Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    Што сакам да кажам ни јас незнам,300 идеи,300 работи да се завршат,300 да се почнат и на никаде а времето си мине,лета,бебуш мој се превртува во стомак,клоца ли клоца :inlove: ...
    едвај чекам да тргнам,другарка ми да си ја видам,среќна сум што ке поминеме неколку дена заедно пред да си замине за шпанија ...

    Тукуу не ми беше тоа поентата на постов сдк напраив нова маил на мм и праќам молби за работа,демек старата несреќа носела :?: ма каква несреќа какви глупости бре кету,очигледно е дека нема работа,дека и овде има криза,инжињер со 5 годишен факултет и после повеќе од 50 молби пратени никој да не ме исконтактира па или сум толку баксуз или незнам шт е работава.. Еднаш си помислив дека маилот не ми прима пораки па си праќав од еден на друг маил како забегана :geek:
     
    На QweenSM и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  2. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Ја имам совршената метода за слабеење и планирам да се јавам во Топ Шоп :lol:
    Колку од вас сакаат нова фигура? Или мечтаат по изгубеното секси тело? Колку од вас сакаат да изгубат 20,35 или неверојатни 50 килограми без измачувачки диети,без трошење пари и вистинско трошење килограми во фитнес центрите? Епа и ТелефончеДругарче ве сака вас!
    ТелефончеДругарче е револуционерна техника на слабеење која ви нуди да си зборувате на телефон со виртуелно другарче и да си пешачите по дома додека го правите тоа. Нема ни да забележите дека пешачите! :!: Можете да зборувате и со вистински пријатели,меѓутоа разговорот со нив е евтин а доколку активирате бесплатни минути,можеби и бесплатен што значи дека вие нема да имате чувство дека слабеете,а тоа е нели,и најважно. За разговор со ТелефончеДругарче секоја минута плаќате по 50 евра,и тоа ви овозможува да имате чувство дека за толку пари всушност добивате нешто вредно. Во гласот на ТелефончеДругарче има вибрации со помош на кои би можеле да ослабете доколку секој ден правите по 100 стомачни.

    Посебна понуда: Доколку го нарачате ТелефончеДругарче во рок од следните три минути,гратис добивате и Орбитрек справа за вежбање бидејќи никој не ни ги купува веќе,сите сакаат Шот Фор Слим или Чоколади за слабеење :rofl:
    Напомена: Без Орбитрек можете да имате незадоволителни резултати. ТелефончеДругарче функционира само доколку не јадете навечер,не јадете леб и не јадете благо и секоја недела трчате по 40 километри.

    Како и да е,поверодостојно е од Шот Фор Слим :rofl: :rofl:
     
    На luci22, BelieberYeahh, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Just.you

    Just.you Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    23
    Јее кефој сум си кладов нокти :rofl:
     
    На sara3, HoneyBun и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Слободата на младоста. Слободата на можностите... Слободата да бидеш ти, целиот каков што си и да го сакаш секој сантим од своето тело. Ти со сите твои ритуали, прифаќајќи го несовршениот свет и ти несовршен во него. Затоа што сите се кучки, па дури и ти...затоа што таков е животот, и си простуваш се што си згрешил.
    Нема поубаво од моментот кога стануваш свесен за себе и своите можности.
    Шарени бикини и играње со затворени очи, боси на плажа, кадрици на сите страни и втопени со универзумот.
    Подивена ми е косата ова лето. Како лавовска гривна...
    Ме чека бескрајното зеленило на неговите очи.

    Ќе добијам ли одмор годинава?
    Да? Не?
    Со душа го чекам...
    Со душа чекам да станам во 7, да го гушкам додека го гризам до слатка болка, да ми направи кафе, да му намачкам некое си лепче со путер и мед, да пиеме кафе мирно покрај море, да извадиме мапа пред нас и 5 минути да одлучиме каде ќе не носи патот.
    Да го пентарам по височини и да ми вика дека сум ненормална како татко ми и дека само таков човек може да направи луда ќерка. И да, стандардно да ми рече - како него викаш , - дали ме разбираш што ти викам?
    Да му влечкам праски и грозје и да ги соберам сите оси и пчели на плажата, а сум алергична и секако да ми вика заради тоа.
    Додека јас се печам, тој да си склопи 100 пријателства и да ми избега во единственото импровизирано кафичче на плажата.
    Да го фаќа криза за сите гаџети кои ги влечка со себе и да смислува креативни глупости на кои се смеам.
    Да ми симнува книги и да му го зезне 10 пати телефонот ставајќи ми триста глупости и апдејтови, зошто му е посластица, не оти треба...

    И јога на зајдисонце, смирено да го гледам залезот кој се топи во зелените му очи кои поцрнуваат од зеницата која станува огромна колку и цела месечина.

    https://www.youtube.com/watch?v=v2h2PXcoB1c
    (^ не е јога,иако изгледа дека е, да не речам нема веза, песната е убава, залезот е прекрасен)
    Да се извијам и да го гледам право во очи и да се смешка како некоја будала. Ми вика, се виткаш како гума, се плашам дека ќе ме избришеш од својот живот... и ќе го смени мекиот израз во строг и просто ми оди да го изедам од убост... Јас би го *нацртала* уште илјада пати во вид на наши деца... а не пак да го бришам.

    Да ме прашува секое утро - еј, чија си... твоја...само твоја...затоа што те сакам се повеќе и повеќе од првиот ден па до сега... Затоа што си ти...таков, со сите маани и убавини, таков каков што не се плашиш од мене...и како што знаеш да ми ги залечиш сите рани. И ми правиш кафе во тенџере и не приговараш дека пијам многу кафе...Таков што не бара да му бидам ниту мајка, ниту макеја, ниту таков што изгледа како алфа маж, а е некоја смешна зета зад кулисите на театарот кој го прави.
    Ти затоа што ми го уклучуваш штрапецот помеѓу свесното и несвесното, ме тераш да дишам сега, тука... и да не мислам на вчера,ниту утре.

    А назад во реалноста... никогаш не верувајте на урбани дечки, прекрасно бизнис облечени, со прекрасен однос и соработка... се до моментот кога ќе треба да ви платат и го бркате по основ на потпишан договор... и едноставно испаруваат од лицето на земјата. А до тогаш... сте мислеле дека се одлични, фини, културни, професионални, стокмени, чак што више со потенцијал за сериозна симпатија кога не би се нашле во бизнис услови... Толку сум разочарана што ме доведе во таква ситуација да бркам адвокати затоа што едноставно јас не можам да му се појавам на адреса од договор и да му речам, дај ги парите... До душа, јас можам и телевизор да му земам, ама не одело тоа така.

    Петочки...
    Едвај чекам да стигнам дома и да си сечкам лубеница со модли за колачи во вид на срце...и свежо нане.
     
    На Barbie20, sofijanoka, Sky-butterfly и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Ме гребе грло.

    И прво прашање што ќе ми го постави матичната: - Пиеше нешто ладно?

    Не бе, чекав водата и пивото да ми превријат, за да не ме фати грло, ебаго. :D

    Само ќе си пројде, фала. :rofl:
     
    На sweet-star, Barbie20, kate21 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Не пишува дека не може приказна :!: Сепак се извинувам ако сум оф-топик :$
    Би сакала да ви раскажам една приказна. Се вика Љубов и Време
    Еднаш многу одамна на еден остров живееле сите чувства: Среќа, Тага, Разбирање, Љубов... и сите други чувства. Еден ден дошло известување дека островот ќе потони и сите си направиле чамци и бродови освен Љубовта која чекала до последниот момент. Кога речиси потонела одлучила да побара помош.
    Побарала помош прво од Алчноста „Алчност може ли да ме земеш со себе?“ „Не, не можам. На мојот брод има многу сребро и злато. Нема место за тебе“. Љубов одлучила да побара помош од Самодендисаност која поминала со прекрасен чамец „Не можам да ти помогнам Љубов. Целата си мокра, ќе ми го оштетиш чамецот“. Љубов ја забележала Тагата и побарала да се качи на нејзиниот брод, но таа била многу тажна и сакала сама да остане, па викала и по Среќата, но била премногу среќна, па не ја ни слушнала. Тогаш слушнала глас „Дојди Љубов, јас ќе те земам“ тоа бил еден од старешините. Заслепена од среќа и радост, Љубов заборавила и да праша каде одат. Кога стигнале на копно, старешината си тргнал по својот пат. Љубов сватила колкав должник му е на старешината и го прашала Разбирање, друг старешина, кој и' помогнал „Тоа беше Време“ и кажал тој, „Време? Зошто само времето ми помогна?“ прашала Љубов и Разбирањето и одговорило „Затоа што само Времето може да разбере колку е важна Љубовта“.
    Со приказната сакам да им пренесам порака на сите заљубени. Мислам дека ја разбравте пораката :)
    На тие што ја чекаат својата љубов - дајте и' време и ќе дојде, на тие што сакаат да ја заборават својата љубов - дајде и време и ќе ја заборавите, на тие што се разочарани од својата љубов - дајте и' време и ќе се поправи
    :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Barbie20, Srckata28 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. mileystar

    mileystar Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    2.101
    Пол:
    Женски
    I'm walking on sunshine ла ла ла :sun:
    no really,I am :lol:

    Пресреќна сум,конечно другарка ми се врати :party:
    Кога требаше да се видиме после долго време,сета треперев и бев возбудена,како да одам на состанок со некое момче :D :x
    Мило ми е што барем остатокот од летото ќе го поминам со неа,многу ми недостигаше,а и сама се увери во тоа кога силно ја гушнав :inlove:

    Ех,што да речам повеќе,имајте убав ден,сакајте се и бидете среќни ;)
     
  8. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК ако им е топло ич нека не се брукат :D
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Во животот само треба да си храбар. Храброст, и ништо друго не ти треба.
     
    На Barbie20, Lella, DoReMi и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Кои ви се овие слики од свадби бре!
    Демек на залез, двајцата чело до чело и мижат... госпожава онака нежно си мижи, у занес е, чунки жена природна романтика има во себе, ама мажов... ЖМУРИ БРЕЕЕЕЕ!!! Жмури ко магарица в зора! Му читаш низ главата си вика, што правам побогу, уште ли да мижам? А вака кога ќе го погледам, ми се чини дека и на трошоците за свадбата мисли, смучено му е некако.

    Јебала вас роматика. :D
    Колку е клише позава значи, НЕ МОЖАМ!!!

    P.S. Колега у кафиќ, поминува тазе свисната цуца, сакам да кажам ослабена (сериозно изгледаше свиснато, овенато,издишано, безживотно ) и коментар - колку сакаш ти срце мисли си дека си слаба, тешка коска имаш, по рачните зглобови ти познавам, ќе се здебелиш еден ден пак. :D Не можам брееее...какви будали имам околу себе,ама ова е чист факт... Природно склоните кон дебелеење имаат покрупни зглобови и по раце и по нозе,а бога ми и колена... и не изгледа ич убаво, ама мајка природа...това е.
     
    На mims-89, N.Kety, SparkyAngel и 5 други им се допаѓа ова.
  11. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Кога веќе планирате да глумите паметни и да напишете статус преку кој ќе исхејтате одредена личност или група на луѓе, барем бидете писмени и не правете основни грешки во правописот |(
     
    На sofijanoka, Lella, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    105
    На форумов почна никој да не ме рецка никој не одговара нешто во последно време :( :(
     
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.875
    Допаѓања:
    23.832
    Пол:
    Женски
    Со цела душа и срце,ја чекам есента.
    Едвај чекам да дојде да ги позлати дрвјата.Едвај чекам да дојде есенскиот дожд,кој ке ми прави мелодии на прозорецот додека легам покриена,задлабочена во некоја убава книга или додека гледам некој добар филм.Едвај чекам мајка ми да ме одведе да купам чизми,кои секојдневно ке треба да ги чистам од кал.
    Едвај чекам со отворен чадор да одам и да се враќам од училиште.Едвај чекам да го пијам омилениот топол пијалок додека надвор паѓа дожд.Едвај чекам да го видам пејзажот во кој се е мокро,а од некаде пробива некој сончев зрак.Едвај чекам да ја мириснам,почувствувам есента.

    Есента не е депресивна сезона,само треба да се пронајде убавото во неа. :l:
     
    На Barbie20, Snow-Star, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  14. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.503
    Пол:
    Женски
    Значи незнам не се случило некад да јадам - а да не се накапам (поготово нешто ново кога ќе облечам), мислам дека и леблебија да јадам ќе се накапам! хаха :lol:
     
    На N.Kety и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  15. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Еленаа, на иста мака, и со грло и со матична ебаго :D
    Пијачка што оди со секакво мезе, нормално во зависност од расположението и друштвото .
    Со позитивност на ниво. Ете го лекот за двете :D На здравје.По една доволно е :)
    Ќе помине :hug: :hai:

    [​IMG]
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. thebabylover

    thebabylover Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2014
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    Љубов не е ТЕ САКАМ.
    Љубов и не е слушање на телефон секој час.

    Во ред,се согласувам,но барем закачи ми насмевка на лицето,гушни ме кога ке ми е потребна прегратка,кажи дека ти значам кога се чувствувам лошо и направи нешто за да се чувствувам сакано.
    .
    .
    .
    .
    Не барам многу.
     
    На Barbie20, Ichliebedich и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    69.257
    Во последно време смешните филмови не ми се смешни, шегите на луѓето околу мене ми се чинат плитки... до мене е.
    Ме фрустрира околината, ме гуши. Едваj чекам да се спакуваме и никогаш повеќе да не се вратиме тука!

    Сакав уште нешто да пишам и autocorrect-ов ми дава предлози, а меѓу првите Свекрва. :tmi: Како бе знаеше дека баш она ми фали да ме орасположи? |(
     
    На Lella и Summerlover им се допаѓа ова.
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Узурна жена |(

    Додека бев заглавена во сообраќајна колона сабајле, ништо не мрда, ми светна идеја да трошам време на шопинг. Се развртев, па бизнис парк пред мене, освен кујни, спални, бањи и плочки нема нешто возбудливо, ама од таблицата неизмиена на кола пред мене е поарно. Шавам така, се ѕверам во бои и мозаици, си правам филмови кои во купатилото како би стоеле, ништо не им фали на белите што ги имам, ама си сонувам денски, чат пат вртам поглед кон патот да видам се расчисти ли гужвата...добро утро! Никна едно моме пред мене. И викам онака разгледувам можеби нови плочки за купатило. За малку не ме фати за рака ама некако ме одведе до оној компјутерон за планирање. Од рака така и кажувам распоред она црта, отприлика толку метра, на толку, ваму умивалник онаму када. Оние игрите со менување фризури знаете. Така почна да ми менува плочки. Не, не, не.....мммм интересно ама не, можеби ако беше посветла бојата, не, не , уууу дефинитивно не. Се вртам накај патот, уште гужва. Поглед на екранот, оп стој! Судбина е :?:

    Ме фати мал срцев удар кога ми пресмета цена. Пусто срце ми остана во нив. Отидов на маж ми да му ја спремам омилената вечера :wasntme:
     
    На lunicka, QweenSM, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Со парфем од '94 цел ден шетам на раката. СДК парфемите се временски машини, мирисот е најблиското нешто поврзано со нашата меморија, a тоа е нешто најневеројатно :)
     
    На Sexybaby86, kala21, Dream-Girl и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Се` би било полесно кога некои личности би имале храброст отворено да ги признаат своите чувства, а истовремено, од друга страна сите би изговарале зборови како „те сакам“ и „ти ветувам“ само кога навистина го мислат тоа. :)
     
    На Barbie20, sweet-cherry, Sky-butterfly и 11 други им се допаѓа ова.