Леле, воопшто да не им се замараш на ваквите. Јас ниту позајмувам моја облека ниту пак барам од други. Не знам како не им е срам на луѓево така да прават. Едностaвно, мојата облека можеш да ја видиш на мене и во бутик ако останало, крај. Кога ќе видам едно блузиче 10 другарки дека ќе го свртат неперено, лееелеее.. Кажи и искрено и не и се замарај, ако е вистинска другарка ќе разбере и ќе почитува, ако не е и се налути ќе и го видиш вистинското лице. Секој треба да си го носи своето, какво и да е, не како циган да се моли и коли... Возиш кола? Ако не, да видиш па колку се нервозни тие со точаци што се клатат лево десно на коловоз. Притисокот 200.
А зашто е толку лошо да се позејми? Јас еднаш фустан имам позејмено на другарка, бидејќи и се свиѓаше и да не купува таков свечен за еден ден и го позејмив без проблем, ми го врати испран и убаво мирисаше , ок е еднаш човек да ти побара и да позејмиш ако си во состојба
Еден ден пак ќе бидам таму во градот од моите соништа, градот на најубавите спомени од моето детство, чии улици безгрижно ги газеа моите нозе, чии зданија лакомо ги голтаа моите очи, градот во кој беа поминати неколку прекрасни месеци, месеци на трансформација од девојче во девојка. Мислев ќе биде само едно обично лето, ама тоа беше повеќе од обично, тоа беше време на промени, на гледање на нештата и светот од многу поинакви агли и страни дотогаш познати и видени. Ги видов и живеев во оние најнепосетени и најнепознати делови од градот кои ниеден турист не ги дознава, бидејќи не се во ниеден туристички водич. Да бев, живеев во оној дел со најголема разноликост на градби, луѓе, култури, начин на облекување и срцето ми го украде тоа место. Кога ќе го засакаш нештото поради својата несовршеност, поради неговата разноликост, не поради тоа што изгледа совршено нашминкано и дотерано тогаш знаеш дека душата ти припаѓа кон него. И таа припадност никогаш не исчезнува, кон неа тука се спомените, желбите и копнежите кои знаат планини да поместат да го остварат тоа што срцето го посакува. И знам еден ден пак ќе бидеме таму јас и ти, за да ти го покажам оној дел во кој останало заробено дел од срцево
Секоја втора недела, недела како ден. Тогаш кога работат во недела, имаат слободен ден во вторник или среда пример.
Некои луѓе имаат многу среќа шо глумам слепа и глува. Ама кога ќе почнам да зборам, охохо, ќе се покаат за секој збор шо ми го кажале.
Зборуваа еднаш дека ќе ја укинат недела како раб ден. И шо мора да се деси. Тешко на тој што работи и недела. Само тој што работел знае како е.
Во последно време многу ме погодува туѓата несреќа. Туѓите проблеми како да стануваат и мои... и јас како да го носам туѓиот товар врз мене. Не знам како да се ослободам од тоа чувство на преголема емпатија и сензитивност. Морам да внимавам и на себе, свесна сум дека никој друг нема да го прави тоа наместо мене
Сдк и тие најопасните, најпринципиелните, гледаат, и молчат. Јер сепак не се ништо од тоа што се претставуваат кога треба да се соочат, за мир "у куќа" - молк. А да е некој друг, истите тие што тоа го прават, ќе отворат уста. Збор нема да изустам, ама ќе чекам да видам дали тој/таа што треба да каже, ќе додржи до крај и навистина ќе биде авторитетот што треба и да посочи дека не е во ред. Конфликти на интереси на сите страни. Тоа прави да наведнам глава и да одам по линија на помал отпор. Тивок човек, со гласен ум. Театри и претстави, лаги, ишкање муви, префрлање одговорност. И луѓе што вадат трачеви и дезинформации, после кога се трудат да вадат гз - ве презирам. Жал ми е што се толерираат глупости за тој јебени мир, а немир е, во позадина прави да се јаловат убави работи.
Како може, како, до толку да немате емпатија и да не го цените човекот спроти вас? Како може да сте толку бездушни, празни, никакви? Најсериозно се прашувам. До толку да не се цени никој и ништо, никаква професија...никаква човечност немате. Како може да не го цените хирургот кој поминал 15 години во учење, стресови, непроспиени ноќи, операции кои траеле со часови, стрес и напнатост дека ако малку му се стресе раката ќе отиде животот на пациентот пред него. Аптекарката која пола саат ви објаснувала за 10 различни лекови и нивните нус појави, а вие не сте купиле ништо и не сте се ни заблагодариле за одвоеното време. Медицинската сестра која за 3 часа 10 пати поминала да ги провери пациентите, да смени канила, да ги нахрани и напои со вода, да пресоблече и избања неподвижен болен. Таа која 5 пати проверила дали ви ја дала правилната терапија за да нема грижа на совест. Продавачот кој ви ги објаснил сите понуди и карактеристики на 5 мобилни телефони, а не добил ни едно обично - фала. Продавачката во маркет која од сабајле ја истоварила цела роба од камион, шефот и се отепал од викање над глава, па сега ти очекуваш да те мази и пази на каса и да ти пакува, сето тоа за минималец. Шоферот на автобус кој те донел безбедно до саканата дестинација. Шоферот на камион кој ти донел намириници од странство. Земјоделецот кој со месеци работел за сега ти да му викаш како кромидот му е скапан или компирот грд, а црешите многу кисели. Фасадерот кој на секакво време и невреме работел на скеле на огромна висина, нема врска дали пукало сонце или дувало ненормално многу ветер. И уште милион други професии, уште милион други луѓе кои потрошиле години во учење, стресови или тешка физичка и психичка работа... ама не, тие не се битни. Тешка била работата да испробуваш карминчиња и да се сликаш во облека која ти ја дале само за сликање. Не, не сте среќни, ниту пак богати. Вие сте празни. Празни во себе, во душата, во срцето, во мозокот. Ништо немате освен пари. И тоа е многу жално, ова не е љубомора, ова е сожалување. И не заслужувате ама баш ништо.
Како убаво раскажа за момент како да бев на тоа место па дури се соживеав во моментот и го осетив мирисот на кафето. Не знам каде е местово не сум била никогаш но сега се најдов таму виртуелно.
2 години не се замарав нешто ептен со просекот на факс, ама сега семестаров имам желба минимум три 10ки да извадам .
После поминат викенд со пешачење на планина и возење велосипед, редно е да се почестам со чаша црвено вино вечерва
Се прашувам колку треба човек да е психички стабилен за сам да ја преживее пандемијава?!?!?! #јассепредавам
Ако сакаш да ме запознаеш вистинската јас, види ме како се однесувам кога сум со луѓето кои ми се најдраги. Тогаш ја имам слободата да сум она што сум without holding back.