не ме однесе во Аеродром некој од автобусине по Првомајска што минат, одам накај билна прво, ама викам ај пак ќе м симне кај Лукоил на Првомајска. И така ми дојде преку таквото што го немам и си дојдов пешки од Центар додека дишев скопски вАздух и ми ја ароматизира косава и облекава. Некој ќе помисли - оваа се утепала од пушење (цигари нели) И сериозно, ама сериозно сакам да се жалам некаде поради ова. Ем викаат да не се излегува јер загадено, ем немаш каде факинг автобус да фатиш дома ко чоек да си дојдеш. Или, мораш да даваш по 100 и кусур денари за такси зошто си претепан од работа или факултет и едвај чекаш да дојдеш дома да легнеш. Малце нека се свестат луѓено без осет што им прднало дека секој ден тие Центар ќе го блокираат, па за идење негде, снајди се како знаеш и умееш. Преку глава ми е
До кога треба да се чувствуваме виновно ако некој е тажен/разочаран поради тоа што неговата замисла за нашиот живот не се остварила? Болни легнуваат постариве, во црнина се виткаат чиниш починала внуката, а таа само да не ти била мажена на 30 години. Ставил/а крај на врска од 5 години- ,,Несреќно е детето, не си створи фамилија навреме, а толку време беа заедно." Донесува одлука да не оди на факултет, туку да работи- ,,Леле остана детето без диплома." Можеби е среќна што ужива во животот како слободна девојка до 30 години. Замислете, раскинувањето понекогаш е најдоброто нешто што некому може да му се случи и оддалечувањето од токсична личност всушност менува многу. И факултетот не е гаранција за ничија среќа. Како да не може човек да им докаже дека не е така како што си мислат. Не ги наметнувајте вашите очекувања и планови за нечиј живот, па кога нема да биде така во реалноста, да кукате и да правите некој да се чувствува виновно за вашата тага.
Мирис на тимијан, мир, надеж, верба. Мирис на козињак, на колачиња тазе извадени од фурна. Мирис на наивни и детски обравчиња целувани и галени од мама и тато. Мирис во мене, внесен и вознесен... Каде и да сум тука е. Мирисот на детството. Мирисот на невисноста на безгрешната верба неизвалкана од ништо, чиста како белината на првиот снег пред праг на домот мој.
Многу се разочарав! Во јули напуштив работа, поради тоа што повеќе не можев да издржам со таа плата, без слободни денови и многу други неправди и глупости. Од тогаш отидов на 4 разговори за работа, никој ми се нема јавено сеуште. Цело лето ми помина така...вадење документи, замарање, чекање на шалтери, чекајки повик... Бев на интервју последен пат на работа каде задолжителен беше англиски јазик и супер поминав. Денес дознав дека се примени други коишто ги познавам и знам дека немаат поим англиски и со средно. Со среќа нека им е, криво ми е што се е со врски само. Јас магистер не бев примена на тоа работно место, а толку се надевав. Праќам меил постојано сегде, но неуспешно, повеќето не се јавуваат. Работев се и сешто, од келнерка, буквално се од свои 18години. Смачено ми е веќе навистина што толку труд и пари вложив во образование и на крај ништо. Малку депресивно звучам, ама стварно ми е преку глава веќе.
Кога ќе помислам дека имам лош ден, ми текнува на моментот кога бев премногу тажна поради еден дечко и ја купив Колекционер. Одма ми поминува.
@blueberry23 Тоа што си вложила во образованието не е залудно. Еве и јас работам работа која не ми се допаѓа, иако имам завршено факултет и не можам да најдам во областа за која сум учел низ годините. Работам понекогаш и прекувремено во две смени , некогаш повеќе и од 17 часа за мизерна плата. Ама некогаш е подобро да се трудиш и да работиш отколку да седиш дома и психички да се разболиш. И не се разочарувај ако сметаш дека не можеш да најдеш работа која сакаш да ја работиш со солидни примања односно надоместоци овде во нашата држава , со завршеното образование секогаш имаш опција да најдеш работа во странство.
Ако знаеш јазик, најдобро нешто ќе ти биде е да побараш работа во странство. Можеби ќе ти одземе време додека се стабилизираш но, сигурно ќе успееш. Од нашата држава тешко дека ќе биде нешто. На крај така ќе е како што многумина ми кажуваат: „Сите што се паметни си отидоа во странство.“
Колку повеќе се имам мачено да сфатам некои работи и принципи во животот, и да изигравам ‚‚филозоф",толку повеќе се враќам на почетокот.Дека ако си вреден, нема да се врати со награда.Ако си поминал тешко ,нема да дојде лесно.Ако си помогнал, не е пишано правило да ти се помогне,а би требало.Ако си поминал ,,војна" , не мора да значи дека ќе дојде мир.Дека ако некој е добар,не мора да се врати со добро,ако е лош не мора со лошо.Ако даваш, даваш затоа што сакаш, не затоа што очекуваш.Ако си сакал не е обврска да те сакат.Ако е човек во вистинска смисла на зборот, може да не му се врати човечки.Примери има безброј, но најважна е совеста .Каква ќе ни биде чиста или не, од нас зависи, и сфаќам дека правила нема, се е можно.
Зарем не може на дисплеите од скопското ЈСП кога има промена на режимот на сообраќање да се испише информација дека дотичната станица не е во функција, за патниците да чекаат на претходната/следната?
Сакам да кажам дека денес дур дечко ми играше на лаптоп, јас на плејстејшн си имав пуштено серија, стара епизода. И детето прекинваше со играње за да гледа и да ме праша кое срање сум го гледала зошто се му беше неповрзано и чудно. Да знаев дека можи ќе се заинтересира некоја најдобра епизода ќе ја пуштев. Пример огромен Бибо против временски демон. Ама шо знам јас.
Животински принтови и крзно, природно е да се гледаат на животни, а не на луѓе. Туку се шлапате со хемикалии да си ви биде мазна кожата, да нема флеки, да нема ова- да нема она..Влакна кубите, депилирате, бричите.. И после, ќе облечите нешто, одоздола ко тигар, одозгора ко мајмун влакнест! Ај донт гет ит??
Барам со закон да се забранат сите оние филери,силикони,чуда и врагови со кои сите се прелепотици,редно е и ние грдите што немаме можност да си платиме за да сме убави,слободно да сме природно убави и да не ценат како такви,без да не лажат дека ни ја ценат внатрешната убавина на душата,а уствари кога ќе те видат имаат поинакви очекувања и се паѓа во вода. ФМП
Рекламата на Анчевски: Поклонете филер/ботокс пи*ке си материне, за вашата кожа да изгледа 'природно' Кај е 'природно' парализирани мускули на лицето???
Поинаквите очекувања се нивни проблем нека си се носат сосе него подалеку од тебе Јас исто размилсував вака за сите чуда и врагови додека не видов една познајничка како се разубавела физички со интервенции(не изгледа на неа пренападно иако да се приметуваат паткини муциња). Аплицирала на струка кај што е битен физикус и постигнала тоа што ретко која може да го постигне на нејзини години. А за восхит ми е што не крие како го постигнала изгледот. Не крие, не се срами, работи на себе да биде подобра и несебично дели совети и мотивира.
Ако се паѓа во вода значи не сме природно убави. А ако некој ја цени внатрешната убавина ја цени без филери и ботокси пошо на истата тоа засега не може да се стави, можда некогаш ќе може. А ако некој бара и внатрешна и надворешна убавина, си бара човекот и тоа е. Што не значи дека ако ставиме филери и ботокси ќе постогнеме надворешна убавина туку напротив, може да доогрдиме. И уште за крај, секој со своите желби, можности и потреби на овој свет. Некој не сака филери, некој сака ама не може да плати, некој сака и може да плати и некој може да плати ама не сака.
Се разбудив или ме разбуди забоболка. Пред некој ден бев на заболекар, се пожалив за еден заб и дотичнатата ми вели дека не е можно таму да ме боли бидејки ми е здрав. Како бе тетке не е можно да ме боли кога знам од каде доаѓа болката? При здрав разум ме направи будала. По неколку денови на истото место ме боли многу повеке од претходниот пат а јас немам ништо дома од лекови за да ми помине. Ноќва ќе биде долга а јас ќе ве читам се додека не заспијам.
Сто посто ти е расипан(внатрешно). Некогаш кај некои пациенти е скроз расипан забот, а надворешно изгледа здрав. Снимај го однеси и снимка или нека ти го отвори да види дали е расипан.
Ќе одам утре повторно, ако ми го каже истото си барам нов матичен заболекар па и ќе го снимам. Фала <3