Морам да научам да престанам да се измачувам себе со негативни мисли и да не очекувам секогаш дека ќе се случи нешто лошо... Моите сопствени мисли не смеат да ми бидат непријатели. Како што постои веројатност од лош исход, постои веројатност и за добар исход. Или нешто на средина.
Најголема услуга во животот може да ти направи човек кој што ќе те остави кога веќе нема да те сака, можеби во прв момент не изгледа така, ама така е..
Сакам за минута да го имам паметот на луѓе што сметаат дека "ниеден родител не му мисли лошо на детето"; "ниеден професор не би те паднал на испит без причина" ; "никој не би те повредил без причина" и онака да видам како е да веруваш дека сите околу тебе се добродушни и никој не греши, наместо секого од старт да гледам како потенцијален непријател и да очекувам секакво зло од непознати. Некој ќе рече дека особината да гледаш во секого добар човек е доблест. Јас би рекла дека е наивност и по малку глупаво.
"Министерката за труд и социјална политика, Шахпаска во април годинава најави дека е можно мајките да користат породилното отсуство од 12 месеци, наместо како сега 9 месеци, а татковците ќе имаат можност да користат 10 денови отсуство за раѓање на детето." Примената на Законот за работни односи, според кој породилното отсуство ќе трае повеќе од девет месеци треба да започне во 2022 година. Конееечно, конееечно тоа што го апелирав во неколку наврати на форумов ќе се оствари. 10 дена, 10 дена... Не се многу, ама подобро од ништо. Конечно секој татко ќе може да ги помине првите денови со своето новороденче и да е тука за мајката во тие денови на опорувавување. Огромна олеснителна околност и за идните мајки со зголемување на породилното отсуство од 9 на 12 месеци. Колку само има разлика кога бебето нема наполнети ниту 9 месеци, и кога е приближно 1 годинка. Добро е да видиме како законски една оваква неправда се поправа, се надевам дека и во пракса нема да има проблеми, знаејќи ги нашиве газди.
Mi falis budalce. Trebase da odime vo kaficot vo skopje napraven kako toj na prijateli. Oti dvajcata go obozavavme prijateli. Sekogas koga i da vidam post od niv na Facebook, mi falis. Me rasipa, Sega site gi sporedvam so tvoite pozitivni strani. Koga ke prekinam da te baram so mislite?
СДК изминатиов период цело време гледам бројки што се повторуваат пр. 12:12, 19:19 итн. Се среќавам со луѓе што се разведени и што супер функционираат и така. Што сака универзумот да ми каже?
Жена се породила со своето десетто дете (сите од различни партнери (морам потцртано зошто битна информација е )) под мост во Прилеп. Коментарите на фејсбук: Треба да и даваат плата зошто го крева наталитетот во државава хехе Ајде со среќа, може десеттиот партнер ќе ја вдоми. К*рва. Секое летенце ново детенце. Колку пари зела до сега за услугите? Се гадам. Најискрено. Никој не се земал да напише, праша за жената во каква ситуација е. Дали е ментално стабилна личност, дали има кој да се грижи за неа и децата, дали можеби некој ја проституира за пари?? Квази новинарчиња, да прашам што е битно од колку партнери имала деца жената и како тоа нас/вас не засега? Само ме интересира кога новинарството ќе пркне, зошто ова сега се сведува на рекла-казала муабети од пензионерки чија работа по цел ден е да гледаат турски серии и да оговараат. Најлесно е македончето да суди ама видете женава ако е к*рва како што ја нарекувате значи можеби спиела и со ваш маж, син, комшија. Ама како велат, само туѓото г*мно смрди, сопственото не.
Бев прееска да ми земат крв и таа сестрата беше толку нежна, мила, па со убави зборови се обраќа, дури и префина, па ми текна колку многу сакам такви луѓе, имаат толеранција за сите и можат постојано да се со луѓе.Многу сакам да сум таква, зашто моето трпение за било кого трае 0.03 секунди пред да почне да ме нервира за ситници.
Да изгубам документи или лична карта, подобро би било во ѓубре да ги фрли тој што ќе ги најде отколку да објавува по фејзбук групи, сите податоци на мегдан ставени, нит скриено нит ништо, нека ги фрли, нови ќе извадам..
Денес сум толку напната шо ни купвање нови работи шо скроз не ми требат не ми подобрија расположението.
Светот ќе биде поубаво место кога ќе го разберат концептот нарцисоидно растројство. Не е само самозаљубеноста во својот изглед, туку многу повеќе од тоа. Пикираат жртва која им е потенцијална закана ( а и не мора), ќе и се доближат, ќе и станат "најдобар" пријател, ќе ја убедат дека е се за нејзино добро, ќе ја носат во заблуда кога ќе ја сфаќа вистината, ќе ја презентираат некако пред други каде што го изградиле својот ореол, а можеби и ќе ја деградираат, ќе раскажуваат дека им прави нешто што, всушност тие и го прават на неа, ќе ја изолираат од кругот на роднини/пријатели/колеги (зависно од кругот во кој дејствува) за да можат да ја контролираат и систематски ќе и ја уништат самодовербата, личноста, успехот и слично, ќе кажува пред останатите тоа што знае дека е поволно за нејзиниот статус и углед. Секогаш кога ќе сакаш да ја кажеш својата вистина, не, не се обидувај - ти не памтиш, ти не си сфатил можеби добро и биди подготвен да има непријатна ситуација. Ах да, и поголем дел од работите кои ќе ти ги прави се на само за да нема сведоци за да бидеш параноична будала пред останатите кога ќе ја конфронтираш. И ќе те казнува со молк, со игнорирање, со лошо однесување со тебе, а срдечно со останатите, флајќи те во дилеми - што згрешив? А ништо. Некогаш и ќе се извините и правдате за работи не сте ни згрешиле. Ако прашате што не е во ред, ќе добивате одговори дека се е во ред - си правиш филмови. Некогаш и ќе учи од тебе, ќе впива информации, ставови, знаења и ќе ги презентира како свои, а ти ќе го гледаш тоа и нема да можеш ништо да направиш зошто нели - тоа не е вистина, ти си правиш филм, ти не си сфатил, тоа не сд случило. Ах да... и ќе те убедува дека треба да си почестен што ја имаш, што само таа ти мисли добро, дека само со тебе комуницира доверливо, отворено, другарски, а всушност ни приближно не е така. Ќе ти го даде своето внимание за да на крај те казнува со тоа што ќе ти го "земе" ако се обидеш да и мрднеш зборувајќи ја својата вистина. И не, не секогаш зависи од личноста која е жртва, секоја негација на тоа и барање на изговор те прави само овозможивач на нечие уништување. И не, не се однесува со сите така, а токму тоа ја прави тешка за перцепирање. Со останатите може да биде дури и емпатична, топла, срдечна. Едуцирајте се. https://www.northpointrecovery.com/blog/gaslighting-examples-effects-confront-abuse/#text=Narcissistic Personality Disorder (NDP) come,They are arrogant and demanding. https://www.webmd.com/mental-health/narcissistic-personality-disorder
Толку наивни девојки има тука, што некако глупаво се чувствувам да споделам нешто во врска со машко. Ситуацијата може да биде чиста како солза ама секако, прогледуваат низ тоа. Розевите очила многу често ги носите..
Најубавите моменти се оние кога забораваме да фотографираме. Но секоја слика останува врежана во меморијата засекогаш. Најубавите моменти се оние кога забораваме на телефонот и на часовникот. Забораваме дека постои време. Барем на кратко сме сосема безгрижни, како да сме пак деца. За такви моменти ни е потребна само една личност. Среќни луѓе сме оние што сме ја запознале и сме ја препознале... и што ја имаме до нас
Па.. не знам. Јас многу лесно препознавам дали е брутална искреност или изговор за да те навредат. Еве пример: Професор во средно, познат по неговите брутални критики кон музичките и уметничките дела. Поминува покрај масата на тогашната најдобра другарка, и со почит се обрати, давајќи свое мислење со кое јас воопшто не се согласувам, но сепак многу го почитувам затоа што сето тоа беше кажано на конструктивен и јасен начин, со вистински критики кои те поттикнуваат да се подобриш за понатамошни искуства, а таа си го фрли цртежот и почна одново, а разликата во квалитетот се познаваше дека е поголем после критиките на професорот. А што е пасивна агресија и навреда маскиран зад "брутална искреност"? Еве пример. Другарка, за која пишував во темава еднаш. Одиме по пат и одеднаш ми лупна во фаца еден коментар за нешто поврзано со мојот изглед. Од нигде никаде го кажа тоа. Мене фацата ваква , а она фино лепо си се извади со класичното "па само сум искрена". И во текот на ноќта фрлаше вакви коментари, без разлика на која тема да збориме. И си отидов дома, наредните денови ми беа со уништено расположение. И така, има огромна разлика меѓу двете
Ужас е, да не можиш да речиш „ама јас не мислев да те навредам ама тебе те вреѓа вистината“ или „јас сум само брутално искрен/а, на тебе е другото“ најголема gaslighting фраза шо сите ја прогледваме зошто толку gaslit сме шо верваме дека да, така е, ние го заслужваме ова, овај рандос нека ни кажи шо мисли за нас колку и да не е точно, али е точно само за него.