Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.685
    Пол:
    Женски
    Не сте сите модерни и современи како што се праите, има и изманипулирани меѓу вас. :wasntme:
     
    На LejlaD и flower30 им се допаѓа ова.
  2. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    21.045
    Пол:
    Женски
    Исто, постојано мислам на ова и очајно ми треба ваква особа во животот.
     
    На LejlaD, flower30 и Ivka~ им се допаѓа ова.
  3. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    967
    Пол:
    Женски
    СДК:
    [​IMG]

    Поздравче. :*
     
    На LejlaD, LittlePinky, flower30 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    10.552
    Пол:
    Женски
    До сите што протестирате против мерките да ви кажам една работа пред да излезете надвор пак на протести зошто не можете да се журкате!

    Скоро 2 месеци кашлам веќе и почнаа градиве да ме болат и сакав да одам на клиника да се снимам. Во меѓувреме вујко ми исто така има здравствени проблеми и два дена по ред одеше во болница и туку вчера ми се јавува и ми кажува што сакаш прај, пиј чаеви, апчиња, инхалации што и да е вика само во болница сега немој да ти текнало да одиш. Такви глетки никогаш во живот не видел, вика за тоа време што бил таму едно 5-6 мртви луѓе видел како ги разнесуваат. Вика таму има ерупција, страшно е за гледање.

    Се слушнав сега со една колешка чија сестра лежи на клиника поради операција на слепо црево денеска истото ми го кажа.

    Вика само се слушаат пискотници и плачење од фамилии, вадат нон стоп починати ги разнесуваат, тука вика не се седи не се гледа овој хорор.

    Не знам како излегувањата,шетањата,пиењето кафе и журкањето моментално е побитно од ова! Ако сакате следен пат да одите на протест направите малку екскурзија до тетовската клиника па после протестирајте каде сакате.

    И плус, зошто вака не се дигнавте сите на протести за сите срања што ни се случуваат во државата, или лезетот е најбитен?

    Да бевте барем малце вака борбени за менувањето на името и идентитетот, за двојазичноста, за беззаконието, за мигрантите малце може и на подобро место ќе бевме сега отколку на ова дно. Ама не, за кафе ќе протестирате!
     
    На LejlaD, emiliana, bicycle и 11 други им се допаѓа ова.
  5. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Многу е брз животот, луѓе.
    Многу..
    Кратко сме овде.
     
    На LejlaD, emiliana, LittlePinky и 7 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.131
    Пол:
    Женски
    Сѐ би дала за еден бурек.
     
    На LejlaD, bicycle, ElenaOfRivendell и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.392
    Допаѓања:
    21.045
    Пол:
    Женски
    "Дадено ни е ограничено време да бидеме во нашите тела, зошто да не го прославуваме патешествието наместо одвај да го тераме додека не заврши?".

    Имајте убав остаток од викендот :sun:.
     
    На LejlaD, emiliana, Brinetka и 6 други им се допаѓа ова.
  8. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    967
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На LejlaD, Cherry blossom89, GirlLove и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    3.106
    Пол:
    Женски
    Изгледа ова лето само иште јас не се омажив:rofl::rofl:
     
    На LejlaD, S.W.A.G, Brinetka и 13 други им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.714
    Пол:
    Женски
    Ќути. :rofl:
    Не само летово, годинава.
     
    На LejlaD, hermosa, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    18.843
    Пол:
    Женски
    Ух колку бурен период.
    Се надевам ќе биде посмирено периодов, после толку проблеми ќе најдам решение наскоро се надевам.
    Секое лошо за добро е, што и да е ќе помине :D
     
    На LejlaD и Bezobrazna01 им се допаѓа ова.
  12. Escape83

    Escape83 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2021
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    154
    Ружни снови престаните ружни снови нестаните да ме мучите, да ме мучите
     
  13. tigree..

    tigree.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2018
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Машки
    Bravoo eh samo taka fa razmisluvame site.. se bi bilo poinaku!!
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.304
    Допаѓања:
    44.689
    Пол:
    Женски
    Овие од организации како хербалајф ми се поблиску до секта отколку било што друго.
     
    На Brinetka, cresa-jagoda, Lavender4 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.939
    Допаѓања:
    136.065
    Пол:
    Женски
    И мене не ми се допаѓа кога има протест во вакво време,ама...
    Уставот дава право на протест.
    Зошто до сите?
    Протестот беше поради неуставни и дискриминирачки мерки.Не биле сите на тој протест оти им е до журкање.Тоа што некои тресеа глупости не може и не смее да ја смени поентата на протестот.
    Лезетот не е битен ич.
    Несоодветниот речник и палењето маски не беа во ред,ама не е во ред ни ова твоево сите кои биле присутни да ги ставаш во ист кош.
    Не генерализирај!
     
    Последна измена: 23 август 2021
    На MeowMeow, Brinetka, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    10.552
    Пол:
    Женски
    Зарем ова е најлошото што се случи за еден народ па баш сега да се излезе на протести на ваков жар и наплив на заболени?

    Тетово е празнооо, мислиш ли некој оди во кафич, во мол, било каде?

    Стварно ли ова мораше да се деси за да излезете на протест? Што се не и се случи на оваа држава и на нашиот народ па ништо, ама сега најдовте да се чувствувате дискриминирани? Неуставни и дискриминирачки мерки. Не викам дека не се, можеби се, ама не се ништо во споредба со сите гомна што ни се случуваат години наназад, ама за нив ништо, ќутиме, а пак ќе кажам за лезетот оп протести!
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    1.655
    Во право сте дека не е време за собирање на многу луѓе на едно место како што се протестите. Ама луѓето немаат друг механизам, за да покажат дека се незадоволни од мерките. Каде е тука логиката да се организира попис и да има избори, а онде на луѓе во одредени градови да им бараат сертификат за вакцинација за едно обично пазарење во маркет? Значи кога тие имаат корист за да си ги остварат своите цели да останат на власт може да се оди да се гласа, а народот нека умре од глад затоа што не може да влезе да испазарува основни намирници.
     
  18. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    10.552
    Пол:
    Женски
    За влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД - 19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД - 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
    Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.


    Каков црн маркет? Зарем навистина мислиш дека на протестов излегоа да протестираат за маркет?
    Да не се лажеме.

    И да, зошто не изразуваме незадоволство, не одиме на протест за незаконското печатење на личните карти? Зарем тоа не е неуставно? Ама не не тангира тоа лично де, па не мора. :drunk:
     
    На bicycle и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  19. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    1.655
    Знам како пишува во законот, ама доколку читавте во темата за Коронавирус, има изолирани ситуации каде што им бараат сертификати за вакцинација за влез во маркети во помалите градови. Инаку ова што ми го пративте го имам прочитано. Но за жал еве во реалноста друга е приказната.

    Инаку не протестираат поради тоа. Затоа што народот не е сплотен, затоа не се оди на протести за личните карти. И онака гледате дека и за овие протести не можат да се организираат. Не ме сфаќајте дека бранам некого само сметам дека имаат причини за протест, иако во време кога има зголемени бројки на заразени не е паметно да се протестира без маски.
     
  20. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.379
    Допаѓања:
    10.552
    Пол:
    Женски
    А ако веќ збориме за реалноста, примаат во некои кафичи и молови и настани без сертификат, а за маркети па да не зборам. Тоа ти е реалноста!

    Ау не протестираат против тоа дека народот не е сплотен, ама против ова се организираа и можат да протестираат.
    Абее златен лезет :)
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.