И јас познавам скептици затоа и пишав. И повеќе од луд те прават ако правиш нешто што тие не го прават. Е да бе ќе возам 100км немам друга работа. Ќе трчам 10км. Ќе одам по планини. Немам друга работа па да си го губам времето Зошто да не. Секој со своето како што кажа. Без да го навреди другото. Се е добро кога се работи за физичка активност. Пробај трчај ќе разбереш
Внимание‼️Споделувајте ‼️ Ова што ќе го прочитате одговорно тврдам дека ми се случи мене, а со тоа и на мојата потесна фамилија. Прочитајте зошто секој миг може да ви се се случи вам, него, нему, нејзе не дал Бог. Вчера околу 3 и 30 ми зазвони фиксен телефон. На телефонот слушнав глас од девојка која не може да зборува. Едвај со напор разбрав: "мама направив сообраќајка" (гласот е совршено одигран зошто на почеток не знаете дали е машко или женско. Чекаат да го вриснете името). Потоа некој ја зема слушалката и вели: овде командир на полиција, вашата ќерка направи сообраќајка, тешко повредена но ќе преживее. (Деталите ќе ги прескочам, мене ми се слоши). Јас веќе не знаев кај сум. На тоа тој вели дека е командир на полициска станица и додава: Има и нешто друго. Прегазила бебе и бебето почина. Шок и безумие. Пет пати најмалку ми потенцира дека ќе добиеме кривична пријава. Две минути пред овој тел. повик јас зборував со ќерка ми. И сето ова нормално, веќе се научивме на новото нормално е ЕДНА ГОЛЕМА ЛАГА. Се собравме некако и се преселивме во реалноста на новото нормално. Одиме во полициска станица и командирот ни вели вакви мајки како вас се тресат пред мене од шок по дваесеттина месечно. На десеттици семејства веќе им изнудиле 10.000 евра за нивното чедо како не би лежело во затвор. При тоа, загрижен искрено и од срце ме замоли да го напишам овде овој тероризам на умот, срцето и душата кој ни се случи нам вчера и да ве информирам дека во случај некој да ви звони, да бидете смирени и само така смирено да ги навлечете да ви побараат откуп на детето или случајот. Потоа да се јавете во полиција и да ги фатат живи. Трендов на телефонски терор трае засилено од 2020та и сега ескалира. Очекуваат летово да бидат обивани и станови, не само изнудувани пари. Ниту едни пари на свет не можат да покријат дело прегазено и мртво бебе. Ова е страшно што се случува. Ве молам информирајте повозрасни, помлади неважно која возраст родители или со кого и да живеете и бидете присебни за да ги фатат. Јас очигледно не знаев за оваа појава и како мајка не успеав да останам присебна. Описите се морбидни. Нема да ви ги опишам. Полицијата не е во состојба да ги фати. Картичките се купени припејд во странство и после секое јавување ги фрлаат. (Цитирам командир). Толку од мене. Останете присебни. Повиците ќе продолжуваат. Споделувајте. Го видов ова на фб и мислев дека е паметно и тука да споделам... СДК што душа имате бе ??? Дали сте свесни тој стрес луѓе со слабо срце може живот да ги кошта ?!!
Ова повеќе ми изгледа како една обична глупост од типот напишете амин во коментар од колку шо во реалност на овој начин би профункционирало па дури и до изнуда на пари. Сигуно на некој му било ептен досадно и си напишал ваков статус знаејќи дека ќе запали кај масата народ да го споделуваат.
Како, на кој начин ги добиле парите? Пред да плаќаат не ги контактирале своите најблиски кој учествувале во наводната несреќа, не се јавиле во полиција, во цела таа ситуација овие тргнале да уплатат пари на туѓа сметка, во кеш им ги однеле...?
Од кога знам за себе имам проблем со килажата, поточно сакам да си ручкам (повеќе од што треба ). Но овој пат, го достигнав максимумот. Од лани сум здебелена 10 кила, пола алишта не ме собираат, другата половина не ми стои како кога беше купена. Долго време не искачав од дома, а имав 3000 прилики. Чекав некој "подобар ден" каде што нема да се разбудам а првата помисла да ми е дека ми е гад од телово. Седам дома, се изолирам од сите, не сакам да ме гледаат ваква. Затоа што ако гледаат, можно е и да коментираат, а цел живот мака мачам со такви коментари и искрено, дебелината (не телото) ми е единствен комплекс. За некого може оваа бројка на скалата е идеал, некои луѓе со оваа килажа изгледаат феноменално ама, за мене е болна точка. Пред некој ден конечно пресеков и решив дека е време за промена, ама пак ме мачеше фактот што резултати нема да видам за 3 дена и ова тело ќе го имам уште некој период. Тоа во прв момент значеше седење дома до Нова Година. Денес се облеков во една маичка која гордо ја носев еден период кога стомакот ми беше рамен даска. Сега не изгледам лошо, ама не изгледам и онака како што сакам. Еве веќе и 2 саати се убедувам да искочам од дома. Ме кочи фактот што некој може да ме види или па и прокоментира. Али еве сеа си викам fuck it, ако единственото нешто за кое што можат да ми преречат е тоа што сум здебелена, тогаш слободно нека ми се фатат за спојлерите. Одам надвор. Better days are coming .
Зошто бе да носиш фустан прекраток, тесен,со деколте и провокативен? За да привлечиш внимание од машкиот пол? Зошто не почнат машките да се разголват и да изгледат провокативно туку нив се да му е даено на тацна и пак да си играт со чуствата на девојките. Сте размислиле некогаш дека можеби девојката сама дозволува премногу и се потценува пред машките, уствари познавам девојки кои буквално молат за љубов и паѓаат толку ниско што понекогаш се срамам што сум женско. Не може едно провокативно фустанче да купи љубов, тоа може да каже многу за тебе колку си ефтина, очајна и нестабилна .... Некој ќе се заљуби во твојата култура, воспитување, стил на живот, однесување, а не во голите гради и задник... Можеби некогаш премалку даваш,а премногу бараш Секој може да се разголи ама не може секој да е културен за жал... Знам дека ќе речите нема врска облеката ама девојки 25+ што гледам низ град со нивниот стил ми се лоши и јас да бев машко не би сакала да имам таква девојка...
Ако чекав да ослабам за да излезам од дома, требаше нигде да немам мрднато 40 години. Шетај. Ич да не ти е гајле. Ако ти се лоши, не ги гледај.
На онлајн сајт треба под производот да пишува дека го нема на залиха, а не да го порачаш па после да ти се јават за да ти кажат дека го нема. Како да ги прежалам, убави сетови за кафе беа.
Тоа што пишуваш дека жени што носат кратко и провокативно се очајни и нестабилни повеќе зборува за твојата култура отколку за нивната душо.Малце предраматично.
И теретана си го додавам на листава твоја хахах. А коа ќе се пријавиш на велосипедска трка или маратон, коментарите се "леееле кај се мачиш 2 саати па уште ти да им плаќаш? Ја не би идел дури и они пари да ми дадат..."
Ок, јас имам култура ама тоа е твое мислење и не треба да ме викаш душо не те сметам за блиска за така да ми се обраќаш
Не мора да значи дека девојките одат разголени за да привлечат внимание, можи убо му е така да се облеква и готово. И јас можи порано ќе речев нешто вакво, ама со текот на времето и годините сфаќам дека секој треба да си носи шо сака и како сака и сами си знат зошто тоа го прават. Не треба да се суди човек по тоа што облекол. И јас колку пати сум облекла кратки фустани, сукњи, деколтирани маички па ич не ми била целта да привлечам внимание, туку ме бендисало нештото и сум сакала да се облечам така.