Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Dominik

    Dominik Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2021
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.399
    Пол:
    Машки
    И јас познавам скептици затоа и пишав.
    И повеќе од луд те прават ако правиш нешто што тие не го прават.
    Е да бе ќе возам 100км немам друга работа.
    Ќе трчам 10км.
    Ќе одам по планини.
    Немам друга работа па да си го губам времето|(
    Зошто да не.
    Секој со своето како што кажа.
    Без да го навреди другото.
    Се е добро кога се работи за физичка активност.
    Пробај трчај ќе разбереш;)
    :D
     
    На Anie93 и Ajronmen им се допаѓа ова.
  2. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Внимание‼️Споделувајте ‼️
    Ова што ќе го прочитате одговорно тврдам дека ми се случи мене, а со тоа и на мојата потесна фамилија.
    Прочитајте зошто секој миг може да ви се се случи вам, него, нему, нејзе не дал Бог.

    Вчера околу 3 и 30 ми зазвони фиксен телефон. На телефонот слушнав глас од девојка која не може да зборува. Едвај со напор разбрав: "мама направив сообраќајка" (гласот е совршено одигран зошто на почеток не знаете дали е машко или женско. Чекаат да го вриснете името).
    Потоа некој ја зема слушалката и вели: овде командир на полиција, вашата ќерка направи сообраќајка, тешко повредена но ќе преживее. (Деталите ќе ги прескочам, мене ми се слоши).
    Јас веќе не знаев кај сум.
    На тоа тој вели дека е командир на полициска станица и додава: Има и нешто друго. Прегазила бебе и бебето почина.
    Шок и безумие.
    Пет пати најмалку ми потенцира дека ќе добиеме кривична пријава.

    Две минути пред овој тел. повик јас зборував со ќерка ми.
    И сето ова нормално, веќе се научивме на новото нормално е ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА.

    Се собравме некако и се преселивме во реалноста на новото нормално.
    Одиме во полициска станица и командирот ни вели вакви мајки како вас се тресат пред мене од шок по дваесеттина месечно.
    На десеттици семејства веќе им изнудиле 10.000 евра за нивното чедо како не би лежело во затвор.

    При тоа, загрижен искрено и од срце ме замоли да го напишам овде овој тероризам на умот, срцето и душата кој ни се случи нам вчера и да ве информирам дека во случај некој да ви звони, да бидете смирени и само така смирено да ги навлечете да ви побараат откуп на детето или случајот. Потоа да се јавете во полиција и да ги фатат живи.

    Трендов на телефонски терор трае засилено од 2020та и сега ескалира. Очекуваат летово да бидат обивани и станови, не само изнудувани пари.

    Ниту едни пари на свет не можат да покријат дело прегазено и мртво бебе. Ова е страшно што се случува.

    Ве молам информирајте повозрасни, помлади неважно која возраст родители или со кого и да живеете и бидете присебни за да ги фатат.
    Јас очигледно не знаев за оваа појава и како мајка не успеав да останам присебна.
    Описите се морбидни. Нема да ви ги опишам.

    Полицијата не е во состојба да ги фати. Картичките се купени припејд во странство и после секое јавување ги фрлаат. (Цитирам командир).

    Толку од мене.
    Останете присебни.
    Повиците ќе продолжуваат.
    Споделувајте.





    Го видов ова на фб и мислев дека е паметно и тука да споделам...


    СДК што душа имате бе ???
    Дали сте свесни тој стрес луѓе со слабо срце може живот да ги кошта ?!!
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    17.848
    Пол:
    Машки
    Ова повеќе ми изгледа како една обична глупост од типот напишете амин во коментар од колку шо во реалност на овој начин би профункционирало па дури и до изнуда на пари.
    Сигуно на некој му било ептен досадно и си напишал ваков статус знаејќи дека ќе запали кај масата народ да го споделуваат.
     
    На WildMk и Осе им се допаѓа ова.
  4. Estranged

    Estranged Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    1.794
    Допаѓања:
    25.010
    За жал функционира. Од поодамна имам чуено за неколку случаи кај што поминало и добиле пари.
     
    На cresa-jagoda, kravce, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Дај боже да е така ...
     
  6. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    17.848
    Пол:
    Машки
    Како, на кој начин ги добиле парите?
    Пред да плаќаат не ги контактирале своите најблиски кој учествувале во наводната несреќа, не се јавиле во полиција, во цела таа ситуација овие тргнале да уплатат пари на туѓа сметка, во кеш им ги однеле...?
     
    Последна измена: 16 јуни 2021
    На H.VAGA и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.037
    Пол:
    Женски
    Од кога знам за себе имам проблем со килажата, поточно сакам да си ручкам (повеќе од што треба :D).
    Но овој пат, го достигнав максимумот. Од лани сум здебелена 10 кила, пола алишта не ме собираат, другата половина не ми стои како кога беше купена.

    Долго време не искачав од дома, а имав 3000 прилики. Чекав некој "подобар ден" каде што нема да се разбудам а првата помисла да ми е дека ми е гад од телово.
    Седам дома, се изолирам од сите, не сакам да ме гледаат ваква. Затоа што ако гледаат, можно е и да коментираат, а цел живот мака мачам со такви коментари и искрено, дебелината (не телото) ми е единствен комплекс. За некого може оваа бројка на скалата е идеал, некои луѓе со оваа килажа изгледаат феноменално ама, за мене е болна точка.

    Пред некој ден конечно пресеков и решив дека е време за промена, ама пак ме мачеше фактот што резултати нема да видам за 3 дена и ова тело ќе го имам уште некој период. Тоа во прв момент значеше седење дома до Нова Година.

    Денес се облеков во една маичка која гордо ја носев еден период кога стомакот ми беше рамен даска. Сега не изгледам лошо, ама не изгледам и онака како што сакам. Еве веќе и 2 саати се убедувам да искочам од дома. Ме кочи фактот што некој може да ме види или па и прокоментира.
    Али еве сеа си викам fuck it, ако единственото нешто за кое што можат да ми преречат е тоа што сум здебелена, тогаш слободно нека ми се фатат за спојлерите.

    Одам надвор.
    Better days are coming :sun:.
     
    На cresa-jagoda, bicycle, MissChievous и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Се ужасно ме нервира во последно ми треба очајно промена и раат еден викенд.
     
    На Anne Boleyn и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Зошто бе да носиш фустан прекраток, тесен,со деколте и провокативен? За да привлечиш внимание од машкиот пол? Зошто не почнат машките да се разголват и да изгледат провокативно туку нив се да му е даено на тацна и пак да си играт со чуствата на девојките. Сте размислиле некогаш дека можеби девојката сама дозволува премногу и се потценува пред машките, уствари познавам девојки кои буквално молат за љубов и паѓаат толку ниско што понекогаш се срамам што сум женско. Не може едно провокативно фустанче да купи љубов, тоа може да каже многу за тебе колку си ефтина, очајна и нестабилна .... Некој ќе се заљуби во твојата култура, воспитување, стил на живот, однесување, а не во голите гради и задник... Можеби некогаш премалку даваш,а премногу бараш
    Секој може да се разголи ама не може секој да е културен за жал...
    Знам дека ќе речите нема врска облеката ама девојки 25+ што гледам низ град со нивниот стил ми се лоши и јас да бев машко не би сакала да имам таква девојка...
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Ако чекав да ослабам за да излезам од дома, требаше нигде да немам мрднато 40 години.
    Шетај.
    Ич да не ти е гајле. :inlove:

    Ако ти се лоши, не ги гледај.
     
    На bicycle, _Monroe, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    (y)
     
  12. spacegirl92

    spacegirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2016
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    3.059
    Пол:
    Женски
    oii.png
     
    На cresa-jagoda, MeowMeow, злоба и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.855
    Допаѓања:
    80.927
    Пол:
    Женски
    На онлајн сајт треба под производот да пишува дека го нема на залиха, а не да го порачаш па после да ти се јават за да ти кажат дека го нема. Како да ги прежалам, убави сетови за кафе беа. :|
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, poenta и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.915
    Допаѓања:
    41.608
    Пол:
    Женски
    Тоа што пишуваш дека жени што носат кратко и провокативно се очајни и нестабилни повеќе зборува за твојата култура отколку за нивната душо.Малце предраматично.
     
    На Mala_plava, Annath, Stark и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    9.059
    Пол:
    Машки
    И теретана си го додавам на листава твоја хахах.
    А коа ќе се пријавиш на велосипедска трка или маратон, коментарите се "леееле кај се мачиш 2 саати па уште ти да им плаќаш? Ја не би идел дури и они пари да ми дадат..."
     
    На Dominik му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.021
    Пол:
    Женски
    Ок, јас имам култура ама тоа е твое мислење и не треба да ме викаш душо не те сметам за блиска за така да ми се обраќаш:)
     
  17. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.445
    Пол:
    Женски
    Гледање хорор не е баш добра работа пред спиење.
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, hermosa и 9 други им се допаѓа ова.
  18. AriLangdon

    AriLangdon Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    1.497
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека девојките одат разголени за да привлечат внимание, можи убо му е така да се облеква и готово. И јас можи порано ќе речев нешто вакво, ама со текот на времето и годините сфаќам дека секој треба да си носи шо сака и како сака и сами си знат зошто тоа го прават. Не треба да се суди човек по тоа што облекол. И јас колку пати сум облекла кратки фустани, сукњи, деколтирани маички па ич не ми била целта да привлечам внимание, туку ме бендисало нештото и сум сакала да се облечам така.
     
    На cresa-jagoda, Guns N` Roses, bicycle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    33.102
    Пол:
    Женски
    Посакувам некои мислења никогаш да не ги прочитав.
     
    На GrimTheReaper, cresa-jagoda, Guns N` Roses и 15 други им се допаѓа ова.
  20. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.268
    Допаѓања:
    176.658
    Пол:
    Женски
    И јас после муабетов. Оти во иста група со тебе сум.
     
    На cresa-jagoda, butterfly6223, Guns N` Roses и 7 други им се допаѓа ова.