Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.244
    Пол:
    Женски
    Првпат во мене гори желбата да заминам од ова место. Нестрплива сум, едвај чекам, иако сеуште не сум се спакувала. Но, има време, во наредните 24 часа обавезно патот под нозе ќе си го фатам.
    Во овој одвратен град не сакам ни една минута повеќе да поминам, а не па години. Но, морам да чекам. Тик-ток...
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    Одамна сакав да одам на одмор со мои пари . Да нешто заштедував од стипендиите ама сепак пак поголемиот дел ми го плаќаа моите . Друго е чувството кога ќе си платиш одморот сам со свои заработени пари, и така еве оваа година имам да си го платам сама одморот , ама немам право на одмор . :D

    Живот ... :worried:
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.220
    Би можела да добивам како подарок - пижами, шољи за кафе (големи, така петтонски), чорапи (на тонииии чорапи) и книги до крајот на животот и нема да се заситам.
    Денешниот 15 пара кјутипајс од чорапи спакувани во РОЗЕВА кутија со огромна панделка. ПукнаФ од среќа!!!!! Ај адор мај френд!
    Хелоу Ај ем Лилит енд ај ем адиктид ту сокс.
    Моментално имам...200 пара чорапи и кој знае уште колку по еден чорап кој плаче по неговиот другар во огромна кеса и тоа си ги носам, така различни и ич не ми е гајле...и не лажам. ;(
    Следни 100 пара, и на клиника за одвикнување.
    Патолошки е веќе!!!

    Претходната недела се враќам дома и на кревет наоѓам 3 пара чорапи. Мамо, од каде чорапиве? Па бев до маркет знаев дека ќе се израдуваш и ти ги купив, се превртев на глава од среќа...не си погрешила мајчец. Несвести!!!

    И доста за чорапите.
    После толку време животната енергија повторно ми кружи по телото.
    Лицето ми е розево, значи мускулите ми се олабавени и не се во грч од стрес и тага.
    И да...гзот а ла бијонсе. Вежбаш и си ручкаш... нормално, тртлесто и големо, да го шлапнеш 5 дена ќе вибрира. |( :clap: Затоа, вода и воздух.
    Ми се враќаат пак стари луѓе со спомени, ама некако...ништо не допира. Многу чекори сме се оддалечиле. И ми ѕрнка во глава - еј како си, среќна си? Сплендид! Гоу фак јорселф и една гоооолема насмевка полна со среќа и живот.
    Наутро кога станувам и се протегнувам и кога со дланките рамно го допирам подот и кога гледам дека темните кругови околу очите ми ги снемува се повеќе и повеќе, а и можам да направам мост без тежина и да застанам на раце... не можам да не се чувствувам убаво.

    Те шљака животов со убаво и неубаво, ама ете стои исправено. Убаво е да знаеш што е твое, а што на твоите, убаво е да знаеш кој си.
    Многу луѓе поминуваат цел живот трагајќи кои се, а толку е едноставно, не можете ни да замислите. Не е ни философија, не е ни паметноќа, не е ни интелигенција, ништо од тоа. Само да знаете дека боли, ќе се растопите од плачење како мало дете.
    Последнава година сум посреќна од кога и да е, но исто така и плачев и ме болеа многу работи повеќе од кога да е.
    И сега сум среќна полурастопена коцка. Лет ит би, лет ит гоу!
     
    На DoReMi, Elennaa, Marossa и 10 други им се допаѓа ова.
  4. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Но што ќе биде до тогаш!? :sweat: :o :tmi: :x :worried:
     

    Прикачени фајлови:

    На Marjan007, bubamara12345, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    Стварно да,влагам во веро Центар во вецето,на даската од шољата гледам :puke:
    Другите испозафатени,морав да излезам да не почнам да ги бришам случајно,хах :fubar:
     
  6. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Прееска бев на гости кај едно мало многу убаво бебе.
    Всушност сите бебиња се убави. Срцушки. Чисти, мили, миризливи, да ги изгрицкаш :inlove:

    И така на бебенцето му дојде време за јадење. Со напрчено муце, скрстени рачиња, ручка ли ручка. Седам и го гледам, се утепав од смеење. Поубаво чувство - нема! :D
    Сеуште не знае да оди, сега учи. Му ги држам рацете, полека го носам, а тоа се плетка во нозете. :lol:
    После тоа игравме со едно мало топче. Со прстињата едвај успеваше да го земе. :D

    Значи стварно многу убаво си поминав! Одамна не сум си играла толку :)
     
    На Lella и Nausicaa им се допаѓа ова.
  7. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Нема поубава жена од заљубена жена :)
     
    На julie77, Elennaa, SparkyAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Lella1

    Lella1 Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    85
    Болка од минатото и страв од иднината - ете тоа е животот.
     
    На tinka-mace и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  9. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Ни самата не знам како се чувствувам. Знам дека треба да бидам среќна поради тебе, но сепак и тагата не можам да ја потиснам. Кога толку брзо пораснавме, зарем толку брзо помина времето? Не сме веќе оние луди тинејџерки кои секогаш беа заедно и смислуваа што глупост да сторат. Знаев дека овој ден мора да дојде некогаш, но не мислев дека ќе е толку близу. Кога ми соопшти дека ќе се мажиш и дека има мало суштество во твојот стомак, верувај, тоа беше како гром од ведро небо за мене. Се сеќаваш што си велевме секогаш, дека кога ќе се омажиме ќе бидеме соседки ;( , но судбината ги промени нашите планови и сега ќе живееш во друг град. Ме убива носталгијата и сознанието дека веќе ништо нема да е исто. Времето поминато не може да се врати и ни остануваат само спомените од минатото. Спомени од едно прекрасно пријателство.
     
    На Anouk и mal.ecka им се допаѓа ова.
  10. s.h.e.wolf

    s.h.e.wolf Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    19
    СДК дека ми се оди на tomorrowland :doh: :'(
     
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Кога ќе видете некоја тотално искулирана особа нешто како Џони Деп во свое најдобро издание, помислете дека можеби само има низок притисок. Ме смени начисто притисоков, ама колку си се сакам вака, посекси сум во слоумоушн :D Не се ни трудам да го качам. I'm cool 8)
     
    На Bubbi и SparkyAngel им се допаѓа ова.
  12. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Не можам да разберам као овие на рекламиве за улошки се толку искулирани скокаат рипаат ,стој на раце праат...абре јас цел ден се мучам да станам водичка да си напунам стомакот ме утепа а они ќе ми скокаат тука.Па уште обавезно бело ќе облечат.И да неам добиено ќе се исфлекам со нешто.цц...шала на страна...више на ништо не можеш да веруваш :swear:
     
    На Seashell31, eliesaab, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  13. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    3.650
    Пол:
    Женски
    Последно време забележувам подочнаци и по некоја брчка околу очите. Не ми е гајле, знам дека тој тоа не го гледа. Тој го гледа само погледот кој нон стоп е вперен кон него, полн со љубов, топлина и разбирање.
    Устата ми е испукана, па што? Тој ја забележува само насмевката која несебично му ја упатувам, зборовите кои му ги кажувам - охрабрувачки и внимателно одбрани.
    Дланките суви, ноктите несредени. Него тоа не му е важно, тој само ја чувствува топлината што ја добива и моите раце му се најсигурното место на светот кога го држам во прегратка.
    И градите ја изгубиле својата цврстина, ама тие за него претставуваат најмекото перниче секоја ноќ кога ми заспива, како и извор на храна цела година и три месеци.
    Имам уште за пишување, ама знам дека за него сум совршена. Тој ме прави совршена. Јас за мојот син мора да бидам совршена!
     
    На Lella, ines.h, Sexybaby86 и 13 други им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.567
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека во моментот кога ја снимаат рекламата имаат добиено. :D
    Затоа се толку искулирани ;)
     
  15. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Знам бе па и ти.Само сакав да кажам...денешниве реклами се крш.Барем да се потрудеа малце ..да се виткаат да јадат мрсничко,благичко...све да отераат у пм.Мерак да ми е послем да им купам улошки од фирмата :rofl:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.310
    Допаѓања:
    92.135
    Пол:
    Женски
    Е значи неможам да ги разберам луѓето кои си пијат алкохол и се запиваат на сред бел ден :D или пак без никаков повод.На оваа жешко време да седам надвор и да пијам пиво вино без да се мрднам од место едно добри 4-5 саата ма нема шанси брее :|
    Ете така случајно заседнал пиво за пиво,ај уште оваа,ајде овој ќе части,па на другиот му дошло ред една тура од него,па таман да стани газдата ги почастил и на сред бел ден камен пијан си одиш дома и ,што правиш ? Си легнуваш и главата неможеш 2 дена да си ја најдеш кај ти |(
    Или пак можеби моите размислувања се такви затоа што така сум се навикнала и сум опкружена со луѓе кои не обожаваат алкохол.
    Мислам дека имам споменато еднаш овде јас досега татко ми не сум го видела ниту пак пие алкохол,водичка најубаво :wasntme: ... Дечко ми исто така не пие алкохол,абе си пие но се со граница :Dроднини, пријатели ниту еден од блиските луѓе не сум видела да е под големо дејство на алкохол.
    Веселби,повод за прослава,славење ,ајде океј и еднаш месечно да се напише ако си со некое добро друштво ама преку ден бе :x
    И да не се разбереме погрешно не правам муабет за алкохоличар,тоа е веќе друга приказна. :D
     
    На cresa-jagoda и Dvolicen им се допаѓа ова.
  17. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Нели се вели "Памти па вρати"!? Животот е едно тρκало, тρκало κое се вρти. Запомнив и ќе вρатам...еден ден, κога ќе се завρти...
     
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.831
    Допаѓања:
    5.146
    Пол:
    Женски
    ^Леле срам да ми е, со дечко ми вчера пиевме пиво на сред бел ден. Викторија не ме разбира. ;(

    Аман бе, никој не ве тера со сила да ги разбирате луѓето. Има луѓе ете, љубители на вино и ќе си пие кога сака и баш му е гајле дали го разбираш или не. |(

    Он топик сакам да кажам дека цела година не си го поставував прашањето дали конечно "се вклопив", дали ова е "вистинското место за мене", меѓу тие луѓе, во тој сосем нов свет. После луѓето што премногу ми напакостија, што направија да се плашам повторно да засакам, повторно да се спријателам со некој, кога отидов таму не ми беше гајле дали ќе се вклопам во новата околина. Не ми беше гајле дали ќе ја сакаат мојата музика, моето однесување, мојот стил на облекување, мене. Сакав само да учам, да бидам толерирана, ваква каква што сум, плашлива и чудна, никој да не ме гледа попреку. Сакав само да бидам оставена на мира, да не ме чепка никој, да не ме навредува без причина, да нема нови сплетки зад мој грб.
    Не очекував љубов, не очекував пријателство. Не очекував никој вистински да ме прифати таква каква што сум. А всушност, створив силни врски со многу драги луѓе кои секогаш ќе бидат во моето срце. :hug:

    Поентата ми е дека е вистина - она што навистина го посакуваме доаѓа кога најмалку го очекуваме. Затоа и е толку скапоцено.
     
  19. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.310
    Допаѓања:
    92.135
    Пол:
    Женски
    ^ Еееј стварно сте пиеле ,и ние пиевме вчера пивце можеби сме се погодиле и во исти момент :D
    Зборот ми беше друго но ете ти така си разбрала ,па така нека биде ;)
     
  20. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Многу работи сакам да кажам ама не ми излегуават од уста. :(
    Не знам кога станав толку затворена во себе, на никој ништо не можам да му кажам. Ете сакав вечерва да им кажам на другарките, ама не можев. Од друга страна пак сакам се кажам на некој врв од планина и со сита сила да се изнавикам да излезе лошото од мене. Осејкам некоја грутка во градите. Наеднаш цел свет ми се сруши. Го сруши тој со кого почнавме да го градиме. Ете до тука било. ;(
    Многу се повредивме и двајцата, многу лоши зборови си кажавме. И ти ме навреди и јас те навредив. Да можам да го вратам наназад денов ке го вратев и ништо од тоа немаше да кажам. Ама и ти претера ти ми извлече зборовите од уста. И на крај знам дека јас пак ќе те барам, а ти пак ќе си ладен како камен. :worried:
    Бар на момент да беше свесен што изгуби :fubar: