Сите на почеток на врска. Тогаш се во хајп и не мислат на ништо друго, освен на заљубеноста. После спласнува...
Ми се случило.....и тоа јас бев таа што ги запостави другарките... Само еднаш и никогаш повеќе...среќа сеуште беа тука за мене кога се свестив
Ми следи многу тежок период ама знам дека ќе успеам и ќе излезам како победник. Имам поддршка од моите, пријателите, дури и од луѓето кои и самите се во уште полоша состојба од мене. Благодарам на сите што сте на моја страна. Ќе ми треба вашата помош во следниот период. Знам дека ќе биде многу лошо и однапред се извинувам ако повредам или навредам некој. Пуштете ми среќа за новото поглавје во животот.
Нај-како-баба се осеќам кога ќе се качам во автобус во петок/сабота навечер и единствени полнолетни сме јас и возачот.
Зошто луѓево својата среќа ја градат на туѓата несреќа ,зошто ги трошат своите денови за да им наштетат на другите? Сеуште не сфаќате дека наштетувајќи ми мене, ми наштетувате еднаш. Но, себеси си наштетувате за цел живот. Вашите срца се празни, а умовите преоптеретени со лоши и негативни мисли.
Како малечко дете, имав потешкотии со вклопување со другарчињата, затоа што по природа сум абнормално срамежлива личност, но едно нешто кое до ден денес е силен дел од мене е уметноста. Години наназад, зимно време, кога имав накај 10-11 бев возбудена да учевствувам во натпревар на нон-профитна организација за дечиња со посебни потреби, каде победив второ место со поема и три цртежи, а и си добив новогодишно пакетче Тој ден бев преплашена, но натпреварот беше мојата најмала грижа. Се тресев од анксиозност поради фактот дека морам неколку часа да седам во простор каде ќе бидам сама и никој нема да разговара со мене, а може да замислете колку е тоа лошо за мало дете.. После неколку болни часови кои ги поминав седејќи на стол и слушајќи поемски рецетирања, станав да го најдам тоалетот. Одејќи со главата надоле, за да избегнам чудни погледи, движејќи се до влезната врата, јас ја здогледав најубавата насмевка што сум ја видела во живот.. Костенлива дола коса, незаборавна среќна гримаса на нејзиното мило лице, и секако, нежните коси очи.. Здогледав ангел. Ме одпоздрави со нејзината рака, и со нежен глас ми се обрати "Hello!" Првата личност да го забележи моето постоење тој ден, а комфортот што го осетив во моментот засекогаш ќе ми остане врежан во душа. Не знаев дека таа личност ќе ми постане другарка во наредните години, во кои успеав да ја видам само неколку пати пред да си замине назад во Америка. Од голема благодарност ми беше да ја запознаам на подлабоко ниво, дознав дека е посвоено детенце од бели родители, кое до своите 28 години таа успеала да учевствува во многубројни хуманитарни организации интернационално.. Уметничка душа со емпатија на божица. Тогаш бев премногу мала за да сфатам некои работи, но засекогаш ќе се каам зошто не отидов да ја видам пред да си оди, срце ми се кине знаејќи дека тоа ќе биде последен пат.. Изминуваат неколку години, јас привршувам основно, кога сестра ми ми пружа вест дека неа ја нашле во река мртва, и не се знае како умрела, или била убиена.. Останав без зборови. На свои 33 години, таа го напушти овој свет. Свет во кој остави ништо освен скапоцена среќа и безброј насмевки во илјадници животи. Би сакала да го вратам времето назад, и да и дадам до знаење дека е незаборавна личност која е сакана и вреди, но не можам. Ах,сеуште паметам колку беше возбудена да бидеш исти години со Исус.. Сакам целиот свет да е таков, ангелски, затоа што од тебе се научи лекција како треба некој да биде третиран. Азијанке моја, еве една до тебе, светот го напушти, но засекогаш ќе останеш во срцево. Ти благодарам
Ијјјј... Проклето точно... А па некој кога ти кажува дека ти ги прочитал мислењата, и тоа од првите мислења започнал... ти доаѓа ова да го направиш:
Иронијата кај мене е што другарка од детство почна да ме избегнува после години од нејзината врска. Јас и дечко ѝ сме од исто место, таа само со него се гледа кога ќе дојди, мене не ме бара. Година ипол не сме зборувале саглам. А не дека не ѝ имам речено да ме бара ко ќе можи. Ама ете, не можи сосила да ја натерам. П.С. за личност што требаше да ми е најдобра другарка дознав дека била во врска после скоро година, и тоа од други. Ете, толку бев битна.
Ми го направи денот поубав, знам дека сум плачка голема, солзи радосници ми потекоа, ама навистина е од непроценлива вредност ова дело https://www.crnobelo.com/zivot/svad...omazhi-vo-nejzinata-venchanica-od-1961-godina
Ne be, samo tvojata kritika me ubi mene, koga jas zborvam tapan cuka. Mu velam losho prajme shto se mu dozvoluvame na sinko da praj sto saka, neee ako. E Sega lezi po podot na ucilisteto i moja e vinata. Moreeeee nema toj strav od nikoj, da znaj deka nekoj ke mu udri kjotek doma ako se vleci po podot na ucilisteto, nema toa da go pravi. Ako mu recam so ubo nesto, mozam da si zborvam do koga sakam i ic ne me slusa, pocnam da vikam pocnuva da praj.
Да, сигурно од почит до бабата е, не дека фустанот е преубав. И дека на нет ќе се прошири, заборавив. Али поплачи си, не е грешка.
Aеродроми,железнички,автобуски ми имаат timeless vibe.Знам, во денешно време поготово со ситуацијава шо се задеси сите брзаат негде па и нервозни и намќорести.Ама кога и да сум таму иако обично мразам гужви земам минута да ја абсорбирам и осетам енергијата некако посебна на тие места.1000људи 1000чуди секој со своја сторија и работа тргнал некаде.Како онаа сцената во Love actually.Уметноста и убавината на животот на дело.
Срцето ке ми препукне од болка на моменти, и тогаш најчесто сопругот го добива се она што излегува од мене. Му замерам многу работи. И повеќето се поради тоа што е несвесен за работите, не сака да си ја види реалноста.
Aма нели за вкусови не се дискутира па не го спомнав и тоа Инаку и јас се согласувам со тебе, делиме ист вкус конкретно за фустанов, сепак и самиот чин е убав, бабата жива, внуката вака се решила да направи, мене ми значи и ме трогна до солзи, па и да си поплачеш по малку е убаво, арно велиш не е грешка.