Првпат во мене гори желбата да заминам од ова место. Нестрплива сум, едвај чекам, иако сеуште не сум се спакувала. Но, има време, во наредните 24 часа обавезно патот под нозе ќе си го фатам. Во овој одвратен град не сакам ни една минута повеќе да поминам, а не па години. Но, морам да чекам. Тик-ток...
Одамна сакав да одам на одмор со мои пари . Да нешто заштедував од стипендиите ама сепак пак поголемиот дел ми го плаќаа моите . Друго е чувството кога ќе си платиш одморот сам со свои заработени пари, и така еве оваа година имам да си го платам сама одморот , ама немам право на одмор . Живот ...
Би можела да добивам како подарок - пижами, шољи за кафе (големи, така петтонски), чорапи (на тонииии чорапи) и книги до крајот на животот и нема да се заситам. Денешниот 15 пара кјутипајс од чорапи спакувани во РОЗЕВА кутија со огромна панделка. ПукнаФ од среќа!!!!! Ај адор мај френд! Хелоу Ај ем Лилит енд ај ем адиктид ту сокс. Моментално имам...200 пара чорапи и кој знае уште колку по еден чорап кој плаче по неговиот другар во огромна кеса и тоа си ги носам, така различни и ич не ми е гајле...и не лажам. Следни 100 пара, и на клиника за одвикнување. Патолошки е веќе!!! Претходната недела се враќам дома и на кревет наоѓам 3 пара чорапи. Мамо, од каде чорапиве? Па бев до маркет знаев дека ќе се израдуваш и ти ги купив, се превртев на глава од среќа...не си погрешила мајчец. Несвести!!! И доста за чорапите. После толку време животната енергија повторно ми кружи по телото. Лицето ми е розево, значи мускулите ми се олабавени и не се во грч од стрес и тага. И да...гзот а ла бијонсе. Вежбаш и си ручкаш... нормално, тртлесто и големо, да го шлапнеш 5 дена ќе вибрира. Затоа, вода и воздух. Ми се враќаат пак стари луѓе со спомени, ама некако...ништо не допира. Многу чекори сме се оддалечиле. И ми ѕрнка во глава - еј како си, среќна си? Сплендид! Гоу фак јорселф и една гоооолема насмевка полна со среќа и живот. Наутро кога станувам и се протегнувам и кога со дланките рамно го допирам подот и кога гледам дека темните кругови околу очите ми ги снемува се повеќе и повеќе, а и можам да направам мост без тежина и да застанам на раце... не можам да не се чувствувам убаво. Те шљака животов со убаво и неубаво, ама ете стои исправено. Убаво е да знаеш што е твое, а што на твоите, убаво е да знаеш кој си. Многу луѓе поминуваат цел живот трагајќи кои се, а толку е едноставно, не можете ни да замислите. Не е ни философија, не е ни паметноќа, не е ни интелигенција, ништо од тоа. Само да знаете дека боли, ќе се растопите од плачење како мало дете. Последнава година сум посреќна од кога и да е, но исто така и плачев и ме болеа многу работи повеќе од кога да е. И сега сум среќна полурастопена коцка. Лет ит би, лет ит гоу!
Стварно да,влагам во веро Центар во вецето,на даската од шољата гледам Другите испозафатени,морав да излезам да не почнам да ги бришам случајно,хах
Прееска бев на гости кај едно мало многу убаво бебе. Всушност сите бебиња се убави. Срцушки. Чисти, мили, миризливи, да ги изгрицкаш И така на бебенцето му дојде време за јадење. Со напрчено муце, скрстени рачиња, ручка ли ручка. Седам и го гледам, се утепав од смеење. Поубаво чувство - нема! Сеуште не знае да оди, сега учи. Му ги држам рацете, полека го носам, а тоа се плетка во нозете. После тоа игравме со едно мало топче. Со прстињата едвај успеваше да го земе. Значи стварно многу убаво си поминав! Одамна не сум си играла толку
Ни самата не знам како се чувствувам. Знам дека треба да бидам среќна поради тебе, но сепак и тагата не можам да ја потиснам. Кога толку брзо пораснавме, зарем толку брзо помина времето? Не сме веќе оние луди тинејџерки кои секогаш беа заедно и смислуваа што глупост да сторат. Знаев дека овој ден мора да дојде некогаш, но не мислев дека ќе е толку близу. Кога ми соопшти дека ќе се мажиш и дека има мало суштество во твојот стомак, верувај, тоа беше како гром од ведро небо за мене. Се сеќаваш што си велевме секогаш, дека кога ќе се омажиме ќе бидеме соседки , но судбината ги промени нашите планови и сега ќе живееш во друг град. Ме убива носталгијата и сознанието дека веќе ништо нема да е исто. Времето поминато не може да се врати и ни остануваат само спомените од минатото. Спомени од едно прекрасно пријателство.
Кога ќе видете некоја тотално искулирана особа нешто како Џони Деп во свое најдобро издание, помислете дека можеби само има низок притисок. Ме смени начисто притисоков, ама колку си се сакам вака, посекси сум во слоумоушн Не се ни трудам да го качам. I'm cool
Не можам да разберам као овие на рекламиве за улошки се толку искулирани скокаат рипаат ,стој на раце праат...абре јас цел ден се мучам да станам водичка да си напунам стомакот ме утепа а они ќе ми скокаат тука.Па уште обавезно бело ќе облечат.И да неам добиено ќе се исфлекам со нешто.цц...шала на страна...више на ништо не можеш да веруваш
Последно време забележувам подочнаци и по некоја брчка околу очите. Не ми е гајле, знам дека тој тоа не го гледа. Тој го гледа само погледот кој нон стоп е вперен кон него, полн со љубов, топлина и разбирање. Устата ми е испукана, па што? Тој ја забележува само насмевката која несебично му ја упатувам, зборовите кои му ги кажувам - охрабрувачки и внимателно одбрани. Дланките суви, ноктите несредени. Него тоа не му е важно, тој само ја чувствува топлината што ја добива и моите раце му се најсигурното место на светот кога го држам во прегратка. И градите ја изгубиле својата цврстина, ама тие за него претставуваат најмекото перниче секоја ноќ кога ми заспива, како и извор на храна цела година и три месеци. Имам уште за пишување, ама знам дека за него сум совршена. Тој ме прави совршена. Јас за мојот син мора да бидам совршена!
Знам бе па и ти.Само сакав да кажам...денешниве реклами се крш.Барем да се потрудеа малце ..да се виткаат да јадат мрсничко,благичко...све да отераат у пм.Мерак да ми е послем да им купам улошки од фирмата
Е значи неможам да ги разберам луѓето кои си пијат алкохол и се запиваат на сред бел ден или пак без никаков повод.На оваа жешко време да седам надвор и да пијам пиво вино без да се мрднам од место едно добри 4-5 саата ма нема шанси брее Ете така случајно заседнал пиво за пиво,ај уште оваа,ајде овој ќе части,па на другиот му дошло ред една тура од него,па таман да стани газдата ги почастил и на сред бел ден камен пијан си одиш дома и ,што правиш ? Си легнуваш и главата неможеш 2 дена да си ја најдеш кај ти Или пак можеби моите размислувања се такви затоа што така сум се навикнала и сум опкружена со луѓе кои не обожаваат алкохол. Мислам дека имам споменато еднаш овде јас досега татко ми не сум го видела ниту пак пие алкохол,водичка најубаво ... Дечко ми исто така не пие алкохол,абе си пие но се со граница роднини, пријатели ниту еден од блиските луѓе не сум видела да е под големо дејство на алкохол. Веселби,повод за прослава,славење ,ајде океј и еднаш месечно да се напише ако си со некое добро друштво ама преку ден бе И да не се разбереме погрешно не правам муабет за алкохоличар,тоа е веќе друга приказна.
Нели се вели "Памти па вρати"!? Животот е едно тρκало, тρκало κое се вρти. Запомнив и ќе вρатам...еден ден, κога ќе се завρти...
^Леле срам да ми е, со дечко ми вчера пиевме пиво на сред бел ден. Викторија не ме разбира. Аман бе, никој не ве тера со сила да ги разбирате луѓето. Има луѓе ете, љубители на вино и ќе си пие кога сака и баш му е гајле дали го разбираш или не. Он топик сакам да кажам дека цела година не си го поставував прашањето дали конечно "се вклопив", дали ова е "вистинското место за мене", меѓу тие луѓе, во тој сосем нов свет. После луѓето што премногу ми напакостија, што направија да се плашам повторно да засакам, повторно да се спријателам со некој, кога отидов таму не ми беше гајле дали ќе се вклопам во новата околина. Не ми беше гајле дали ќе ја сакаат мојата музика, моето однесување, мојот стил на облекување, мене. Сакав само да учам, да бидам толерирана, ваква каква што сум, плашлива и чудна, никој да не ме гледа попреку. Сакав само да бидам оставена на мира, да не ме чепка никој, да не ме навредува без причина, да нема нови сплетки зад мој грб. Не очекував љубов, не очекував пријателство. Не очекував никој вистински да ме прифати таква каква што сум. А всушност, створив силни врски со многу драги луѓе кои секогаш ќе бидат во моето срце. Поентата ми е дека е вистина - она што навистина го посакуваме доаѓа кога најмалку го очекуваме. Затоа и е толку скапоцено.
^ Еееј стварно сте пиеле ,и ние пиевме вчера пивце можеби сме се погодиле и во исти момент Зборот ми беше друго но ете ти така си разбрала ,па така нека биде
Многу работи сакам да кажам ама не ми излегуават од уста. Не знам кога станав толку затворена во себе, на никој ништо не можам да му кажам. Ете сакав вечерва да им кажам на другарките, ама не можев. Од друга страна пак сакам се кажам на некој врв од планина и со сита сила да се изнавикам да излезе лошото од мене. Осејкам некоја грутка во градите. Наеднаш цел свет ми се сруши. Го сруши тој со кого почнавме да го градиме. Ете до тука било. Многу се повредивме и двајцата, многу лоши зборови си кажавме. И ти ме навреди и јас те навредив. Да можам да го вратам наназад денов ке го вратев и ништо од тоа немаше да кажам. Ама и ти претера ти ми извлече зборовите од уста. И на крај знам дека јас пак ќе те барам, а ти пак ќе си ладен како камен. Бар на момент да беше свесен што изгуби