После 10 минути пишување мислење, вметнување слики и 300 глупости, несакајќи направив релоад. Госпо здравје да му даде на тој што направил да се зачувува во драфт напишаното, oти ќе полудев.
Денес за прв пат осетив како е да си граѓанин од втор ред во своја држава, се чувствувам толку мизерно и дискриминирано, како ѓубре да сум..
Сакам да кажам, но неможам да пронајдам соодветни зборови ...да, ќе оставам секој да си доживее на своја кожа, сопственото искуство и оној филинг, не се опишуваат ни 50% со употреба на зборови ...
Сеа коа идев на работа на пешачки поминуваат мајка и девојка со посебни потреби, имаше проблеми со одот, едната нога ја кривеше и едвај некако се движеше. Си поминуваат регулар на пешачки. Се доближува кола и им свири еден дебил со сета сила, ај што сите не вознемири, го вознемири и девојчето, а се гледаше дека не е добро. Ај што нема предност он тука, ај што е грд и глуп ко кур, туку што не перцепира дека тоа што го прави не е добро. Една работа иам да кажам. Пичка ви матер на сите вакви, да цркнете, грам емпатија неам за вас, да ви се изнапцујам се што имате свето, мрш, ѓубриња. И вие и сите оние идиоти што ве бранат кога ќе го удрите човек со тоа количињата ваши бугарски и ќе го усмртите и ќе ве жалаат оти не сте сакале. Мрш, да цркнете.
Ќе ме засака ли некогаш некој вистински? Не верувам веќе во љубов. Какво време дојде, љубов нема, се е лажно.
Колку е одвратен овој лажен инстаграмски живот. Сите најшетани, најпаметни, најисфилтрирани, најзаљубени, се нај они биле. Признавам дека социјалните мрежи ми правеа депресија. Додека јас немав пари да излегувам секој втор ден, а на инстаграм гледав слики од цели софри паѓав во депресија. Додека јас седев дома без пријатели и сингл, гледав луѓе како излегуваат цело време со пријателите, дечковците им прават секакви изненадувања, им купуваат се и сешто, заедно патуваат. Додека јас не сум излегла со години од државава, тие и во сред пандемија отидоа уз дуж и попреку, цела Европа и пошироко ја видоа. Додека јас не сум си купила ништо ново, тие постојано сликаа како се на шопинг. Во живо сите се жалат дека немаат пари, дека се несреќни, дека е тежок животот. Но, сликата на социјалните мрежи е поинаква. Деактивирав се и веќе не сакам да ја гледам таа лажна среќа и лажен живот на сите. Одвратно. А, да и преку глава од тие досадни инфлуенсерки. На кого му се потребни нивните совети?
Тоа што некој одлучил да сподели одредени убави моменти на инстаграм не значи ниту дека е фејк, ниту дека лаже, ниту дека нема реални проблеми.
Јас сигурно нема да ги објавам апчињата што ги пијам. Али не сум и таква да глумам дека се ми е сјајно. Си кажувам понекогаш. Ама не сите може да прифатат некој постојано да им се жали.
Ова со social media is not real отиде до таму да ти вадат све низ нос што постираш. Имав објавено едно селфи и другарка што ми е поблиска и ме знае нормално и во живо онака ми кажа низ муабет еј баш ти е чисто и убаво лицето. И сега она ме знае ама некој таму ќе рече - а оваа филтри користи, фејк е, не може вака чисто лице да има.
Те сфаќам многу, сум имала таков период, ама не можи другите да се криви за нашиот живот. Фокусирај се како да ја смениш твојата состојба, а не како им е на другите. Сум се трескала и јас од земја кога сите ќе одат на продолжен викенд со дечкото, а мојот мораше да работи километри далеку од мене. Ама ништо не добив, само нервози. Ме маваше депресија и секој викенд кога дремев дома оти немав ни пари сопствени ни друштво за така. Ама сега повеќе го ценам кафето на балкон со другарка за цел живот. За време на пандемија дуж и попреку ја видов цела Европа и кладов по некое сликче. И сите ваков коментар имаа, се изнашета блазесити. А ниедна слика не кладов за да речат блазесити, кладов оти ми беше ќеф, оти мислев цел живот ќе седам во четири ѕида. Плус никогаш не знаеш како му е на тој од другата страна. Не сакам мотивациони говори ни па побара мислење, ама не ги сфаќајте толку сериозно социјалните мрежи.
Не ми се верува дека игралиштето во основното училиште Киро Глигоров нема повеќе да им е достапно на децата. Директорката се одлучила да им го издаде на Форца, со образложение дека тоа игралиште било на ОПШТИНАТА, а не на децата.
Дај бе нека не рокне нешто, нек ни ебе матер, не заслужуваме да постоиме, значи нема дно што го немаме пробушено.
Им се соопштува на сите кога ќе видат девојче да купува кондоми у маркет или аптека дека нема нив да ги ебе и затоа нема што да зјапаат у девојчето зачудени и намрштени. Фала многу, пријатно
Мојот бивши фаќа се грди и погрди девојки.Сега си ја ставил на стори девојка му и јас ја лајкнав. Баш би сакала да можам да му го видам изразот Некогаш стварно ме фаќаат немормалните…