Се е нормално во овој ненормален свет. И се е ненормално во овој нормален свет. Нашите сетила, учења, етика се оние кои индивидуално разграничуваат што е, а што не е нормално. Апсолутна вистина, точност не постои, само осудување или прифаќање врз основа на нашето постоење. А врз основа на природните закони се е нормално, останува на перцепцијата на набљудувачот да расуди.
Моите дома кога не работи некој тв канал: Моите дома кога ќе проработи тв каналот: Јас објаснувајќи им што ми кажал вработен за дефектот дур они тресат теории безвезе,пред и потоа:
Сакам да кажам мене или и под камен не можиш да ме најдиш или како паразит ме има сегде. Денес сум второто. Извинете за денес, али од утре ќе намалам, не ме држи висока енергија поќе од еден ден.
Сдк дека сум препревозбудена што имам за давање неколку подароци на многу драги луѓе, едвај чекам да ги израдувам.
Само што ми прдна кучево во спиење, омг таква арома задушува Сега стана и се сврте наопачки, јеее ако прдне пак нема да ми е у фаца
И јас сум многу возбудена, особено доживеав кулминација на задоволство кога го отворив новчаникот и сфатив дека остана само прашина внатре и куп фискални за скенирање. Ајде барем некој среќен ќе биде. А под мојата елка само компир со машна има.
Well, си планирав и собрав доволно пари. Нема поголема среќа за мене да бидам со оние што ми значат и да ги израдувам. Не паничам колку ќе потрошам и дали ќе добијам нешто за возврат. На крај сите среќни и задоволни. Nothing else matters.
Човек сум, што сака да подарува и тоа многу. Особено За НГ, до лани им купував на сите најблиски. Но, сега со празен новчаник, Боли. Иначе, ме прави среќна и весник да му купам на дедо ми. Многу сакам хуманитарни акции, да сум барем малку понесрамежлива и да иам плата добра, би донирала се. Иначе, последно убава донација, скромна, брашно, масло, шеќер донирав лани. Ми се полни срцето кога знам дека таму имс некој кој има потреба а не е моќен...
Оставете ги децата да си веруваат во Дедо Мраз! И вие си верувате во ЧАЈ ЗА СЛАБЕЕЊЕ, па никој не Ви ја расипува магијата...
Сакам да кажам дека ако не прајме работи оти негде има полошо - свршивме работа. Секогаш има полошо и никој нема право да ти напрај shitting on your parade само зошто моментално нема можности ко тебе. Тудлс.
Кога сме кај поклони, пред некоја година се шалевме во друштво нешто за плетење/хеклање. И решив да ги изненадам и да им додадам во поклонот една моја рачна изработка. Јас како експерт во хеклање, што игла нема фатено во живот, со голема самодоверба почнав некој ден пред собиранка за Нова година. Замислата беше снегулка што гледав на интернет. На крај снегулката се трансформираше во цвет....растен во Чернобил. И така размислувам годинава да правам втор обид, ама да почнам на време. И дефинитивно ќе имам и нешто друго како backup gift, сепак си ги знам можностите и трпението.
СДК дека секогаш ми е полесно кога помалку размислувам, а повеќе дејствувам. Бројам до пет и го правам тоа што треба без многу overthinking... Иако тоа не е вообичаено за мене, сепак полека се учам да не ги отфрлам шансите што ми ги праќа животот.
Сеа ќе речете оваа паѓа у трансови. Кога бев мала у центар моите ме носеа само кога требаше да ми купат нешто, ретко кога за прошетки. Памтам зимно време беше. Во двокатен горе на спрат кај 4те седишта. Јас седев на седиштето право а девојкава за тие наопаку. Имаше црвена коса, кратка, да речам "машка" фризура. Седеше спроти мене. И наеднаш се потпре до прозорецот. Погледнав во очите нејзини и видов тага. Како отсутна да беше, избезумена, уморна од животот, проблеми, маки. И сега после 9-10г ме интересира каде е таа девојка, дали е добро, дали е живa, здрава, дали си ги решила проблемите. Многу пати наназад помислував можеби се самоубила. Можеби ќе се сретнеме таму горе некогаш, и ќе разговараме..
Како да и кажам на колешкава дека не почнав да решавам за колоквиум туку наместо тоа ја читам темана избор на форумџика за 2013!? КАКО!!?
Не знам зошто голем дел од девојките очекуваат машките да го направат првиот чекор за се. Сакаат да го слушнат или да го видат ама било глупо прва да се јави или да пише. ВТФ Ве молам престанете да чекате постојано некој друг да го направи првиот чекор и земете ги работите во ваши раце.
Сите детективи се лоши и опасни бидејќи Димитар од книгата 'сопругата на детективот' бил таков. Ова е коментар на пријателка која ја прочитала неодамна, а кратко потоа запознала младич кој ѝ се претставил како вработен во мвр у цивилка, нешто како детектив веднаш го откачила. Сакам да кажам дека нема никаква споредба помеѓу книгите, филмовите, песните од една страна и животот од друга страна. Книгите настануваат од животни приказни, но у никој случај животот не може да се креира од пишани приказни. Освен во случаи на фантази-деформација....
Денов секогаш ми е со измешани емоции. Прв пат оваа година нема толку големи предновогодишни гужви. Какво растеретување! Нема полошо од тоа да бидеш заглавен во сообраќајна гужва, да не можеш да одиш ни напред, ни назад, а да имаш сериозна потреба да бидеш на друго место. На пример, на лекар. Побеспомошно не сум се чувствувала. Фала богу, сѐ добро се заврши.