Што сакам да кажам ни јас незнам,300 идеи,300 работи да се завршат,300 да се почнат и на никаде а времето си мине,лета,бебуш мој се превртува во стомак,клоца ли клоца ... едвај чекам да тргнам,другарка ми да си ја видам,среќна сум што ке поминеме неколку дена заедно пред да си замине за шпанија ... Тукуу не ми беше тоа поентата на постов сдк напраив нова маил на мм и праќам молби за работа,демек старата несреќа носела ма каква несреќа какви глупости бре кету,очигледно е дека нема работа,дека и овде има криза,инжињер со 5 годишен факултет и после повеќе од 50 молби пратени никој да не ме исконтактира па или сум толку баксуз или незнам шт е работава.. Еднаш си помислив дека маилот не ми прима пораки па си праќав од еден на друг маил како забегана :geek:
Ја имам совршената метода за слабеење и планирам да се јавам во Топ Шоп Колку од вас сакаат нова фигура? Или мечтаат по изгубеното секси тело? Колку од вас сакаат да изгубат 20,35 или неверојатни 50 килограми без измачувачки диети,без трошење пари и вистинско трошење килограми во фитнес центрите? Епа и ТелефончеДругарче ве сака вас! ТелефончеДругарче е револуционерна техника на слабеење која ви нуди да си зборувате на телефон со виртуелно другарче и да си пешачите по дома додека го правите тоа. Нема ни да забележите дека пешачите! Можете да зборувате и со вистински пријатели,меѓутоа разговорот со нив е евтин а доколку активирате бесплатни минути,можеби и бесплатен што значи дека вие нема да имате чувство дека слабеете,а тоа е нели,и најважно. За разговор со ТелефончеДругарче секоја минута плаќате по 50 евра,и тоа ви овозможува да имате чувство дека за толку пари всушност добивате нешто вредно. Во гласот на ТелефончеДругарче има вибрации со помош на кои би можеле да ослабете доколку секој ден правите по 100 стомачни. Посебна понуда: Доколку го нарачате ТелефончеДругарче во рок од следните три минути,гратис добивате и Орбитрек справа за вежбање бидејќи никој не ни ги купува веќе,сите сакаат Шот Фор Слим или Чоколади за слабеење Напомена: Без Орбитрек можете да имате незадоволителни резултати. ТелефончеДругарче функционира само доколку не јадете навечер,не јадете леб и не јадете благо и секоја недела трчате по 40 километри. Како и да е,поверодостојно е од Шот Фор Слим
Слободата на младоста. Слободата на можностите... Слободата да бидеш ти, целиот каков што си и да го сакаш секој сантим од своето тело. Ти со сите твои ритуали, прифаќајќи го несовршениот свет и ти несовршен во него. Затоа што сите се кучки, па дури и ти...затоа што таков е животот, и си простуваш се што си згрешил. Нема поубаво од моментот кога стануваш свесен за себе и своите можности. Шарени бикини и играње со затворени очи, боси на плажа, кадрици на сите страни и втопени со универзумот. Подивена ми е косата ова лето. Како лавовска гривна... Ме чека бескрајното зеленило на неговите очи. Ќе добијам ли одмор годинава? Да? Не? Со душа го чекам... Со душа чекам да станам во 7, да го гушкам додека го гризам до слатка болка, да ми направи кафе, да му намачкам некое си лепче со путер и мед, да пиеме кафе мирно покрај море, да извадиме мапа пред нас и 5 минути да одлучиме каде ќе не носи патот. Да го пентарам по височини и да ми вика дека сум ненормална како татко ми и дека само таков човек може да направи луда ќерка. И да, стандардно да ми рече - како него викаш , - дали ме разбираш што ти викам? Да му влечкам праски и грозје и да ги соберам сите оси и пчели на плажата, а сум алергична и секако да ми вика заради тоа. Додека јас се печам, тој да си склопи 100 пријателства и да ми избега во единственото импровизирано кафичче на плажата. Да го фаќа криза за сите гаџети кои ги влечка со себе и да смислува креативни глупости на кои се смеам. Да ми симнува книги и да му го зезне 10 пати телефонот ставајќи ми триста глупости и апдејтови, зошто му е посластица, не оти треба... И јога на зајдисонце, смирено да го гледам залезот кој се топи во зелените му очи кои поцрнуваат од зеницата која станува огромна колку и цела месечина. https://www.youtube.com/watch?v=v2h2PXcoB1c (^ не е јога,иако изгледа дека е, да не речам нема веза, песната е убава, залезот е прекрасен) Да се извијам и да го гледам право во очи и да се смешка како некоја будала. Ми вика, се виткаш како гума, се плашам дека ќе ме избришеш од својот живот... и ќе го смени мекиот израз во строг и просто ми оди да го изедам од убост... Јас би го *нацртала* уште илјада пати во вид на наши деца... а не пак да го бришам. Да ме прашува секое утро - еј, чија си... твоја...само твоја...затоа што те сакам се повеќе и повеќе од првиот ден па до сега... Затоа што си ти...таков, со сите маани и убавини, таков каков што не се плашиш од мене...и како што знаеш да ми ги залечиш сите рани. И ми правиш кафе во тенџере и не приговараш дека пијам многу кафе...Таков што не бара да му бидам ниту мајка, ниту макеја, ниту таков што изгледа како алфа маж, а е некоја смешна зета зад кулисите на театарот кој го прави. Ти затоа што ми го уклучуваш штрапецот помеѓу свесното и несвесното, ме тераш да дишам сега, тука... и да не мислам на вчера,ниту утре. А назад во реалноста... никогаш не верувајте на урбани дечки, прекрасно бизнис облечени, со прекрасен однос и соработка... се до моментот кога ќе треба да ви платат и го бркате по основ на потпишан договор... и едноставно испаруваат од лицето на земјата. А до тогаш... сте мислеле дека се одлични, фини, културни, професионални, стокмени, чак што више со потенцијал за сериозна симпатија кога не би се нашле во бизнис услови... Толку сум разочарана што ме доведе во таква ситуација да бркам адвокати затоа што едноставно јас не можам да му се појавам на адреса од договор и да му речам, дај ги парите... До душа, јас можам и телевизор да му земам, ама не одело тоа така. Петочки... Едвај чекам да стигнам дома и да си сечкам лубеница со модли за колачи во вид на срце...и свежо нане.
Ме гребе грло. И прво прашање што ќе ми го постави матичната: - Пиеше нешто ладно? Не бе, чекав водата и пивото да ми превријат, за да не ме фати грло, ебаго. Само ќе си пројде, фала.
Spoiler Не пишува дека не може приказна Сепак се извинувам ако сум оф-топик Би сакала да ви раскажам една приказна. Се вика Љубов и Време Еднаш многу одамна на еден остров живееле сите чувства: Среќа, Тага, Разбирање, Љубов... и сите други чувства. Еден ден дошло известување дека островот ќе потони и сите си направиле чамци и бродови освен Љубовта која чекала до последниот момент. Кога речиси потонела одлучила да побара помош. Побарала помош прво од Алчноста „Алчност може ли да ме земеш со себе?“ „Не, не можам. На мојот брод има многу сребро и злато. Нема место за тебе“. Љубов одлучила да побара помош од Самодендисаност која поминала со прекрасен чамец „Не можам да ти помогнам Љубов. Целата си мокра, ќе ми го оштетиш чамецот“. Љубов ја забележала Тагата и побарала да се качи на нејзиниот брод, но таа била многу тажна и сакала сама да остане, па викала и по Среќата, но била премногу среќна, па не ја ни слушнала. Тогаш слушнала глас „Дојди Љубов, јас ќе те земам“ тоа бил еден од старешините. Заслепена од среќа и радост, Љубов заборавила и да праша каде одат. Кога стигнале на копно, старешината си тргнал по својот пат. Љубов сватила колкав должник му е на старешината и го прашала Разбирање, друг старешина, кој и' помогнал „Тоа беше Време“ и кажал тој, „Време? Зошто само времето ми помогна?“ прашала Љубов и Разбирањето и одговорило „Затоа што само Времето може да разбере колку е важна Љубовта“. Со приказната сакам да им пренесам порака на сите заљубени. Мислам дека ја разбравте пораката На тие што ја чекаат својата љубов - дајте и' време и ќе дојде, на тие што сакаат да ја заборават својата љубов - дајде и време и ќе ја заборавите, на тие што се разочарани од својата љубов - дајте и' време и ќе се поправи
I'm walking on sunshine ла ла ла Spoiler no really,I am Пресреќна сум,конечно другарка ми се врати Кога требаше да се видиме после долго време,сета треперев и бев возбудена,како да одам на состанок со некое момче Мило ми е што барем остатокот од летото ќе го поминам со неа,многу ми недостигаше,а и сама се увери во тоа кога силно ја гушнав Ех,што да речам повеќе,имајте убав ден,сакајте се и бидете среќни
Кои ви се овие слики од свадби бре! Демек на залез, двајцата чело до чело и мижат... госпожава онака нежно си мижи, у занес е, чунки жена природна романтика има во себе, ама мажов... ЖМУРИ БРЕЕЕЕЕ!!! Жмури ко магарица в зора! Му читаш низ главата си вика, што правам побогу, уште ли да мижам? А вака кога ќе го погледам, ми се чини дека и на трошоците за свадбата мисли, смучено му е некако. Јебала вас роматика. Колку е клише позава значи, НЕ МОЖАМ!!! P.S. Колега у кафиќ, поминува тазе свисната цуца, сакам да кажам ослабена (сериозно изгледаше свиснато, овенато,издишано, безживотно ) и коментар - колку сакаш ти срце мисли си дека си слаба, тешка коска имаш, по рачните зглобови ти познавам, ќе се здебелиш еден ден пак. Не можам брееее...какви будали имам околу себе,ама ова е чист факт... Природно склоните кон дебелеење имаат покрупни зглобови и по раце и по нозе,а бога ми и колена... и не изгледа ич убаво, ама мајка природа...това е.
Кога веќе планирате да глумите паметни и да напишете статус преку кој ќе исхејтате одредена личност или група на луѓе, барем бидете писмени и не правете основни грешки во правописот
Со цела душа и срце,ја чекам есента. Едвај чекам да дојде да ги позлати дрвјата.Едвај чекам да дојде есенскиот дожд,кој ке ми прави мелодии на прозорецот додека легам покриена,задлабочена во некоја убава книга или додека гледам некој добар филм.Едвај чекам мајка ми да ме одведе да купам чизми,кои секојдневно ке треба да ги чистам од кал. Едвај чекам со отворен чадор да одам и да се враќам од училиште.Едвај чекам да го пијам омилениот топол пијалок додека надвор паѓа дожд.Едвај чекам да го видам пејзажот во кој се е мокро,а од некаде пробива некој сончев зрак.Едвај чекам да ја мириснам,почувствувам есента. Есента не е депресивна сезона,само треба да се пронајде убавото во неа.
Значи незнам не се случило некад да јадам - а да не се накапам (поготово нешто ново кога ќе облечам), мислам дека и леблебија да јадам ќе се накапам! хаха
Еленаа, на иста мака, и со грло и со матична ебаго Пијачка што оди со секакво мезе, нормално во зависност од расположението и друштвото . Со позитивност на ниво. Ете го лекот за двете На здравје.По една доволно е Ќе помине Spoiler
Љубов не е ТЕ САКАМ. Љубов и не е слушање на телефон секој час. Во ред,се согласувам,но барем закачи ми насмевка на лицето,гушни ме кога ке ми е потребна прегратка,кажи дека ти значам кога се чувствувам лошо и направи нешто за да се чувствувам сакано. . . . . Не барам многу.
Во последно време смешните филмови не ми се смешни, шегите на луѓето околу мене ми се чинат плитки... до мене е. Ме фрустрира околината, ме гуши. Едваj чекам да се спакуваме и никогаш повеќе да не се вратиме тука! Сакав уште нешто да пишам и autocorrect-ов ми дава предлози, а меѓу првите Свекрва. Како бе знаеше дека баш она ми фали да ме орасположи?
Узурна жена Додека бев заглавена во сообраќајна колона сабајле, ништо не мрда, ми светна идеја да трошам време на шопинг. Се развртев, па бизнис парк пред мене, освен кујни, спални, бањи и плочки нема нешто возбудливо, ама од таблицата неизмиена на кола пред мене е поарно. Шавам така, се ѕверам во бои и мозаици, си правам филмови кои во купатилото како би стоеле, ништо не им фали на белите што ги имам, ама си сонувам денски, чат пат вртам поглед кон патот да видам се расчисти ли гужвата...добро утро! Никна едно моме пред мене. И викам онака разгледувам можеби нови плочки за купатило. За малку не ме фати за рака ама некако ме одведе до оној компјутерон за планирање. Од рака така и кажувам распоред она црта, отприлика толку метра, на толку, ваму умивалник онаму када. Оние игрите со менување фризури знаете. Така почна да ми менува плочки. Не, не, не.....мммм интересно ама не, можеби ако беше посветла бојата, не, не , уууу дефинитивно не. Се вртам накај патот, уште гужва. Поглед на екранот, оп стој! Судбина е Ме фати мал срцев удар кога ми пресмета цена. Пусто срце ми остана во нив. Отидов на маж ми да му ја спремам омилената вечера
Со парфем од '94 цел ден шетам на раката. СДК парфемите се временски машини, мирисот е најблиското нешто поврзано со нашата меморија, a тоа е нешто најневеројатно
Се` би било полесно кога некои личности би имале храброст отворено да ги признаат своите чувства, а истовремено, од друга страна сите би изговарале зборови како „те сакам“ и „ти ветувам“ само кога навистина го мислат тоа.